Случувања
Драма во Гостивар: Расправија меѓу маж и жена дошла до пресметка со нож
На 14.02.2020 околу 23.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во куќа сопственост на Р.А.(50) на ул.„Боге Велјаноски“ настанала расправија помеѓу него и неговата сопруга С.А.(47). Според пријавеното, притоа Р.А. зел нож, а С.А. сакајќи да му го одземе ножот, се исекла и се здобила со повреди на десната рака.
Исто така, според пријавеното, нивниот син А.А.(22) се обидел да ги раздели, но и тој се исекол од ножот на левата рака. Двајцата биле пренесени во Ургентен центар Гостивар за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Извор: МВР
Временска прогноза
Западните и северозападните делови од Македонија утрово под продор на ладен и влажен воздух кој носи снежни врнежи
Нов продор на ладен воздух и формирање циклон во областа на северен Јадран. Овој атмосферски систем со низок притисок, циклонска циркулација во текот на новиот ден понеделник брзо ќе се поместува кон централен Јадран и Јонско Море влијаејки на времето во регионот.
Првиот влажен бран ќе се почувствува во утрово, односно во утринските часови во западните и северозападни делови од Македонија каде со очекуваат нови врнежи од снег а во пониските предели од дожд.
Во попладневните часови врнежите ќе интензивираат (особено во Охридско-Преспанскиот регион и Пелагонија) така да не се исклучува и појавата на снег во одделни пониски места, предмалку за јавноста извести Славчо Попоски.
Временска прогноза
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот
Многу длабок циклонски систем кој ќе биде со центар над Средоземјето, и во центарот на овој циклон воздушниот притисок ќе изнесува 989 хехтопаскали. Овој многу длабок циклонски систем ќе биде придружен со многу ладен воздух од север.
Во ваква ситуација во најголем дел од Балканот од вечерва па натаму во следните неколку денови ќе има многу обилни снежни врнежи, па така на многу места ширум државите од регионот ќе наврне големо количество на снег. Речиси сите држави од регионот ќе бидат зафатени од овој силен снежен бран. На многу места се очекува снежна покривка близу, па и над половина метар. На планините таа ќе достигнува дури и над еден метар.
Сето ова ќе биде проследено и со многу ладен ветер од северен и од североисточен правец кој понекаде ќе достигнува брзина и до околу, па и над 100 км/час. Токму поради ова ќе има појава и на снежни наноси.
На метеорлошката карта можете да ја погледнете очекуваната снежна покривка во државите од регионот до 25 Декември, на Католички Божик.
Со ова може слободно да кажеме дека овој циклон ќе биде сличен на оној циклон Габор од 2012 година, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес и календарски е зима, од понеделник по студено со снег и силен ветер
Утре (недела 22.12.2024) ќе имаме краткотрајно стабилизирање на времето со утрински температури кои речиси насекаде ќе бидат под нулата, студено ќе остане и во текот на денот и со повеќе сонце.
Почнувајќи од понеделник 23.12.2024 па во деновите потоа под влијание на длабок циклон со центар над Средоземјето кој ќе биде поврзан со многу ладен воздух од север, ќе имаме нови обилни врнежи кои ќе бидат најмногу од снег, а особено во Повардарието и во крајните југоисточни предели ќе бидат од дожд, повремено од дожд и снег.
На планините и на Скијачките центри ќе има дополнително и големо зголемување на снежната покривка, и таа вкупно би можела со новиот снег да изнесува и над половина, до речиси еден метар снег.
– Снежна покривка ќе се формира и во повеќето градови во Македонија и тоа со висина од 5 до 10 сантиметри, а во западните и во источните предели локално од 10 до 20 сантиметри, понекаде можно е и до околу, па и над 30 сантиметри. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до Скопје и околината, со овој нов голем влажен и ладен бран ќе има врнежи од дожд и од снег, а се очекува и формирање на снежна покривка, особено на околните планини и во повисоките предели од котлината. Формирање на помала снежна покривка се очекува и во делови од пониските предели од Скопската котлина. Повремено и во Скопскиот регион ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие во текот на наредната седмица наутро на многу места ќе бидат под нулата, додека дневните максимални температури, исто така ќе се движат на многу места само за некој степен над нулата, или до околу нулата, додека во некои места тие и преку ден ќе останат под нулата, особено во оние повисоки населени места, планините, и секако Скијачките центри.
– Секако и да предупредам, со оглед на оваа настаната временска состојба, доколку од понеделник 23.12.2024, па во деновите потоа, поради очекуваните обилни врнежи од снег, препорачувам крајно да бидете внимателни особено вие возачите и тоа доколку патувате кон планинските превои каде секако ќе има многу снег и појава на голомразица. Исто така, на Скијачите им препорачувам да не се оддалечуваат од Скијачките центри, односно да не се движат кон поголеми надморски височини, и тоа поради намалената видливост која се очекува.
Исто така, од денес 21 декември (сабота) и официјално ни започнува Календарската Зима, и истата ќе си го покаже своето вистинско лице, и тоа како што доликува, информира Славчо Попоски
-
Временска прогноза13 часа
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (22 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Од денес и календарски е зима, од понеделник по студено со снег и силен ветер
-
Хороскоп39 минути
Хороскоп за понеделник (23 декември)
-
Автомобили15 часа
Автомобилскиот бренд Dacia продаде повеќе од пола милион примероци во Европа за 11 месеци од оваа година
-
Спорт12 часа
Масар Омерагиќ со 62 гласа и нути еден против избран за нов претседател на ФФМ
-
Магазин12 часа
Живот на Месечината? Јапонија работи на лунарно живеалиште со вештачка гравитација
-
Социјални мрежи1 ден
„ТикТок“ станува недостапен во Албанија, владата ја затвори социјалната мрежа на најмалку една година