Музика
(ВИДЕО) Хитот на Тоше Проески „Боже“ доби руска верзија?!

Деновиве во етер слушаме како руски продуценти направиле аранжман на мега хитот Боже од нашата прерано почината ѕвезда почитуваниот Тоше Проески.
Па оттука прашуваме дали јавноста знае за препејувањето кое официјално на јутјуб е објавено кон крајот на Февруари месец?
Како што може да забележиме дел од социјалните мрежи остро критикуваат за оваа преработка.
Останува да видиме…
Преработката погледнете ја во продолжение:
[sg_popup id=”25241″ event=”onLoad”][/sg_popup]
Музика
(ВИДЕО) Лозано денес премиерно го пушти во етер неговиот најнов сингл „Жолто црвено“. Нумера и видео запис кој допираат до секој Македонец

Денес премиерно нашиот кичевчанец Влатко Лозаноски го објави својот најнов сингл насловен како „Жолто црвено“. Одлична мелодија, уште подобра интерпретација, вистинска симболика на љубов, убавина и радост. Сочинета со единствени стихови кои ќе допрат до секој Македонец.
„Оваа туѓина на мир не ме остава,
во душа само празнина ми отвара,
а таму кај што чука срцево
се вее знаме жолто црвено“
дел од моќните стихови на песната.
Текстот го напиша единствената Магдалена Цветковска – Ена, додека целиот аранжман е на незаменливиот Лазар Цветковски-LCV, додека маестралниот видео запис е дело на „Сустеин Продукција“ под палката на еден од најдобрите македонски режисери Даниел Јовески.
Ова прекрасно дело погледнете го и слушнете го во продолжение:
Музика
Во сабота во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево прв концерт на Христијан Трајаноски под мотото „Чување на традицијата и негување на културното наследство“

Во сабота на 8-ми јуни со почеток од 12:00 часот во големата сала на НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, ќе се реализира официјален концерт под мотото „Чување на традицијата и негување на културното наследство“ во покровителство на Христијан Трајаноски.
Гости и соработници на концертот кои ќе бидат дел се:
- КУД Бисер
- ВИС Амајлија
- Лука Лазарески (пиано)
- Филип Михајлоски (канон)
- Мирослав Мирчески
- Методија Столески
- Дарко Стојаноски
- Михајло Данилоски
- Драган Вељаноски
- Кичевскиот оркестар за народна музика
Порта.мк како медиумски покровител ве кани да дојдете, да присуствувате и заеднички да уживаме во убавата македонска музика, проследена со најубавото македонско оро и песна!
Музика
За сите љубители на класична музика, утре бидете дел од концертот на млади пијанисти во Кичево, по повод Меѓународниот ден на детето

Почитувани, ја имаме таа чест да ве информираме, воедно и во името на организаторите на овој прекрасен настан, да Ве поканиме сите вас кои сте љубители на класичната музика на концерт на млади пијанисти. Нека вашето драгоцено време биде одредено овој пат за звуците на пијаното, прославувајќи го Меѓународниот ден на детето.
Утре, сабота – 1-јуни со почеток од 17:00 часот во НЦУК „Кочо Рацин“ заедно со проф. м-р Кристина Костадиноска
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт2 дена
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Временска прогноза12 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Македонија18 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија20 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Временска прогноза2 дена
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците