Следете не

Македонија

Денес троцифрен број на заразени од Ковид-19, дури 101, додека оздравени се 10, а починати четири лица

Објавено пред

на

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-3, Кочани-3, Пробиштип-2. Институтот за јавно здравје денеска регистрира 10 оздравени пациенти и четворица починати.

Оздравените се од: Тетово-8 и Велес-2, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што се посочува, почина 84-годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на
17 мај.

Во ГОБ „8 Септември“ починаа, пациент од Тетово (75 г.) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71 г.), примен на 26 мај и пациент од Скопје (58 г.) примен на 30 мај.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројката на оздравени пациенти е 1.605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

Последната дистрибуција по градови е следната:

• Скопје 987, активни 396

• Куманово 481, активни 66

• Дебар 51,

• Штип 111, активни 76

• Прилеп 213, активни 30

• Тетово 236, активни 82

• Струга 90, активни 18

• Велес 133, активни 28

• Битола 28, активни 3

• Охрид 24, активни 7

• Кавадарци 6, активни 1

• Гостивар 32, активни 11

• Гевгелија 4,

• Струмица 4, активни 2

• Крива Паланка 6,

• Радовиш 4,

• Крушево 3,

• Кочани 41, активни 10

• Пробиштип 5, активни 3

• Демир Хисар 1,

• Македонски Брод 2,

• Пехчево 3,

• Берово 1,

• Валандово 2, активни 1

• Виница 3, активни 1

• Делчево 1,

• Кратово 3, активни 1

• Свети Николе 2, активни 2

• Кичево 3, активни 1

• Неготино 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 974 теста се преку: ИЈЗ –434, ЦЈЗ Скопје-40, Авицена –88, Биотек -129, Клиника „Жан Митрев“–101 , Систина со PCR метода -89 и МАНУ -93.

Досега во земјата се направени вкупно 32.161 тестирања на Ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје.

Потврдени се два позитивни случаи во градинки во Штип.

Во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти, хоспитализирани се
вкупно 49 пациенти.

Од нив 22 се потешко болни и на кислородна поддршка.

До изутрината во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 34 пациенти.

На респираторна машина се шест, a со потешка клиничка слика се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани девет пациенти, а на домашно лекување се следи еден пациент.

„Во болницата во Штип се хоспитализирани 16, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 26 пациенти–позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Македонија

Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Објавено пред

на

©porta.mk

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава на магла – 50-80м, додека сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози.

Патувајте безбедно, почитувајќи ја поставената патна сигнализација и прилагодување на возилата према условите на патот.

Пријатен пат!

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување

Објавено пред

на

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано оддделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т., сите вработени во Единицата за брзо распоредување, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’  казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавените,  со намера за себе да прибават противправна имотна корист, искористувајќи го стекнатото право за надомест  на патни трошоци, поради тоа што по лична карта се  воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба на начин што примале парични средства од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно, со што во периодот 01.12.2023 до 17.09.2024 го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи  во вкупен износ од 1.098.120 денари.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  за пријавените полициски службеници ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, предмалку информира МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва

Објавено пред

на

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за четврток (3 април)

ОВЕН Денеска во неколку наврати ќе треба да покажете како можете да бидете храбри, бестрашни и директни. Не заземајте страна...

Спорт3 часа

Извлечени паровите за „Купот на Македонија“ во фудбал, Вардар ќе игра со Брера АП, додека ривалот Шкендија за противник го доби тимот на Струга ТЛ.

Во рамки на денешниот ден во просториите на Фудбалската федерација на Македонија со ждребпка беа одредени и истакнати полуфиналните парови...

Кичево4 часа

Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата

Меѓународната вселенска алијанса (ISA) во партнерство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OSCE) доби грант за проектот „Interstellar...

Автомобили6 часа

„Шкода“ го претстави својот освежен и подобрен модел на „Ениак“

Škoda претстави подобрени и освежени варијанти на моделот Škoda Enyaq. Според чешкиот производител, тоа е значително подобрување на постоечкиот модел,...

Магазин13 часа

Nintendo е подготвен да ја претстави конзолата Switch 2

Nintendo ќе открие детали за Switch 2 конзолата во среда, додека инвеститорите со нетрпение очекуваат информации за цената и датумот...

Магазин13 часа

Nvidia GTC 2025: Најновите иновации во вештачката интелигенција

Nvidia GTC 2025, најголемата технолошка конференција, ги носи најновите иновации во вештачката интелигенција, роботиката и компјутерските технологии. Не очекуваат нови...

Магазин13 часа

Apple Intelligence конечно достапен во Европската унија

Apple го објави iOS 18.4 за јавна дистрибуција овој понеделник, малку пред објавениот датум, што официјално им овозможи на корисниците...

Хроника13 часа

ОВР Крива Паланка приведе три лица, се сомничат за убиство на 84 годишен старец, најден закопан во близина на живеалиште

На 01.04.2025 во 18.25  часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19)...

Македонија1 ден

Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (2 април)

ОВЕН Секогаш може подобро и вие тоа најдобро го знаете, па поработете на организацијата и плановите во наредниот период. Ништо...

НАЈЧИТАНИ