Спорт
Цела NBA во шок поради играчот на Мајами кој одби да клекне за време на интонирањето на химната

Кошаркарот на Мајами, Мејерс Леонард, додека неговите соиграчи клекнаа тој одби да клекне за време на интонирањето на американската химна на мечот против Бостон, само стоеше мирно и ја слушаше химната на неговата земја.
Неговиот гест изненади и разбесни многумина, бидејќи тие веруваат дека кошаркарот на Хита одби да пружи поддршка во борбата против расизмот. Сепак, по натпреварот, Леонард го објасни својот потег.
„Јас стојам! Јас се залагам за мажи и жени, како и за мојот брат кој и служеше на оваа земја. Јас стојам против насилството и немирите во Вашингтон. Стојам во име на солидарност со моите соиграчи и браќа. Јас се спротивставувам на фанатизмот, расизмот и омразата. Се залагам за надеж деканашата земја еден ден ќе престане да ги користи разликите за да не раздели и да види дека нашите срца можат да не обединат. Јас стојам со љубов во моето срце за сите“, напиша тој на Твитер..
I STAND.
.
I STAND FOR the men and women, like my brother who have served this country.
.
I STAND AGAINST the violence and riots in DC.
.
I STAND in solidarity with my teammates and brothers.
.
I STAND AGAINST bigotry, racism, and hate. pic.twitter.com/cw6CNNbjB9— Meyers Leonard (@MeyersLeonard) January 7, 2021
Спорт
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.
Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.
ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.
„За вакви нелуѓе нема место во фудбалот“
Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.
ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.
Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство, велат од ФФМ.
Спорт
Воска поуспешна во Гостивар, Струга ТЛ и Силекс ремизираа, комплетирано 25-то коло од првата македонска фудбалска лига

Комплетирано 25-тото коло на првата македонска фудбалска лига. Резултатите се следни:
Пелистер – Вардар 1:3 стрелци: Керим 10, Закириќ 20 (пенал), Мато 75 и 82 минута – овој меч беше одигран на 29-ти март
Гостивар – Воска 0:2 стрелци: Виноградац 30, Осеи 83 минута.
Шкендија – АП Брера 2:1 стрелци: Ибраими 9 и 61, Ндсегуе 54 (пенал)
Силекс – Тиквеш 1:1 стрелци: Додев 35, Мишов 31 минута
Работнички – Беса 1:0 стрелци: Рушевиќ 55 (пенал)
Струга ТЛ – Шкупи 0:0
Спорт
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар

Фудбалската федерација на Македонија се заложи за транспарентност и отчетност во своето работење како еден примарен постулат, со цел градење доверба и унапредување на фудбалската игра.
Неколку пати до сега посочивме дека Фудбалската Федерација на Македонија, преку Одборот на судии и стручните тела секој натпревар го следи со најголемо внимание и професионален пристап.
Судиите кои ги судат натпреварите се избираат и делегираат врз основа на нивната физичка подготвеност, знаење и досегашни перформанси, а нивната работа е предмет на детална анализа од страна на контролорите на судењето.
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис ТУКА
-
Хороскоп20 часа
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт1 ден
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Временска прогноза1 ден
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Македонија3 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија6 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Скопје1 ден
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Македонија1 ден
Убави вести од Министерството за здравство, шест пациенти од трагичниот пожар во Кочани се враќаат дома