Забава Занимливости

Храброст или лудост – Девет месеци глумела дека е трудна: Кога требало да се породи раскажала нова приказна! (ВИДЕО)

На нејзиниот сопруг и семејство од градот Барангилла ништо не им било сомнително бидејќи виделе дека има стомак,а нејзината свекрва вели дека мажот спиел со Антонела,но наводно, никогаш немал потреба да и го допира стомакот.

Жена од Колумбија девет месеци глумела дека е бремена, а потоа на денот кога требало да се породи изрежирала свое киднапирање. Рекла дека банда и го украла бебето од стомакот.
Колумбијката Антонела Пилена Падилла (37) тврдела дека утрото отишла во клиника и дека се разбудила навечер пред супермаркет, сфаќајќи дека нема бебе во утробата. Се јавила кај семејството и рекла дека ја нападнала банда која тргува со органи. Семејството било многу загрижено за нејзиното здравје, па ја одвеле во локална болница.

На нејзиниот сопруг и семејство од градот Барангилла ништо не им било сомнително бидејќи виделе дека има стомак,а нејзината свекрва вели дека мажот спиел со Антонела,но наводно, никогаш немал потреба да и го допира стомакот.

Лекарите прво и поверувале па се јавиле во полиција. Но, наскоро станало јасно дека жената лаже. Иако тестот потврдил дека не била бремена, таа и натаму инсистирала на својата приказна. Нејзиниот сопруг наводно во ништо не се посомневал и верувал дека е бремена. Бил возбуден што ќе стане татко за прв пат. Неговата мајка вели дека никогаш со Антонела не бил во болница на преглед.
Полицијата размислувала и да ја пријави жената бидејќи користела лажни ресурси додека на некого можеби навистина му била потребна помош.

Close