Македонија
АМСМ: Состојба на патиштата денес 23.01 – 07:00ч

Македонија
Поради изведување на градежни активности влезот за град Охрид ќе се пренасочува преку регионален пат

АМСМ известува, поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208.
Работите започнуваа од вчера (09.6.2023 г), а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Според непотврдени информации кои кружат во јавноста, пренасочувањето ќе трае повеќе од 40 дена.
Македонија
Приведен криумчар на мигранти кај Неготино

Денеска (02.06.2023) во 12.30 часот кај клучка Демир Капија од страна на патролна служба од Полициската станица за граничен надзор Михајлово на даден знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски таблички, возилото не сопрело туку продолжило да се движи во правец на Неготино.
По преземени активности во 12.50 часот кај клучка Неготино, од страна на друга патролна служба на Полициска станица Михајлово возилото е сопрено и во него се пронајдени 2 лица мигранти од Сирија.
А.Н. од Скопје, кој го управувал возилото, е лишен од слобода, за случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар, известуваат од МВР.
Македонија
Дно! Во Охрид со „поло“ удриле велосипедист и избегале

На 01.06.2023 во 07.45 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид, патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки удрило во малолетен велосипедист од Охрид, по што двајцата учесници го напуштиле местото.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кои му биле констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известуваат од МВР
-
Временска прогноза1 ден
Попоски најавува нови поплави дури по страшни од делчевските, ова се информациите..
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (10 јуни)
-
Македонија11 часа
Поради изведување на градежни активности влезот за град Охрид ќе се пренасочува преку регионален пат
-
Временска прогноза5 часа
Следната недела средоземен циклон носи нови обилни врнежи од дожд
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за недела (11 јуни)
-
Автомобили2 дена
Сопствениците на автомобилот Рено, го тужат Рено за прекумерна потрошувачка на моторно масло
-
Мобилни уреди2 дена
Новиот iOS 17 дополнително им го отежнува допишувањето на корисниците на Android
-
Магазин2 дена
Од сега па натаму размена на фотографии со висок квалитет на WhatsApp