Следете не

Занимливости

Дневен Хороскоп (5.7 Четврток)

Објавено пред

на

Овен (21.03-20.04)

Ќе наидувате на пофалби кои изразуваат подршка и воодушевување. Прифатете ги со отворено срце и не заборавајте искрено да се заблагодарите на секој знак на внимание кој денеска ќе го добиете. Ако повеќе размислете ќе сватите колку многу има луѓе на кои искрено сте им важни. Бидете среќни поради тоа-вие го заслужувате тоа. Здравје: многу добро.

Бик (21.04 – 21.05)

Време е да се позанимавате со обврските кои поради некои причини сте ги запоставиле. Регулирајте се што можете денеска ова е доста поволен ден. Во се што ќе започнете ќе имате голема поддршка од околината, што исклучително многу ќе ви значи. Во љубовта ќе почуствувате извесна стагнација, односите со партнерот не ви се средени и ќе се обидете да направите нешто околу ова прашање. Ќе имате успех.

Близнаци (21.05 – 22.06)

Ве очекува мирна работна атмосфера. Односите со соработниците значително се поправаат. Очекувајте разговор со вашиот претпоставен кој ќе оди во ваш прилог. Финансиската ситуација е просечна, но секако дека треба повеќе да се ангажирате околу парите. Во љубовта ве очекуваат одредени потешкотии во односот со партнерот. Здравствената состојба ви е чуствителна можни се проблеми со циркулацијата.

Рак (22.06 – 22.07)

Денеска ќе бидете доста силни на зборови, но и на дело. Тоа што ќе го замислите ќе успеете и да го остварите. За квалитетен љубовен живот пресудни ќе бидат моментите поминати во нежност. Романтиката со партнерот уште повеќе ќе ве зближи. Домашните обврски ќе бидат на ваш грб. Плаќањето на сметките, грижата за децата и домашните задачи ќе ви бидат како тежина на главата. Сметајте на помош од родителите.

Лав (23.07 – 22.08)

Целосно и мирно ќе пристапите кон решавање и реализација на плановите врзани за општествените науки. Ве очекува успешна работа доколку се занимавате со некоја уметност, особено ако е во прашање книжевност. Очекувајте и поголема заработувачка доколку ја завршите работата најдобро. Бидете внимателни во односот со партнерот, бидејќи лесно можете да ја прекинете врската. Здравствената состојба е добра.

Девица (23.08 – 22.09)

Денот ќе го поминете со некоја личност која ви е доста драга. Нејзиното присуство ќе биде причина за вашето добро расположение, а и работите кои треба да ги завршите во текот на денот ќе ги завршите доста успешно. Бидете внимателни, кај вашиот партнер може да се јави мала доза на љубомора, доколку вашиот пријател е од спротивниот пол. Здравје: многу добро.

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе се бидете зафатени со купување и нарачување. Постои можност од некој екстравагантен трошок од ваша страна. Некоја личност од женски пол ќе игра важна улога во врска со вашата финансиска положба. Интелектуалната активност ќе ви биде зголемена, но под силно влијание на чуствата. Не ја трошете попусто енергијата на долги разговори со банални теми. Здраствената состојба ви е повеќе од добра.

Скорпија (23.10-21.11)

Некои работи денеска ќе ви тргнат наопаку. Не треба тоа толку многу да ве загрижува и наместо да губите време во чекање и паничење веднаш започнете со работите. Ќе бидете принудени да одлучите за некоја работа за која сеуште не сте сигурни. Внимавајте. Денска можеби нема да почуствувате голема љубов тоа може да бидат само бурни страсти. Некој погрешно протумачен гест кај вас ќе предизвика љубомора.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ви се отварааат хоризонти ништо не е невозможно. Ако сте поврзани со странство, студии, уметност, мода со работа со луѓе, ќе ви се отвори вратата за се што ќе работите. Сите креативни работи ќе се движат по нагорна линија. Некои од вас ќе обноват една пријатна друштвена врска и познанство. Емотивниот живот ви минува низ значајни промени и вероватно ќе си го најдете вистинското место.

Јарец (22.12 – 20.01)

Под услов ако сте прифатиле нечија сугестија ќе успеете успешно да го решите проблемот. Пред вас е работа која бара издржливост и познавање на материјата. Ќе сакате тоа што побрзо да го решите, но тоа не зависи само од вас. Нервозната никаде не ве води. Ќе ја имате подршката од пријателите или понуда за да отпатувате некаде. Прифатете се што можете. Некоја сака да ве освои.

Водолија (21.01 – 19.02)

Работата е стабилна, но можни се и некои помали грешки , кога е бракот во парашање може да има проблеми, бидејќи не сте во најдобри односи со супругот-та. Водолиите кои не се во брак или врска ќе имаат можност да запознаат некоја многу интересна и привлечна личност. Можеби и ќе влезете во многу квалитетна врска. Ви посакуваме успех. Здравје; силидно.

Риби (20.02 – 20.03)

Работата ќе ви претставува терет, но и покрај тоа сепак ќе морате да работите. Сето тоа доведува до конфликти со колегите. Финансиската ситуација не е најдобра, но со обзир на тоа што друштвениот живот сте го запоставиле и тоа што го имате ќе ви биде сосема доволно. Кога е љубовта во прашање за жал со вашето однесување ќе го расипите веќе разнишаниот однос со партнерот.

Занимливости

(ВИДЕО) На саемот „Motopassion“ реномираниот Kawasaki претстави два нови модели „Z500“ и „Ninja 500“ мотоцикли

Објавено пред

на

printscreen/official video

На саемот Motopassion, Kawasaki претстави два интригантни нови модели – Z500 и Ninja 500, кои привлекоа големо внимание кај посетителите. Она што ги издвојува овие модели е нивната способност да возат со категоријата А2, обезбедувајќи фантастично искуство и за почетниците и за искусни возачи.

