Балкан
Епилог од тешката сообраќајка на Дарко Лазиќ: Скршена вилица, ребра, и понатака е во критична состојба

Како што јавува спрскиот портал Курир лекарите и понатаму се борат да го спасат пејачот Дарко Лазиќ кој вчера утро имаше тешка сообраќајна несреќа и се наоѓа во животна опасност.
Тој додека се враќал од настап со возило BMW кое го зел од својот другар изгубил контрола и излетал во нива, каде се превртил на кров.
Епилог од овој несреќен случај кој го стресе нашиот северен сосед се повеќе скршеници на едната нога која е во многу лоша состојба поради сериозноста на повредите, скршена вилица, скршени повеќе ребра во градниот кош.
Како што веќе најавија докторите поради можноста за внатрешно крварење на мозокот Дарко е под надзор и на интензивна нега – така што рано утрово ќе се знае што конкретно ќе биде.
За новости околу неговото здравје на време ќе ве известуваме, очекуваме дека лекарите ќе го спасат и ќе дадат се од себе.
Балкан
Уште три пациенти повредени во пожарот од Кочани пренесени на „Клиничкиот центар“ во Ниш на пластична и реконструктивна хирургија

Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани биле донесени вчера однесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Двајца мажи и една жена се префрлени од УКЦС во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
– „Вкупно шест повредени во овој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш.
Сите оперативни мерки и напори на медицинскиот персонал се насочени кон опоравување на повредените, се вели во изворот.
Им посакуваме побрзо закрепнување!
Балкан
(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги посети повредените Македонци кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија. Разговараше со нив, и им даваше мотив и сила дека се ќе биде во ред.
– „Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, рече претседателот додавајќи дека состојбата на девојчето е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.
Балкан
(ВИДЕО) Исчезнати цели семејства по катастрофалните поплави во БиХ, се трага од утро до мрак

Босна и Херцеговина неделава ја погодија големи поплави во кои загинаа најмалку 18 лица, а неколку десетици се водат како исчезнати, а причинета е и голема материјална штета. Исто така продолжува и потрагата по исчезнатите. Според официјалните податоци, 16 лица загинале во поплави и одрони. Најтешко е во Јабланица. Исчезнаа цели семејства.
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, утринава во пет часот ги испрати спасувачките екипи на МУП во Босна и Херцеговина, кои беа испратени по наредба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Шефот на делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека, истакна дека БиХ го активирала механизмот за цивилна заштита на ЕУ и дека тимови за одговор пристигнуваат во таа земја, понудена е и помош во форма на инженерски машини, багери, камиони и спасувачки хеликоптери“, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Работата на спасувачката екипа ја отежнува и дождот, а тие работат од утро до мрак.
Извор: rts.rs / insajder video
-
Македонија12 часа
Во Кичево во текот на вчерашниот ден најмногу изречени казни за возачи кои возеле побрзо
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (14 април)
-
Lifestyle1 ден
Што се случува во вашето тело кога не пиете доволно вода?
-
Временска прогноза15 часа
Според најновото метео ажурирање следува доста нестабилно време, ова се информациите
-
Магазин1 ден
Дали користите Apple Maps? Ова е добра вест за вас.
-
Магазин1 ден
Nintendo Switch 2 доаѓа со поддршка за игрите GameCube
-
Магазин1 ден
Instagram воведе нови ограничувања
-
Магазин1 ден
Дали ја отстранувате футролата од телефонот кога го полните? Ако не – време е да почнете!