Следете не

Здравје и убавина

Една чаша јогурт дневно штити од мозочен и срцев удар

Објавено пред

на

Јогуртот го спречува задебелувањето на крвните садови, што инаку може да доведе до мозочен и срцев удар, и го намалува ризикот од кардио-васкуларни болести кај жените – открива едно тригодишно истражување на болницата Sir Charles Gardener во Перт спроведено врз 1080 жени постари од 70 години.

Истражувањето покажало дека оние жени кои секојдневно пијат по најмалку 100 грама јогурт имаат поздрави крвни садови од оние кои не пијат јогурт.

„Иако млечните производи не се баш најдобри за срцето, пробиотиците и јогуртот имаат благотворно дејство. Јогуртот делува така што го зголемува нивото на добриот холестерол во крвта, а тој ги чисти артериите од опасните наслаги на лошиот холестерол“ – истакнува за Daily Mail водителката на истражувањето.

Здравје и убавина

На колку време треба да се менува четката за заби?

Објавено пред

на

„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!

Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.

И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.

Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.

Извор: denar.mk

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Како да направите диетален домашен сок од ананас

Објавено пред

на

Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.

Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.

Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…

Состојки:

– 1 ананас

– 1 лажица ленено масло

– 2 дл. Ладна вода

– малку сок од лимот или лимета

Подготовка:

Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.

Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата

Објавено пред

на

Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.

Состојки:

– 2 литри обична природна вода

– 1-2 големи портокали

– 3 киви

– 5 јагоди

– сок од половина лимон или лимета

Начин на подготовка:

Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Гејминг1 час

Ќе има ли втор трејлер за долгоочекуваната „GTA 6“ ?

Rockstar и Take Two откриваат повеќе за „исклучителното“ продолжение на серијата GTA. Имено GTA 6, долгоочекуваното продолжение на една од...

Македонија9 часа

ДПИ со соопштение за мониторинг на цени на производи од „Новогодишна кошница“

Имајќи предвид дека од денес започнува кампањата на Владата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме!“, Пазарниот инспекторат низ...

Автомобили10 часа

Електричните возила и plug-in хибридите покажуваат повеќе дефекти од бензинските автомобили

Новата студија на Consumer Reports, спроведена врз повеќе од 300.000 автомобили, открива дека електричните возила и plug-in хибридите имаат значително...

Автомобили10 часа

Италија воведе драстични казни за сообраќајни прекршоци: Еве што треба да знаете

Италија значително ги зголеми казните за низа сообраќајни прекршоци, во обид да го намали високиот број на сообраќајни несреќи со...

Магазин10 часа

Цените на новите Samsung Galaxy S25 модели можеби нема да се зголемат

Samsung подготвува лансирање на новата серија Galaxy S25 телефони во јануари, а иако првите гласини сугерираа можни поскапувања, најновите информации...

Магазин10 часа

Microsoft ги укинува кредитите и специјалните телефонски броеви на Skype

Microsoft официјално ги укина две од главните премиум функции на Skype – кредитите за повикување и специјалните телефонски броеви. Што...

Магазин10 часа

Можеби ќе ви треба нов кабел: доаѓа HDMI 2.2

HDMI Форумот објави дека наскоро ќе го претстави новиот стандард HDMI 2.2, кој ќе донесе значајни подобрувања во резолуцијата и...

Македонија13 часа

Поголемиот дел од Македонија под дожд, превоите и скијачките терени под снег

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Дебар, дури 53 литри, додека снежната покривка до 7 часот утринава изнесуваше...

Македонија13 часа

Нормализиран сообраќајот према Стража, се укинува забраната за ТТВ

АМСМ предмалку соопшти дека е нормализиран сообраќајот, односно забраната за движење на ТТВ на патниот правец Гостивар – Стража се...

Македонија15 часа

Од предмалку воведена забрана за тешки товарни возила за превој Стража

АМСМ предмалку објави дека од 06:55 часот, на патниот правец Гостивар – Стража и обратно има забрана за ТТВ. СОСТОЈБА: Сообраќајот...

НАЈЧИТАНИ