Спорт
По ремито, домашните навивачи од фудбалскиот клуб „Сао Пауло“ ги каменуваа играчите и минибусот

Можеби малку се оладивме од навивачките страсти заради целата ситуација со ковид пандемијата, но во Бразил нема запирање. Тоа го покажува последниот натпревар на Сао Пауло против Коритиба, кој заврши нерешено 1:1.
Триколорите паднаа во лоша фаза на резултатите, а непосредно пред натпреварот, на возење до стадионот Морумби – беше каменуван нивниот минибус. И тоа од своите фанови.
Воената полиција дури мораше да биде ангажирана, која уапси 14 вандали. Самото возило било оштетено од сè што летало кон него во западниот дел на Сао Пауло. Важно е да се каже дека нема повредени, но исто така и дека имаше играчи кои беа скоро погодени од камења, а имаше и такви, како Волпи, кои изразија жестоко незадоволство од сè што се случувало.
Воената полиција запленила експлозивни направи и разни други уреди, додека покрај камењата, во интервенцијата користеле и истрели од топови.
Insane and sad. Sao Paulo fans throw BOMBS at the bus of their own team (fans upset becaues their team has picked up one point from their last four games and seem to be throwing away the title) https://t.co/WSALEmHeGy
— Brazilfooty (@brazilfooty) January 23, 2021
ФОТО: Ројтерс / Reuters
Спорт
Извлечени паровите за „Купот на Македонија“ во фудбал, Вардар ќе игра со Брера АП, додека ривалот Шкендија за противник го доби тимот на Струга ТЛ.

Во рамки на денешниот ден во просториите на Фудбалската федерација на Македонија со ждребпка беа одредени и истакнати полуфиналните парови за „Купот на Македонија“. Така што ждребката случајно ги спои ривалите Шкендија и Струга ТЛ, додека црвено-црните Вардар го доби тимот на Брера АП.
Првите натпревари се закажани за 9-ти април од 15:00 часот, додека реванш мечевите се закажани за 23-ти април, истакна ФФМ.
Спорт
Андов го истакна списокот со фудбалерки за дуелите со Летонија и Косово во рамки на Лигата на нации за пласман на СП 2027

Женската А репрезентација на Македонија на почетокот на април ќе одигра два натпревари против Летонија и Косово во рамките на продолжението од Лигата на нации за пласман на СП. 2027. На 4. април, со почеток во 15. часот ја пречекуваме селекцијата на Летонија.Четири дена подоцна во Приштина играме против Косово, со почеток во 14.часот.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Александар Андов за дуелите со Летонија и Косово, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Евгенија Велјановска – Скопје 2014
Викторија Панчурува – Тиверија Брера
Кристина Павлоска – Раднички Крагуевац, Србија
ОДБРАНА:
Сара Коларовска – Скопје 2014
Ане Бошеска – Тиверија Брера
Павлинка Николовска – Тиверија Брера
Мила Панева – Скопје 2014
Лимани Ихмете – Германија
Викторија Недева – Тиверија Брера
Елена Панеска – Олимпија, Словенија
Бојана Петкова – Полска
СРЕДЕН РЕД:
Маријана Нацева – Дортмунд, Германија
Теона Голабовска – Тиверија Брера
Хава Мустафа – Љуботен
Александра Марковска – Љуботен
Симона Мајер – Израел
Ленче Андрееска – Турција
Рабија Дервиши – Скопје 2014
Наташа Андонова – Мадрид, Шпанија
НАПАД:
Јилза Максути – Турција
Гентијана Рочи – Финска
Меланија Грозданова – Истатов
Јована Павловска – Полска
Во воведното коло на групата 6 од сегментот Ц, Македонија беше поразена од Косово на домашен терен со 4:0, известуваат од ФФМ.
Спорт
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.
Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.
ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.
„За вакви нелуѓе нема место во фудбалот“
Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.
ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.
Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство, велат од ФФМ.
-
Временска прогноза1 ден
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (2 април)
-
Македонија1 ден
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија1 ден
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Кичево2 часа
Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата
-
Македонија1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Во Манастирот Рајчица одекна новиот „Благовесник“
-
Хроника12 часа
ОВР Крива Паланка приведе три лица, се сомничат за убиство на 84 годишен старец, најден закопан во близина на живеалиште
-
Македонија23 часа
Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“