Македонија
Денес нови 449 заболени од Коронавирус, починале 10 лица
Во последните 24 часа се направени 3.283 тестирања, а регистрирани се 449 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 170
-Прилеп 55
-Кавадарци 35
-Гевгелија 23
-Тетово 19
-Охрид и Куманово по 17
-Битола и Неготино по 16
-Велес 10
-Струга 8
-Струмица и Ресен по 7
-Гостивар 6
-Штип, Делчево и Богданци по 5
-Крива Паланка, Берово и Кратово по 4
-Пробиштип и Демир Капија по 3
-Кичево, Дебар, Валандово и Крушево по 2
-Кочани и Радовиш по 1
Починати се 10 лица, 3 пациенти од Скопје (83г, 79г, 65г), по еден од Тетово (72г), Куманово (71г), Прилеп (79г), Велес (84г), Охрид (58г), Кавадарци (65г) и Делчево (75г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 227 оздравени пациенти од:
-Скопје 102
-Куманово 41
-Прилеп 17
-Кавадарци 14
-Тетово и Велес по 8
-Штип 6
-Гостивар и Кочани по 5
-Битола и Струмица по 4
-Гевгелија, Неготино, Ресен и Крушево по 2
-Дебар, Пробиштип, Виница, Дојран и Македонски Брод по 1
Досега во земјата се направени вкупно 500.551 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.031, бројката на оздравени пациенти е 89.249, на починати е 3.047, а бројот на активни случаи изнесува 6.735.
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево21 час
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Кичево2 дена
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза2 дена
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Свет2 дена
Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“
-
Магазин18 часа
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Автомобили22 часа
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?