Временска прогноза
Летото завршува, од викендов идат поројни дождови и грмежи
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната од 20 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, што ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени.
Повремено облачност ќе се зголемува, а ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд.
В сабота кон крајот на денот и в недела ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд и грмежи.
Временска прогноза
Котлините под густа магла и многу ладно време, на другите места значително потопло
Кога сме веќе во поле на висок воздушен притисок (Антициклон), и кое ќе продолжи до крајот на седмицава, и сето ова ќе биде придружено со значително поголема влажност во воздухот. Во ваква ситуација по котлините и понатаму ќе има појава на густа магла и токму на овие места ќе биде многу поладно, појава на густа магла понатаму ќе продолжи да има и во Скопската котлина. Ќе биде претежно тивко и променливо облачно.
Во петок ќе има услови за сосема слаб и локален дожд.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се задржат за некој степен над или околу нулата, а во котлините со магла тие ќе бидат пониски и ќе се спуштаат под нулата, а многу поладно за разлика од другите места, односно повисоките, планинските места и Скијачките центри ќе биде токму во котлините со густа магла и ниска облачност и преку ден.
Што се однесува до максималните дневни температури, тие ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе се искачуват во интервалот од 8 до 16 степени, во Скопје таа постојано ќе биде до околу или под 10 степени, а наутро таа ќе се спушта до близу или околу нула степени.
Да напоменам дека кога котлините се поладни од високите места и планините, тоа се нарекува температурна инверзија, која се очекува да продолжи во Македонија и во следните денови, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Утре брз влажен бран ќе донесе локални врнежи од дожд и снег на планините
Утре (вторник (21.1.2025) од југозапад над Македонија ќе помине еден брз влажен и поладен воздушен бран, поладниот воздушен бран секако ќе се спушти од север. Во склоп со овој влажен бран од југозапад, ќе има послаби врнежи кои на пониските места (градовите) ќе бидат од дожд или повремено од дожд и снег, додека на повисоките, планинските места, како и на Скијачките центри ќе има врнежи од снег.
Врнежи со малку поголем интензитет, односно со умерен интензитет ќе има во западните предели од Македонија. По котлините ќе продолжи да има магла и намалена видливост, особено густа магла ќе има во ноќните и во утринските часови.
Во Скопје и околината ќе има услови за сосема слабо проврнување на дожд, а поради маглата која се очекува во ниските предели од котлината, можна е појава и на замрзнат дожд, но како што напоменав од локален и многу слаб интензитет.
Што се однесува до температурите, тие утре (вторник) наутро ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, во Скопје до околу -2 степени, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степениж, во Скопје максималната температура утре (вторник) ќе се искачи до околу 4 степени, информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Ниските температури ќе попуштат, од следната седмица значително потопол воздух и пораст на температурите
Барем од она што можам сега да го кажам, следниот викенд, односно на 25 и на 26 јануари кон Македонија ќе продре значително потопол воздух од југ и од југозапад, па токму ова ќе услови натпросечно високи температури на воздухот кои на повеќе места ќе надминуваат 10 степени, а во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу, па дури и над 15 степени.
Сепак и покрај ова, температурната инверзија ќе се задржи и во новата седмица во Македонија, односно ќе има денови кога на планините и на Скијачките центри ќе биде потопло, од колку по котлините каде ќе има многу пониски температури до околу, па и под нулата, како и појава на густа магла и ниска облачност, особено во ноќните и во утринските часови.
Ќе остане претежно тивко времето и без ветер.
Исто така, новата седмица ни носи и повеќе облачност, па и услови за повремени послаби врнежи од дожд, а на планините над 1300, 1400 метри надморска височина ќе има послаби врнежи од снег, особено во вторник, предмалку истакна Славчо Попоски.
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за среда (22 јануари)
-
Македонија2 дена
Од ноќеска ново поскапување на дизел и бензин горивата, ова е новата цена
-
Кичево2 дена
Дистрибутерот на „Жито Лукс“ распишува оглас за работници за реон на Кичево, отворени работни позиции во следните категории
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (21 јануари)
-
Временска прогноза2 дена
Утре брз влажен бран ќе донесе локални врнежи од дожд и снег на планините
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Вчера чесниот Крст во Ростуше на река Радика го фати младиот Климент Танески
-
Временска прогноза5 часа
Котлините под густа магла и многу ладно време, на другите места значително потопло
-
Македонија2 дена
Лице од Радовиш пробал да пренесе 6 мигранти од Непал и Индија, бегал од Полицијата и удрил во работна машина