Македонија
Денес 14 новозаболени од Ковид-19 во Македонија

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 20 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-9, Прилеп-2, Велес-7 и Битола-1.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април.
Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6.
Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1586, бројката на оздравени пациенти е 1099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397. Последната дистрибуција по градови е:
Скопје – 531, активни 130, Куманово – 404, активни 61, Дебар – 51, активни 0, Штип-35, активни 2, Прилеп –169, активни 62, Тетово – 96, активни 42, Струга – 67, активни 16, Велес – 101, активни 46, Битола –22, активни 3, Охрид –15, активни 9, Кавадарци – 5, активни 1, Гостивар –17, активни 3 ,Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 5, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 1, Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 1, Пехчево- 2, активни 2, Делчево-1, активни 1, Валандово -1, активни 1, Виница – 2, активни 1, Кратово-1, активни 1
Направените 242 теста се преку: ИЈЗ –107, Ветеринарен ф-тет -11, Авицена –3, Биотек -38, Филип Втори (Жан Митрев) –42, Систина со PCR метода -22 и МАНУ -19. Досега во земјата се направени вкупно 18410 тестирања на ковид -19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација 4 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 20. На респираторна машина се 2 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекува 1 пациент, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 5, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово сe хоспитализирани 46 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19, вели Филипче.
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза10 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија13 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди10 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили2 дена
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин2 дена
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети