Култура
Денес е Преподобен Сисој Велики: Заштитник на децата!

Ако на овој празник врне, треба да ги пуштите децата надвор добро да искиснат. Во некои краишта е сочувано верувањето дека тоа е водата која Свети Сисој им ја испраќа од небото и дека така најдобро и најздраво ќе пораснат.
Родум Мисирец и ученик на свети Антониј. После смртта на својот голем учител свети Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви.
Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и беше како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнуваа барајќи поука. Пред смртта лицето му заблеска како сонце. Монасите стоеја околу него и ѝ се восхитуваа на оваа појава. А кога светителот ја испушти душата, одајата се исполни со прекрасно благоухание.
Се упокои во длабока старост, во 429 година. Ги учеше свети Сисој монасите: „Какво искушение и да го снајде човекот, тој треба да ѝ се предаде на волјата Божја и да признае дека искушението се случило заради неговите гревови. Ако пак се случи нешто добро, треба да се каже дека станало по Божја Промисла“. Еден монах го праша авва Сисој: „Како да Му угодам на Бога и да се спасам?“ Му одговори светителот: „Ако сакаш да Му угодиш на Бога, излези од светот, оддалечи се од земјата, остави ја тварта, пристапи кон Создателот, соедини се со Него со молитва и со плач и ќе најдеш спокојство и во овој и во оној век“. Друг монах го запраша авва Сисој: „Како да го достигнам смирението?“ Му одговори Светителот: „Кога некој ќе се извежба да го признава секој човек за подобар од себеси, ќе го стекне со тоа смирението“. Амон му се жалел на Сисој дека не може да ги запомни мудрите изреки што ги прочитал и да ги повтори кога разговара со луѓето. Му одговорил светителот: „Тоа не е нужно. Потребно е да се стекне чистота на умот и да се зборува од таа чистота, полагајќи ја надежта во Бога“.
Најголемиот број обичаи врзани за Свети Сисој кои се почитуваат се врзани за децата. Многу мајки постат седум дена пред овој празник за да се причестат, а се верува дека така децата ќе бидат здрави и дека во животот ќе ги следи среќа.
Ако на овој празник врне, треба да ги пуштите децата надвор добро да искиснат. Во некои краишта е сочувано верувањето дека тоа е водата која Свети Сисој им ја испраќа од небото и дека така најдобро и најздраво ќе пораснат.
Постарите велат дека Свети Сисој е најголемиот прогонувач на сите ѓаволи кои ги напаѓаат децата, па се верува дека денеска децата може да останат надвор и навечер, бидејќи демоните ќе избегаат и ќе се сокријат.
Наоѓање на моштите на светата дева Јулијана
Ќерка на Олшанскиот кнез. Умре околу 1540 година, како девица на шеснаесет години. Двесте години по нејзината смрт копачи на нов гроб крај големата црква во Киевската лавра наидоа на моштите на оваа света девица, а тие беа сосема цели и нетлени, како штотуку да заспала. Од моштите се јавија многубројни чуда, но и самата Јулијанија повеќепати им се јави на некои. Едно такво видение имаше и прочуениот Петар Могила.
Маченици Марин, Марта, Авдифакс, Авакум, Кирин, Валентин, Астерија презвитер, Исавриј, Инокентиј, Феликс, Ермиј, Василиј, Перегрин и Руфин вo Рим
Сите пострадаа во времето на царот Клавдиј Флавиј во Рим, 269 година. Марин и Марта беа богати луѓе од Персија, па го продадоа сиот свој имот во Персија и заедно со своите синови дојдоа во Рим да им се поклонат на моштите на светите апостоли и на сите маченици. Кога царот ги праша зошто дошле од толку далеку оставајќи ги своите домашни богови за да бараат во Рим мртви луѓе, тие му одговорија: „Ние сме слуги Христови и дојдовме да им се поклониме на светите Апостоли, чии бесмртни души живеат со Бога, сакаме да бидат молитвеници за нас пред Христос, нашиот Бог.“ Кирин беше фрлен во Тибар; оттаму Марин и Марта го извлекоа неговото тело и чесно го погребаа. Свештеникот Валентин му беше предаден на некој војник Астериј, којшто требаше да го посоветува да се одрече од Христа. Но, Валентин со молитва ја исцели Астериевата ќерка којашто беше слепа две години и го крсти Астериј и сиот негов дом. Сите тие на различни начини примија маки и смрт за Господ Христос, Којшто ги прими во Своето бесмртно Царство за да се радуваат во сите векови.
Светата маченичка Лукија
Во Кампанија ја зароби варварскиот цар Авциј. Сакаше да живее со неа, но таа му се спротивстави. Царот ја остави да се подвизува во мир. Таа го обрати во верата, откако тој по нејзините молитви извојува победа во војна. Најпосле заедно со царот пострада за Христа во Рим, околу 300 година.
Текст: Екран.мк
Култура
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски

