Македонија
Денеска е Преподобен Атанасиј Атонски
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 јули.
Денеска е Преподобен Атанасиј Атонски.
Овој Атанасиј се роди во Трапезунт и живееше во десеттиот век. Крстеното име му беше Аврамиј. Рано остана сирак, па за него се грижеше некој византиски великодостојник кој подоцна го испрати во Цариград на школување. Потоа Аврамиј се подвизуваше како монах (сега со името Атанасиј) најпрвин кај познатиот Михаил Малеин, а потоа на Света Гора.
Околу него наскоро се собраа голем број монаси кои ја изградија лаврата Свети Атанасиј Атонски, или Великата лавра. Заради големата чистота на срцето Бог му даде на свети Атанасиј дар да чудотвори. Се упокои во 980 година. Тешко е да се зборува за животот на еден ваков подвижник.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Бруно.
Бил роден во 1049 година, во Астија. Во 1080 година, папата Гргур Седми го прогласил за бискуп во Сењија. Тој му помогал на папата во борбата против мешањето на царот во внатрешните работи на црквата. Пишувал многу, па во историјата на христијанската книжевност бил познат како хагиограф, теолог, говорник и литургичар. Свети Бруно умрел во 1123 година.
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Кичево2 дена
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (26 април)
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за сабота (27 април)
-
Автомобили2 дена
Електрични возила и губење на вредноста
-
Магазин1 ден
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Социјални мрежи5 часа
Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите
-
Автомобили2 дена
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?
-
Спорт2 часа
Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите