Хроника
Детали кои бодат во срце, телата на Коби и Џиџи пронајдени прегрнати
Коби Брајант ја прегрнувал својата ќерка Џана во последните секунди од животот.
Според извештаите од истрагата јавноста дозна дека кошаркарската легенда сакал да ја заштити својата ќерка прегрнувајќи ја.
Овие детали ги потврди и лице кое е запознаено со истрагата, а за светскиот сајт „ТМЗ“ истиот прв ја открил големата трагедија која се случи пред точно една недела.
Во несреќата починаа уште седум лица, меѓу кои и две девојчиња кои биле од истиот тим на Џана во кошаркарската академија „Мамба“ што беше основана од страна на нејзиниот татко.
Хроника
Трагедија во Охрид: Во сообраќајка ноќеска загина тинејџер, додека неговиот сопатник е тешко повреден
На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски таблици, управуван од Д.Ц. (18) од Охрид, излетал од патот.
Д.Ц. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16- годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, за медиумите информора портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Хроника
Вчера на превој „Барбарос“ према Прилеп, се случила трагична сообраќајка со смртни последици
На 01.11.2024 година во 13.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод-Прилеп, на превојот „Барбарос“ се случила сообраќајна несреќа, при што Е.У. (56) од Богданци управувајќи товарно моторно возило „Сканиа“ со гевгелиски регистарски ознаки, во сопственост на правен субјект од Богданци, загубил контрола врз возилото и излетал надвор од патот.
Во несреќата од здобиените тешки повреди возачот починал на местото на настанот, а смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола, за јавноста известуваат од МВР.
Хроника
Државјанин на Шкотска додека учествувал во школа за млади во Охрид му се слошило и починал
На 12.10.2024 во 15.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во хотел во Охрид, за време на одржување на школа за млади лидери, на учесникот С.А.Е.А.(69) од Шкотска му се слошило и починал на местото.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, за Порта.мк извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Кичево2 часа
(ВИДЕО) Ново име на музичката сцена, кичевчанецот Христијан Трајаноски ја преработи „Само за тебе“ од доајенот на македонската народна песна Круме Спасовски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (13 ноември)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за четврток (14 ноември)
-
Хроника1 ден
Трагедија во Охрид: Во сообраќајка ноќеска загина тинејџер, додека неговиот сопатник е тешко повреден
-
Временска прогноза14 часа
Започнаа врнежи од дожд, на повисоките места истото ќе премине во снег, ова се денешните детали
-
Временска прогноза2 дена
Дополнително заладување, повремени врнежи од дожд и нова снежна покривка на повисоките места
-
Спорт7 часа
Младата репрезентација на Македонија до 18 години на тренинг камп во Кичево, каде ќе одиграат и контролен меч против тимот на Арсими
-
Македонија1 ден
СВР Охрид вчера одржа состанок со надлежни субјекти по повод зимската сезона