Опремени со целосно нов паралелен двоен мотор за 2024 година, двата модели ги исполнуваат најстрогите стандарди за емисија на издувни гасови Euro5+, следејќи ги најновите трендови во индустријата.

Срцето на новиот Z500 е паралелна двојна единица со волумен од 451 кубен метар, која обезбедува моќност од 33,4 kW (околу 45 КС) при 9.000 вртежи во минута. Со шест-брзински менувач и спојка со влечки, Z500 обезбедува предвидливо, но динамично управување што ќе ги воодушеви возачите од сите нивоа на вештини.

Според неговите спецификации, Z500 би требало лесно да се наметне во својот сегмент.

Димензии:
– Должина: 1.995 mm
– Ширина: 800 mm
– Висина: 1.055 mm
– Меѓуоскино растојание: 1.375 mm
– Висина на седиштето: 785 mm
– Тежина: 172 кг
Цена: 6.468 евра

Ninja 500 го има истиот мотор како Z500 и дели многу други компоненти со него. Со идентична единица од 451 кубика, која обезбедува моќност од околу 45 КС при 9.000 вртежи во минута, Ninja 500 ги испорачува истите перформанси со својот препознатлив спортски дизајн.

Опремен со челична рамка од решетката и тркала од 17 инчи, овој модел ветува извонредно возачко искуство, и на отворени патишта и на градски улици.

Димензии:
– Должина: 1.995 mm
– Ширина: 730 mm
– Висина: 1.120 mm
– Меѓуоскино растојание: 1.375 mm
– Висина на седиштето: 785 mm
– Тежина: 171 кг
Цена: 7.105 евра

Со овие модели, Kawasaki уште еднаш ја потврди својата посветеност на обезбедување врвни перформанси и иновативен дизајн, внесувајќи нова димензија во светот на мотоциклизмот.

Извор: moto-berza.com

Прочитај повеќе...

Занимливости

Откриен целосен фосил „змеј“ стар 240 милиони години

Објавено пред

на

printscreen/official video

Меѓународен тим на научници во јужна Кина го откри првиот целосен фосил на воден рептил долг пет метри од периодот на Тријас кој припаѓа на видот Dinocephalosaurus orientalis. Фосилот е стар 240 милиони години и е наречен „змеј“ бидејќи има исклучително долг врат, објави Би-Би-Си.

Фосилот му припаѓа на видот Dinocephalosaurus orientalis, кој првично беше идентификуван во 2003 година. Ник Фрејзер од Националниот музеј на Шкотска, кој беше дел од меѓународниот тим што го проучуваше фосилот, рече дека ова е првпат научниците да успеат да видат фосил од неговиот вид во целост.

Фрејзер истакна дека тоа е многу чудно животно кое има екстремитети слични на перки и дека неговиот врат е подолг од остатокот од телото и опашката заедно.

Фрејзер претпостави дека „долгиот, свитлив и флексибилен врат“ му дава на животното поголеми ловечки способности, овозможувајќи му да бара храна во подводните пукнатини. Фосилот е откриен во антички наоѓалишта на варовник во јужна Кина.

Научен труд кој го опишува новооткриениот фосил е објавен во академското списание Earth and Environmental Science.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Некогаш најсовремениот сателит, вечерва се спушта на земјата

Објавено пред

на

Илустрација

Револуционерниот европски сателит за далечинско набљудување ERS-2, лансиран во 1995 година, треба да падне на Земјата оваа вечер. Европската вселенска агенција (ESA) тврди дека поголемиот дел од овој сателит ќе изгори на патот кон Земјата.

Сепак, можно е некои делови да ја издржат топлината што ќе се создаде при спуштањето со голема брзина, иако шансите овие фрагменти да паднат на населени места и да предизвикаат штета се мали.

Делови од сателитот би можеле да паднат речиси каде било во светот, најверојатно ќе паднат во морето, јавува Би-би-си. ЕСА лансираше два речиси идентични сателити за далечинско набљудување на Земјата во 1990-тите. Тие беа најсофистицираните планетарни набљудувачи во своето време, со пакет инструменти за следење на промените на копно, во океаните и во воздухот.

ERS-2, првиот што се врати на Земјата, првично беше поставен на 780 километри над планетата, а инженерите ги искористија неговите резерви на гориво во 2011 година за да го спуштат на височина од 570 километри.

Извор: euronews.rs

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп15 часа

Хороскоп за петок (26 април)

ОВЕН  Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе...

Магазин23 часа

Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери

Qualcomm ги промовира двата чипсети како врвни решенија за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека тие ги имаат најбрзите NPU за лаптопи...

Кичево1 ден

Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди

Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на...

Автомобили1 ден

Електрични возила и губење на вредноста

Размислувате за купување на електрично возило, но не сте сигурни за неговата препродажна вредност? Новото истражување открива дека додека постарите...

Автомобили1 ден

Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?

Првично, трошоците за одржување беа ниски и слични за повеќето брендови. Consumer Reports подетално ги разгледа трошоците за одржување на...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (25 април)

ОВЕН Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога...

Временска прогноза2 дена

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите...

Кичево2 дена

Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда

На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со...

Свет2 дена

Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“

Кина ја докажа поентата на законот за забрана на TikTok преку Конгресот. Претставници на кинеската амбасада неодамна лобираа против нацрт-законот...

Спорт2 дена

Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја посакува 25-тата. Грен слем титула во кариерата и тоа не го крие. Српскиот...

НАЈЧИТАНИ