Временска прогноза Македонија

Денес уживаме во сончевото време со температура дури до 33° C

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а  дневната од 21 до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во следните два дена ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Во попладневните часови во планинските предели не е исклучена можноста за краткотраен дожд.

Во сабота кон крајот на денот и во недела ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд и грмежи.

Close