Спорт
Буфон објави дека го напушта Јувентус

Џанлуиџи Буфон, легендата на светскиот фудбал, објави дека по 17 години ќе го напушти Јувентус. Својата одлука, Буфон, ја соопшти на прес конференција во друштво на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.
Буфон рекол дека саботниот натпревар против Верона ќе му биде последен во дресот на Јувентус, но не и во неговата кариера.
„В сабота ќе го одиграм последниот натпревар за Јувентус и на тој начин ќе ја завршам оваа сјајна авантура, со две титули и со целосна поддршка од раководството“, рекол легендарниот голман.
Буфон, 17 години го носи дресот на Јувентус, тој во Торино пристигна од Парма. Со „старата дама“, освоил девет шампионски титули во Серија А, една во Серија Б, четири во Купот на Италија и пет во Суперкупот. Бил светски шампион со италијанската репрезентација, но никогаш не успеал да ја освои Лигата на шампионите.
Џиџи го бранел голот на Јувентус на 655 натпревари, а исто така е клупски рекордер според бројот на минутите минати на теренот. Буфон го бранел голот на „старата дама“ 41.956 минути.
„Многу ми е драго што дојдоа толку луѓе да ме видат. Секогаш сум се обидувал да бидам чесен и искрен, секогаш сум се борел против дволичноста. Многу сум емотивен, но денес тука дојдов среќен и целосно исполнет. Секогаш сум се обидувал да го давам најдоброто од себе“, рекол 40-годишниот голман.
Тој потврдил дека заминувањето од Јувентус нема да значи и крај на неговата кариера, што ги поттикна шпекулациите дека Буфон би можел да се пресели во Англија.
„Пред две недели моето пензионирање беше очигледно се додека пред неколку дена не добив интересни понуди, на теренот и надвор од него. Најважно е дека тие што беа надвор од теренот беа од страна на претседателот Ањели. Откако ќе го одиграм последниот меч в сабота ќе ми бидат потребни два-три дена добро да размислам, но сигурен сум дека моето срце ќе ја донесе конечната одлука“, изјавил Буфон.
Спорт
Билети за мечот Македонија – Лихтенштајн пуштени во продажба

Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Македонија – Лихтенштајн (22. март, Вадуц) од квалификациите за СП 2026 се пуштени во продажба преку платформата на Фудбалската федерација на Лихтенштајн:
Поддржувачите на македонската репрезентација можат да купуваат билети во секторот од стадионот наменет за гостински навивачи (вкупно 1232 места) по цена од 15 швајцарски франци.
Билетите од прва категорија (вкупно 200 за македонски поддржувачи) чинат 35 швајцарски франци, истакна Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
(ВИДЕО) Лука Модриќ вечерва покажа дека годините се само бројка, постигна гол од над 25 метри, вистинска „бомба“ пред очите на Газанига

Кралскиот клуб оствари убедлива победа против Џирона на домашен терен со 2:0, додека со таа победа се израмни на врвот со Барселона. Македонскиот „ас“ Бојан Миовски влезе за Мигел Гутиерез во финишот на мечот, каде одигра 15 минути.
Најмногу акцент фудбалскиот свет фрли на мега спектакуларниот гол од над 25 метри на хрватскиот интернационалец Лука Модриќ пред завршеток на првото полувреме, и со тоа упати според нас една јасна порака дека „Годините се само бројка“, така што – Браво мајсторе!
Голот погледнете го продолжение:
🚨🇪🇸 GOAL | Real Madrid 2-0 Girona | Vinicius Jr
VINICIUS JR DOUBLES THE LEAD FOR REAL MADRID !!!!!!!!!!!pic.twitter.com/nuI20x624C
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) February 23, 2025
Спорт
(ФОТО) „ФК Кичево“ денес ги продолжи подготовките за пролетната сезона со пријателски натпревари во Битола и Кичево на домашен терен

Спортски викенд, спортска недела. Во рамки на денешниот ден нашиот тим „ФК Кичево“ генерација 2014/2015 и генерација 2011 одиграа два пријателски меча. Помладата генерација гостуваше во Битола каде одигра супер натпревар против одличните момчиња од „ФК Талент 2010“, кои ни приредија соодветен пречек благодарение на г-дин Златко Цветаноски од битолската екипа, додека генерација 2011 речиси во истата временска рамка одиграа пријателски меч на домашен терен против екипата на „Јанг Тим“ од Струга.
Од она што може да се забележи, не чека возбудлива пролет со нашите момци!
Во прилог ви презентираме фотографии преку нашиот објектив од Битола:
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за понеделник (24 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Временска прогноза2 дена
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Спорт22 часа
(ФОТО) „ФК Кичево“ денес ги продолжи подготовките за пролетната сезона со пријателски натпревари во Битола и Кичево на домашен терен
-
Здравје и убавина15 часа
Овој напиток го нормализира шеќерот во крвта, еве за што станува збор
-
Здравје и убавина20 часа
Со овие намирници ќе ја подобрите меморијата на мозокот со здрав начин на исхрана
-
Спорт17 часа
(ВИДЕО) Лука Модриќ вечерва покажа дека годините се само бројка, постигна гол од над 25 метри, вистинска „бомба“ пред очите на Газанига
-
Здравје и убавина1 ден
Ова се 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје