Следете не

Хороскоп

Дневен Хороскоп (17.08) понеделник

Објавено пред

на

ОВЕН
Денес е одличен ден за дружба со вашите најсакани но не баш поволен ден за донесување важни одлуки. Ограничете ги вашите трошоци, одложете го шопингот на важни нешта за утре.

БИК
Обидете се да не влегувате во конфликт со вашите колеги или некој ваш надреден на работното место. Понекогаш е поважно да се остане смирен од тоа да бидете секогаш во право, избирајте ги вашите борби внимателно денес. Ќе ви биде драго кога на крајот се ќе испадне онака како што сте посакувале.

БЛИЗНАЦИ
Денес ќе сакате да се социјализирате и да се забавувате, ќе немате многу концентрација за работното место или за сериозни нешта. Вашите обврски денес ќе ги ставите на пауза, но утре веќе ќе морате да се вратите назад во колосек. Немојте да дозволите да претрпите штета на вашето работно место само поради тривијални задоволства.

РАК
Денес внимавајте на зборовите кои ги изговарате, кога сте во неодумица дали да кажете нешто, гризнете си го јазикот, тоа може да ве спаси од големи конфликти. Тензијата која ќе ја чувствувате со сите на кои ќе налетате ќе помине за кратко, бидете трпеливи.

ЛАВ
Ќе имате недоразбирање со ваш пријател, но колку повеќе го одолговлекувате случајот толку полош ќе биде вашиот одно. Бирајте ги вашите зборови внимателно и тактички и изјаснувајте се себеси отворено. Не би сакале сето тоа да заврши во лоша насока.

ДЕВИЦА
Некој стрес денес ќе ве направи уморени. Можно е тоа да е прекумерната работа која ви се натрупала во последниот период па крајниот рок за извршување на сите обврски е денес. Направете се за да се организирате добро и да ја смирите вашата лутина. Одговарајте рационално на секој предизвик.

ВАГА
Денес треба да покажете контрола врз вашите емоции за да не претрпите несакани последици. Некој инцидент кој сте го доживеале ќе ви се искристализира и ќе ви стане јасно дека се се случило онака како што треба и попусто сте се се нервирале.

ШКОРПИЈА
Денес ќе откриете дека вашата секојдневна рутина ќе биде прекината поради некој настан во вашето семејство, веројатно веселба или свадба. Ќе бидете преокупирани со подготовките и тоа ќе ве исфрли од колосек. Наместо да сте под стрес, уживајте во овој период, овој настан ќе ви ја разбуди возбудата и забавниот дух.

СТРЕЛЕЦ
Немојте да се вовлекувате себеси во расправии со пријателите. Ако се најдете себеси во тензична ситуација, останете смирени. Секоја конфортанција би можела да наштети на вашето ментално здравје и односите со пријателите.

ЈАРЕЦ
Обидете се да не го изгубите вашето трпение денес. Иако можеби ќе бидете искушени, обидете се да останете смирени, во спротивно тоа може да предизвика губење на интерес и чувства кај некој кој ви значи. Немојте да дозволите да изгубите драга личност поради вашиот темперамент.

ВОДОЛИЈА
Можни се препирки со партнерот или некој близок. Треба да научите да се носите со критиките и ситуации во кои е потребно да се кажува вистината. Би било добро да се соочите со фактот дека вашите најсакани не можат секогаш да ја разубавуваат реалноста за да не ве повредат, понекогаш морате да се соочите со вистината.

РИБИ
Денес ќе бидете особено социјални па можно е и да заблескате танцувајќи на подиумот. Ќе се ослободите од стресот и ќе се препуштите на забавата и смеата. Уживајте!

Хороскоп

Хороскоп за вторник (27 септември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Полни сте со ентузијазам и со многу оптимизам се фокусирате на деловните обврски. Љубовта ви е во мислите но никому не сакате да му покажете во колкава мера сте емоционално заинтересирани. Во тек е период поволен за проблеми со алергиите.

БИК
Не успевате да пронајдете заеднички јазик со деловните партнери. Имате големи очекувања кога е љубовта во прашање и на другата половина и упатувате нежни зборови и романтични пораки. Што се однесува до здравјето, се чувствувате одлично.

БЛИЗНАЦИ
Незадоволството од работата е на врвот и размислувате за оставка. Во емоционална смисла сте импулсивни и склони да направите проблем кај партнерот. На здравствено поле ве очекуваат проблеми со елиминаторниот систем.

РАК
Полни сте со оптимизам и се соочувате со самодоверба со старите деловни проблеми. Во емотивна смисла сте паднале и не гледате излез од ситуациајта. Во физичка смисла сте мрзеливи и тоа го зема здравствениот данок.

ЛАВ
Деловните проблеми ги чувствувате претешки и тешко решиви дури и за вас. Емоционално сте затворени а партнерот се обидува да ве наведе на отворен разговор. Во физичка смисла чувствувате недостаток на сила и волја да се движите.

ДЕВИЦА
Денешниот ден не е идеален за вас. Исклучително сте незадоволни и нервозни поради лошите финансии. Во емоционална смисла сте неисполнети, безволни ии немате желба за да се социјализирате. Ви годи самотијата. Здравјето е солидно.

ВАГА
Работата ви оди добро и задоволни сте од деловната ситуација. Во емоционална смисла не сте опуштени и имате проблем со импулсивноста и често се расправате со партнерот. Внимавајте што јадете. Храната нема да ви годи.

ШКОРПИЈА
На деловно поле сте тотално демотивирани и без самодоверба. Партнерката ви пружи прилична доза на разбирање и поддршка што се однесува до тоа да се чувствувате подобро. Склони сте кон хронична мигрена.

СТРЕЛЕЦ
Немате поволно размислување за колегите и тоа го покажувате на отворен и надмен начин. Љубовта е во фаза на стагнација и имате чувство дека ви стигнува наплата за грешките од минатото. Во физичка смисла се чувствувате силно и добро.

ЈАРЕЦ
Ја користите изреката „Убавиот збор железни врати отвора“ и на тој начин ги постигнувате сите деловни цели. Денес ќе добиете прилика да остварите љубовна авантура. Здравјето ви е добро. Се чувствувате младо и убаво.

ВОДОЛИЈА
Вредни сте, организрани и со многу успех ги извршувате деловните обврски. Лебдите на крилјата на љубовта и интензивно комуницирате со партнерката. Можни се проблеми со несоница така што тешко ќе заспиете.

РИБИ
Работата ве инспирира и сите обврски ги одработувате квалитетно, одговорно и без застој. Чувствувате емоционална сигурност што ви годи и ви дава чувство на моќ. На здравствено поле можен е хормонален дизбаланс.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (26 септември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Денес бидете внимателни да не се најдете себеси во некои контраверзни ситуации. Доколку проблемите ви изгледаат како да ќе нараснат, тогаш држете се понастрана. Можно е некои расправии да заминат во погрешна насока, стојте на неутрална страна, подоцна ќе бидете среќни што сте избрале да не бидете вмешани.

БИК
Доколку имате некои спорови или договори, денес конечно ќе ги решите. Вашите проекти ќе бидат одобрени и признаени. Ова е идеална шанса за вас да завршите се навреме, зошто да го чекате крајниот рок кога можете да завршите се веднаш..?

БЛИЗНАЦИ
Јасно е дека поседувате две страни на вашата личност – едната е сензибилна а другата е бунтовна, во зависност од тоа кој ваш близнак ќе владее денес, денес е одличен ден за нов почеток, па најдобро е да го искористите за штедење за нешто посебно.

РАК
Нови познанства ќе ви донесат одлични информации кои ќе ви причинат големо задоволство. Доколку ви пристигнат некои ненадејни покани за дружби, немојте да ги одбивате, можно е да ја запознаете вашата нова љубов или некој нов бизнис партнер.

ЛАВ
Колку и да сакате драма и адреналин во врската, денес не е баш идеалниот ден за тоа. Денес е идеален ден да се посветите на некоја уметност која ја обожавате и долго време ја занемарувате. Ќе бидете особено инспирирани.

ДЕВИЦА
Денес ќе поседувате самодоверба за да ги следите вашите соништа, особено оние кои го вклучуваат социјалниот статус и кариерата. Немојте да бидете срамежливи – можно е да добиете унапредување така што ќе ги искажете вашите мисли и планови.

ВАГА
Денес ви претстои ново пријателство кое ќе процвета во нешто прекрасно. Луѓето во вашето опкружување ќе ги поддржуваат вашите идеи и тоа ќе ви биде одлична помош во вашето напредување. Ќе сакате да ги обновите врските со некои ваши членови од поширокото семејство.

ШКОРПИЈА
Денес ќе во вас ќе гори страста за патувања и нови искуства. Ќе уживате во вкусот на необичните јадења и и ќе посакате да гледате некои странски филмови. Ќе посакате да научите некој нов јазик, а оние кои се сингл ќе запознаат некој згоден странец.

СТРЕЛЕЦ
Вашиот шарм ќе маѓепса некој за кој ќе мислите дека е надвор од вашиот дофат. Бидете пријателски настроени и отворени, ќе ги освоите срцата и на оние на кои порано не сте им оставиле добар впечаток.

ЈАРЕЦ
Ако овој период сте биле преокупирани со работа и обврски, сега е идеален ден да се релаксирате со луѓето кои ви значат и ве прават среќни. Доколку сте му направиле услуга на некој ваш колега, таа конечно ќе ви биде вратена.

ВОДОЛИЈА
Денес е важно да сфатите дека секој има свое право на избор па немојте да ве фрустрира тоа доколку другите не го делат вашето мислење. Денес е идеален ден за организрање. Направете планови за вашите обврски и одговрете на мејловите кои долго време сте ги ставиле на чекање.

РИБИ
Денес ќе бидете спонтани и се ќе ви оди од рака. Некои нешта ќе се одвиваат многу подобро од тоа што сте очекувале, особено они за кои воопшто не сте полагале многу надеж. Дозволете и на вашата интуиција и чувства да ве водат, тие ќе ги обликуваат вашите соништа.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за недела (25 септември)

Објавено пред

на

ОВЕН
Иако не сакате да чувствувате притисок од другите луѓе додека работите, денес Овенот може да го стори токму тоа во односите со семејството. Вие навистина не сте свесни колку тешко им правите на луѓето денес со вашето однесување. Најдобро би било да се повлечеме и да набveудуваме што прават другите без злонамерни коментари. Ова исто така важи и за лицето за кое се грижите. Вашите коментари можат да го исплашат и избркаат, а тоа е спротивно на она што се обидувате да го направите.

БИК
Вистинската причина за денешните расправии кај Биковите не е толку очигледна како што ви се чини. Вистинската битка се води на повисоки нивоа и за поважни работи од причината за сегашните несогласувања. Не избегнувајте го она што не го разбирате. Потрудете се да разберете што повеќе скриени причини за денешните проблеми.

БЛИЗНАЦИ
Близнаци, знаете колку зборувањето за проблемите ви помага да ги разберете и решите. Проблемот е што сè уште одбивате да се отворите, па затоа кажувате едно, а друго мислите. Ви се чини дека сè што ќе кажете е многу јасно, но сепак никој не ве разбира. На тој начин проблемите не се решаваат. Бидете отворени и искрени, така барем ќе знаете на што правите. Поврзете се со пријателите колку што можете додека има уште време за тоа.

РАК
Вие сте свесни дека сте вовлечени во процес што ќе го промени вашиот живот од долу нагоре. Вашата прва реакција може да биде да се повлечете или да побегнете како што сте навикнале, но овој пат нешто ве кочи. И покрај тоа што не сте сигурни дали треба да се држите до тоа, не можете да си помогнете. Се обидувате да ја задржите контролата, но можеби ќе ве изненади чувството дека сте зачекориле длабоко во сето тоа и дека е премногу доцна за да се вратите назад. Не се борете со оваа струја затоа што ќе ве однесе на подобро место.

ЛАВ
Лавови, дојдовте за уште еден трофеј и ќе сторите сè за да го добиете. Од друга страна, чувствувате каење за личноста кон која чувствувате љубов во духовна смисла. Единствено решение е да пронајдете рамнотежа помеѓу вашата дива страна и топлото срце. Во спротивно, премногу луѓе би можеле да бидат повредени.

ДЕВИЦА
Силните чувства што Девиците ги имаат кон една личност денес може да се разнишаат кога ќе сфатите дека имате поинакво мислење за некои работи што ви се многу важни. Свесни сте дека е залудно да ја убедувате другата страна дека само вашето мислење е точно и дека меѓусебно се обвинувате за вина. Наместо да се обвинувате едни со други, обидете се да најдете компромис во кој секоја страна ќе може да ги следи своите соништа во најголема можна пропорција без да ја вознемирува другата страна.

ВАГА
Денес, Ваги може да откриете никогаш неизречена вистина што ве плаши. Вие се обидувате да ги скриете вашите вистински чувства зад емотивниот ѕид што сте го изградиле за самоодбрана од некои настани и луѓе. Тој ваш ѕид е за жал резултат на вашиот огромен страв, и сега само ви создава проблеми. Сепак, отворете се и видете како продолжувате. Само бидете храбри!

