Следете не

Македонија

Драма во Скопје ноќва: Едно лице убиено, друго се бори за живот

Објавено пред

на

Вечерва едно лице е жртва на престрелка на Улицата Рузвелтова.

Едно лице е убиено а уште едно се бори за живот. Изрешетаното возило застанало пред кафулето Галери.

Според првичните, непотврдени информации едно лице починало на местото на пукотницата, а едно се бори за живот. 

Телото на убиениот и тешко повредениот во престрелката се пренесени на Клиничкиот центар.

Се уште не е познат идентитетот на жртвата и напаѓачите. Наутро се очекуваат повеќе информации од МВР, откако ќе биде завршен увидот на местото.

Улицата е затворена за сообраќај.

Извор: Puls24 / Mkd / infoMAX.mk

Македонија

Битолчанец бил измамен, му посредувале за наследство од починато лице кое немало законски наследници

Објавено пред

на

На 27.01.2025 во СВР Битола, 20 – годишник од битолско село пријавил дека бил измамен од едно женско лице за сума од 4.440 американски долари.

Според пријавеното, во ноември 2024 година лицето го контактирало преку социјални мрежи, се претставило дека е од Малта и дека може да му помогне да се стекне со наследство на починато лице од РМ, кое немало законски наследници.

Како што е пријавено, тие комуницирале повеќе од два месеци и во тој период преку брз трансфер на пари оштетениот во неколку наврати ѝ уплатил вкупно 4.440 американски долари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакна МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

ДПИ ќе спроведува засилени контроли према законите за угостителска дејност и заштита од пушење цигари

Објавено пред

на

©ДПИ

Во наредниот период Пазарниот инспекторат ќе спроведува засилени контроли на терен во согласност со Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушење. Контролите ќе бидат спроведувани во координација со Министерството за внатрешни работи, и тоа низ цела територија на Македонија, со акцент на спречување на послужување алкохол на малолетни лица, се наведува во соопштението.

Послужување алкохол на малолетни лица е кривично дело, а казните за оние угостители што ќе бидат затекнати како послужуваат алкохол на малолетни лица се ригорозни и се движат до 4.000 евра. Освен парични казни, се изрекуваат и казни за забрана за работа во период од еден месец.

Апелираме до угостителите да постапуваат во согласност со обврските кои произлегуваат од Законот за угостителска дејност, по кој се должни да ја утврдат возраста на лицето на кое се послужува алкохол!

Доколку Пазарниот инспекторат утврди нерегуларности, најригорозно ќе постапува!

Државниот пазарен инспекторат заедно со останатите надлежни институции и понатаму ќе продолжи да спроведува заеднички акции кои ќе ги спречат дејствата поврзани со послужување алкохол на малолетници, истакна Директорот на ДПИ, г-дин Влатко Стојкоски.

Прочитај повеќе...

Македонија

Во охридската Општа Болница вработена нападнала колешка во работно време

Објавено пред

на

На 24.01.2025 во 13.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка која извршувала работни обврски.

По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle53 минути

Дали ја држите чашата за вино правилно? Еве зошто е важно

Многумина уживаат во чаша вино по долг ден, но малкумина размислуваат за начинот на кој ја држат. Според експертите, правилното...

Lifestyle57 минути

Пет работи што никогаш не треба да ги правите на празен стомак

Она што прво го внесувате во организмот наутро не само што влијае на вашиот ден, туку и на целокупното здравје....

Магазин59 минути

DeepSeek го освојува светот: Отворениот AI, Google и NVIDIA во криза!

Појавата на новиот асистент со вештачка интелигенција од Кина – DeepSeek – предизвика големи промени на глобалната технолошка сцена. Најдобар...

Магазин1 час

Sony го прекинува производството на Blu-ray дискови, MiniDiscs и MiniDV касети

Sony најави дека ќе престане со производството на неколку видови медиуми за снимање видео и аудио содржина, вклучувајќи ги Blu-ray...

Магазин1 час

Nvidia: Конекторите за напојување на RTX 50 се безбедни

Компанијата Nvidia уверува дека графичките картички од серијата RTX 50 нема да се соочат со проблеми со топење на конекторите,...

Временска прогноза2 часа

На повидок краткотрајна пролет, температури во пораст до 20°C

Денес и утре (31 јануари и 1 февруари) во Македонија ќе има многу повеќе сончеви периоди и ќе биде невообичаено...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за петок (31 јануари)

ОВЕН Вашиот најголем непријател овие дена ќе биде здодевноста и мрзеливоста на работа. Обидете се што побрзо да се грижите...

Спорт13 часа

(ВИДЕО) Домаќинот Хрватска со победата над „големата“ Франција ќе игра во големото Финале!

Хрватската машка ракометна репрезентација се пласираше во финалето на Светското првенство, откако во преполната сала во Загреб ја совлада Франција...

Спорт13 часа

ФФМ организираше семинар за медицински лица, како и практични вежби на фантоми од медицинскиот симулациски центар

Фудбалската федерација на Македонија го спроведе годишниот семинар за доктори и физиотерапевти на тема „Ургентни состојби и траума во фудбалот“....

Кичево14 часа

Учесници, спонзори, помагатели, фирми и луѓе со големо срце кои дадоа свој придонес за мега спектакуларниот кичевски „Хуманитарен Божиќен Базар“

Почитувани граѓани, изминува месец јануари, но емоциите од „Божиќниот Базар“ кој се одржуваше традиционално по 4 пат на градскиот плоштад...

НАЈЧИТАНИ