Следете не

Временска прогноза

Влажна воздушна маса и дожд? Еве какво време не очекува утре и следните денови

Објавено пред

на

Нестабилно време со пороeн дожд проследен со грмежи, засилен ветер и локална појава вечерва на повеќе места најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во западните делови сe очекува да наврне и поголема количина на воден талог, додека преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, кој попладне ќе засилува.

Максималната температура се движи во интервал од 22 до 30 степени.

До понеделник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи. Врнежите локално ќе бидат поројни и понекаде се очекува да наврне и поголема количина на воден талог.

Од среда нестабилноста ќе се намали, но и понатаму ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. 

Временска прогноза

Почеток на месец април ќе имаме ладно време, на планините и скијачките центри ќе имаме снег

Објавено пред

на

Самиот почеток од април во Македонија ни носи продор на поладен воздух од север, а врнежите ќе продолжат. Во ваква ситуација, на планинските и на скијачките места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, а сето ова ќе биде проследено со северен ветер и со позначителен пад на температурите.

Барем од она што можам во моментов да го кажам за јавноста, не се исклучува можноста во почетокот на април снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така провејување на снег можно е да имаме  и во повисоките населени места во западните и во северните предели од републиката.

– На Метеоролошката карта можете да ја видите очекуваната снежна покривка во Македонија на самиот почеток на април, па така може да се види дека позначителна снежна покривка ќе се формира на планинските и Скијачките места.

Исто така, април оваа година ни носи можност и за нова појава на мразеви во утринските часови, доцна вечерва информираше Славчо Попоски.

п.с. За утре (петок), Алатката НОТАС предвидува понестабилна атмосфера кај нас, односно ниво два, локално и ниво 3 со поголема веројатност за нестабилност, проследена со врнежи, грмежи и засилен ветер (во вид на невреме кое може да биде проследено и со појава на град и електрични празнења).

Се очекува локално да наврнат нови над 20/30 литри дожд на метар квадратен.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Врнежи од дожд, проследени со Сахарска прашина, ова се најновите метео вести

Објавено пред

на

До крајот на четврток 27 март во Македонија ќе продолжи серијата на влажни воздушни бранови од југозапад, и истите се во склоп со циклонската активност која се наоѓа токму југозападно од нас. Во ваква ситуација кај нас повторно ќе имаме нови повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Исто така за денес се најавени пообилни врнежи на повеќе места, кои локално ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (во форма на невреме), а не се исклучува можноста во текот на поинтензивните Атмосферски процеси да има и појава на град.

И во Скопскиот регион ќе продолжи променливото време со повремени врнежи од дожд, пообилни утре (четврток 27 март) кога во делови од котлината тие би можеле да бидат и поројни, проследени со грмежи и силен ветер (во вид на невреме).

Што се однесува до температурите, тие денес ќе бидат без поголеми промени во однос на оние вчера.

Уште да напоменам дека за време на овој нов влажен бран од југозапад и тоа до доцните вечерни часови кон петок (28 март) локално повторно ќе наврне поголемо количество на дожд (над 25 литри на метар квадратен дожд).

– Инаку според г-дин Владо Спиридонов, истакната е 5-дневна нумеричка симулација за транспорт на Сахарска прашина со почетни податоци од 26 март 2025 година, 00:00 UTC. Според резултатите, во утринските часови на 27 март, облакот со прашина, иако со помали концентрации, ќе ја зафати и Македонија. Оваа појава е резултат на актуелната циркулација, која овозможува значителен транспорт на прашина од Сахара кон Медитеранот и Југоисточна Европа.

Сахарската прашина содржи минерални честички како силикатни соединенија, железни оксиди, карбонати и сулфатни аеросоли, кои можат да влијаат врз квалитетот на воздухот и временските услови

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Пороен дожд и појава на засилен ветер, поради нестабилност на водена маса, можни локални поплавувања

Објавено пред

на

Територијата на Македонија во текот на целата оваа седмица ќе биде пов влијание на изразен циклонски систем со центар јужно и југозападно од нас.

Токму поради оваа најава погоре, апелираме на крајна внимателност, и тоа поради опасноста од локални поплавувања.

Исто така, во зоната на нестабилност, ќе има и појава на засилен до силен ветер, најпрвин од јужен, а потоа и од северен правец, повремено и локално со брзина до околу, па и над 60 км/час, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за сабота (29 март)

ОВЕН Полни сте со ентузијазам и со многу оптимизам се фокусирате на деловните обврски. Љубовта ви е во мислите но...

Спорт4 часа

Фудбалерките на Македонија до 19 на почеток од април ќе отпатуваат на квалификациски турнир во Хрватска

Женската репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 1 до 7 април ќе учествува на квалификацискиот турнир од...

Скопје10 часа

И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание на...

Македонија10 часа

Кривична пријава против полициски службеник од Свети Николе, упатувал закани на командир на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Свети...

Македонија10 часа

Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, поднесена кривична пријава против три лица и определен им е притвор

На 26.03.2025 во 20.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.Р.(53) од Прилеп поради...

Магазин10 часа

„Евротип“ на вработени од Кичево, Битола, Прилеп и Кавадарци им додели награди по повод нивниот 10 годишен работен јубилеј

„Евротип“ компанијата која успешно опстојува на пазарот веќе 10 години и е дел од „КС Групацијата“ започна со доделување на...

Кичево14 часа

Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Ве известуваме за радост на нашите најмили и најмали во организација на кичевскиот Хор „Митрополит Козма Пречистански“ организира популарна детска...

Спорт15 часа

Омерагиќ: „Додека сум јас претседател на ФФМ, нема да има поделби по етничка припадност во фудбалот“

Додека сум јас претседател на ФФМ нема да има поделби во фудбалот на македонци, албанци, турци, поделба по етничка припадност...

Скопје16 часа

Лишени од слобода двајца возачи кои со возила удрија пешаци во Скопје, возилата одземени

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.С.(45) од Скопје, затоа што на 27.03.2025  околу 21.50 часот во...

Македонија17 часа

Викендов започнува летното сметање на времето, стрелките од часовниците се поместуваат еден час понапред

Претстојниот викенд започнува летното сметање на времето во сите евромски земји и кај нас. Тоа значи дека стрелките на часовникот...

НАЈЧИТАНИ