ШКОРПИЈА
Потрудете се да ги смирите чувствата што неодамна беа вознемирени за Шкорпиите. Зборувањето за нив, во овој момент, се чини контрапродуктивно, па затоа е најдобро да ги задржувате мислите за себе. Вие сте исто така стресни кога одлучувате колку да споделите со другите. Најдобро би било да почекате неколку дена пред да блебете повеќе отколку што треба.

СТРЕЛЕЦ
Стрелците даваат се од себе да ве задржат фокусирани на добри идни работи, додека забораваат на сегашноста. Може да се налутите на некој што го сакате или да чувствувате љубомора што ќе ве изеде. Не прашувајте веднаш да правите бука на сите ѕвона бидејќи вашите чувства можеби немаат оправдување. На работа тргнавте да ги раширите крилјата, па затоа внимавајте да не ги пропуштите ситниците што значат живот. Побарајте помош од пријатели ако ви треба.

ЈАРЕЦ
Јарците сакаат да бидат многу практични денес, но работите постојано излегуваат од контрола. Можеби ќе се изнервирате поради некој што ве вознемирува и не е во можност да ја спроведе вистинската дискусија за прашањата што ве вознемируваат. Во љубовта, ви се чини како клучните играчи да војуваат меѓу себе, а не во романтична врска. Не се возбудувајте премногу поради тоа, бидејќи овие енергии ќе се смират многу брзо и сè ќе се врати на своето место.

ВОДОЛИЈА
Денес, Водолиите првенствено ќе гледаат во семејството и домот. Ќе сакате да промените нешто, особено во градината или балконот, така што би можеле да поминете многу денови во работење со растенија. Може да пробате и ново јадење. Денес е ден за експериментирање и можете да започнете рано наутро на работа каде што некои од идеите што ви се вртат долго низ главата би можеле да ја направат вистинската работа за да решат голем проблем.

РИБИ
Рибите имаат огромна желба за блискост која денес може да биде расипана од чувството дека некој ве принудува да ги прифатите неговите ставови. Може да почувствувате наплив на лутина што само ќе му наштети на вашето здравје. Бидете мудри и флексибилни за да избегнете наметнување од други. Не треба да ја поддржувате емоционалната посесивност на вашиот партнер, затоа кажете му јасно. Theе бидат потребни уште неколку дена за да се смири врската, затоа покажете трпеливост затоа што доаѓаат подобри денови.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура44 минути

Денеска е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат. На Крстовден се...

Хороскоп6 часа

Хороскоп за вторник (27 септември)

ОВЕН Полни сте со ентузијазам и со многу оптимизам се фокусирате на деловните обврски. Љубовта ви е во мислите но...

Спорт10 часа

Ова се 11-те лавови кои ќе стартуваат на мечот против Бугарија

Предмалку објавени беа 11-те момчиња кои ќе бидат стартери на мечот против Бугарија на „Тодор Проески“. Што се однесува до...

Култура13 часа

Крстовден единствениот празник што започнал да се прославува истовремено со случувањата на самиот настан

Крстовден, или Воздвижението на Чесниот Крст, како празник се јавува со самото пронаоѓање на Светиот и Животворен Христов Крст, којшто...

Свет18 часа

Полицијата во Сан Франциско може да гледа приватни камери за надзор во реално време

Полицијата во Сан Франциско доби засилување во нивните овластувања за надзор оваа недела, откако градскиот одбор на надзорници гласаше да...

Свет18 часа

ФОТО Еруптираше подводен вулкан, НАСА фотографираше нов остров во Тихиот Океан

Само единаесет часа откако вулканот почна да еруптира, нов остров се појави над површината на водата, според НАСА, која сними...

Lifestyle18 часа

Научниците открија колку мравки живеат на Земјата

Се предвидува дека човечката популација во светот ќе надмине 8 милијарди во наредните месеци. Во споредба со мравките, тоа е...

Магазин18 часа

Samsung патентирал препознавање лице со две камери под екранот

Иако новиот патент датира од март 2021 година, Samsung веќе има големо искуство со вакви камери, а серијата Fold веќе...

Магазин18 часа

Сега можете да поништите праќање порака и на iPhone

iMessage за iPhone доби можност за враќање на испраќањето, како и за уредување пораки – еве како можете и вие...

Магазин18 часа

Британската полиција го уапси наводниот хакер на „GTA VI“: Има само 17 години

Според извештаите, тоа е поврзано и со сајбер нападот врз Uber Полицијата во Велика Британија уапсила 17-годишен хакер. Според последните...

НАЈЧИТАНИ