Во оваа триесетта година од неговото монашко служење, во годината кога се навршуваат пет години од неговата хиротонија за епископ и кога го очекуваме неговиот педесет и петти роденден, да се потрудиме и ние – пред сè со делата наши, а потоа со молитвите и со животот наш – да му причиниме радост, за тој да може и понатаму, уште многу години, со силно здравје и Божјо просветление, да биде нашиот духовен столб, заштитник на верата и вистински духовен татко.
Во оваа триесетта година од неговото монашко служење, во годината кога се навршуваат пет години од неговата хиротонија за епископ и кога го очекуваме неговиот педесет и петти роденден, да се потрудиме и ние – пред сè со делата наши, а потоа со молитвите и со животот наш – да му причиниме радост, за тој да може и понатаму, уште многу години, со силно здравје и Божјо просветление, да биде нашиот духовен столб, заштитник на верата и вистински духовен татко.
На многаја и благаја лета, Владико наш свет, Епископ Партениј!
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис од Бигорскиот Манастир ТУКА
Култура
Кичевското архиерејско намесништво со известување по повод Задушница

Кичевското архиерејско намесништво ги известува своите верни чеда дека на ден 21.02.2025 година (петок) во 14⁰⁰ часот, во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево, ќе се изврши општ Парастос (опевање) за упокоените наши браќа и сестри во Христа Господа. Секој што сака да направи спомен за упокоените треба да донесе варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно за да се отслужи оваа служба.
Другиот ден, на самиот ден Задушница, 22.02.2025 година (сабота), започнувајќи од 08⁰⁰ часот наутро, свештениците ќе ги посетат старите и новите градски гробишта, па кој не дошол во петокот во храмот, тоа може да го направи во саботата на гробовите на своите упокоени. Исто така, и на гробовите да се има варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно и да се покаже трпение додека не помине свештеникот секаде каде што треба, бидејќи трпението е една христијанска добродетел која е покажување на љубов, но и којашто ќе се прифати и како милост за упокоените. ПАРЦЕЛИТЕ, пак, 6, 7 и 8 кај новите градски гробишта ќе бидат посетени за отпевање после 09³⁰ часот наутро (тоа се најновите парцели).
Сакаме да напоменеме уште и тоа: Задушница е општиот ден посветен на упокоените, кога се спомнуваат сите наши роднини и пријатели кои починале во благочестива вера и со надеж во сеопштото воскресение, па оттаму произлегува и благословот даден од страна на Црквата за вечно спомнување – „Вечнаја памјат“ (Вечен спомен).
Оние кои не се починати со достоинство, по благослов на свештеник, секој може да си ги спомне дома во своите секојдневни молитви за упокоени, а во таа група спаѓаат: некрстени, отпадници од Православната Христова вера и Црква, јавни Божји хулители и хулители на Црквата и самоубијци. Тоа е така, затоа што тие самите, по својата сопствена волја се оддалечиле од „Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14,6), па не се спомнуваат на сите црковните служби, па дури и на Божествената Литургија.
Во однос на храната, пак, којашто се остава на гробовите, подобро е да се однесе на некој кој нема да јаде, отколку да си правиме меѓусебно раздавање. Таа храна не е „за да им се најде на тие кои се упокоиле“, туку е милост како за починатиот, така и за растење во нашите добродетели. Објаснувајќи им го тоа на првите христијански заедници, свети апостол Павле вели: „царството Божјо не е јадење или пиење, туку правда и мир и радост во Светиот Дух“ (Рим 14,17).
Нека Човекољубивиот, Седобриот и Милостивиот Бог ги спомне нашите упокоени ближни, кои се упокоиле со надеж во воскресение и живот вечен, во Своето царство на Отецот, Синот и Светиот Дух, постојано, сега, секогаш и во вечни векови.
Амин!
Вечен им спомен!
Соопштение од Кичевска Парохија
Култура
Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..

-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (21 февруари)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Култура2 дена
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски
-
Македонија22 часа
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза2 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Македонија4 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети
-
Lifestyle1 ден
Храна која е ултра-обработена, но не е лоша за вашето здравје