Временска прогноза
Доаѓа екстремно лето: Објавена е долгорочна временска прогноза
Во текот на летните месеци, во делови од Западна и Централна Европа се очекуваат долги периоди на висока топлина. Највисоките температури на воздухот во тие периоди ќе надминат 32 степени во Тулуз и Лион, Милано и Фиренца, и Франкфурт и Берлин. Слична е ситуацијата, иако малку поблага, и во областа на Истра.
Најекстремната топлина ќе доведе до зголемување на температурите до 38 Целзиусови степени во јужниот дел на Франција и во северниот дел на Италија.
– Постои загриженост од појава на долготраен топлински бран подоцна во текот на летото, во август, кој би можел да биде многу опасен за постарата и помладата популација – изјави метеорологот на AccuWeather Alan Repert.
“Ќе има долгорочна опасност од лош квалитет на воздухот што особено ќе влијае на постарите лица и на оние со лоши здравствени состојби”, рече метеорологот Tyler Roys.
Како резултат на големи жештини во овие области се очекува суша, што може да резултира со појава на големи шумски пожари. И покрај тоа што се очекува подпросечна стапка на врнежи, оваа област е загрозена и од повремени силни грмотевици и бури.
Катастрофални и опасни бури во Полска, Чешка и Белорусија
Додека делови од централна и западна Европа ќе бидат погодени само од локални силни бури, Источна Европа ја чекаат серија опасни грмотевици и бури во текот на целото лето.
Комбинацијата на над натпросечно високи температури и влажен воздух кој ќе пристигне од Медитеранот ќе доведе до создавање на силни грмотевици и невреме во областа од источна Полска и Чешка па сѐ до Белорусија.
“Најмногу бура ќе има во попладневните и вечерните часови”, вели Roys.
Најголем ризик од опасни бури се заканува на Прага, Вроцлав, Варшава и Минск. Овие бури ќе бидат проследени со урагански ветрови и поплави, што може да доведе до големи нарушувања во сообраќајот. Најсилните бури може да доведат до создавање на торнада.
Други области на кои, исто така, им се закануваат катастрофални бури се Минхен и Дрезден, Виена и Вилниус.
Честите грмотевици, бури и опасност од поплави во јужниот дел на Хрватска и Италија
Поголем дел од Европа може да очекува посуво лето од просекот, но јужните делови на Италија и на Балканот ќе бидат погодени од честите бури проследени со грмотевици. Крајниот југ на Босна и Херцеговина и Хрватска се вклучени во таа област.
Со можноста за чести бури и грмотевици, најголема опасност сепак ќе бидат поплавите. Областите како што се Рим, Неапол, Тирана и Софија ќе бидат погодени од големи непогоди кои можат да предизвикаат и по животот опасни поплави, предупредува AccuWeather.
Во овие области се очекуваат долги периоди на поројни дождови. Може да траат и со денови.
Топло, суво лето од Велика Британија до Белгија и Холандија
Долги периоди на топло и сушно време ќе го одбележат летото во Велика Британија, во северозападниот дел на Франција, Белгија и Холандија.
Бранови на топлина би можеле да ја погодат јужната Франција и северот од Италија. Иако овие топли периоди ќе траат подолго време, нема да има опасност од пожари или пеколни и температурни рекорди.
“Ова лето ќе биде едно од трите најжешки во последните 10 години во оваа област”, рече метеорологот Roys.
Суша од Украина до Хрватска
Сушата ќе биде голем проблем ова лето за областите од Украина па се’ до Хрватска и северниот дел на Балканот. По дождливиот март следеше сушен април, а таквото време ќе продолжи и во текот на поголемиот дел од летото.
– А сериозната суша по студениот февруари и почетокот на март може да доведе до големи штети на земјоделското земјиште – предупредува AccuWeather.
Во некои делови од Балканот и Украина, може да има недостаток на вода за пиење. AccuWeather забележува дека бранови на топлина се очекуваат и во оваа област, иако тие нема да бидат изразени како минатото лето.
“Нормално” лето во Шпанија и Португалија
Иако во областа на Шпанија и Португалија ќе биде топло време, ова лето ќе биде “понормална” отколку во претходните години, кога регионот бил уништен со екстремни горештини.
Се очекуваат натпросечна количина на врнежи, што би требало да спречи појава на големи пожари на кои сме сведоци во последниве години.
Затоа, AccuWeather за областа на Македонија предвидува чести бури и грмотевици, но најголема опасност сепак ќе бидат поплавите кои можат да бидат опасни по животот.
Временска прогноза
Од среда на повидок пролетни дневни температури, вакво време не очекува оваа седмица

Во текот на новата седмица која е пред нас, особено пак од средината на истата па во деновите потоа, нашата територија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса од југ и во поле на висок воздушен притисок (Антициклон). Во ваква ситуација времето ќе биде сончево, повремено со сосема мала и локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
И во Скопје и околината во текот на новата седмица не очекува стабилно, суво, сончево и многу потопло време, особено од среда.
Што се однесува до температурите, тие преку ден значително ќе пораснат како што и претходно кажав и максималните дневни температури од среда па во деновите потоа ќе се искачуваат во интервалот дури од 15 до 22/23 степени. Во Скопје пак температурата ќе се искачи до околу 20/21 степен.
Да напоменам дека утрата ќе бидат поладни, но не премногу, па така наутро температурите на повеќе места ќе се спуштат за некој степен под нулата, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Вакво време не очекува во текот на утрешниот ден

За време на овој викенд продолжува многу променливото време во нашата Република Македонија. Веќе утре (недела 2 март) поради спуштање на поладен воздух од север, на планините со висина од над 1000 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец, кој особено долж Повардатието повремено ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.
Поради понатамошното спуштање на ладниот бран од север, утре (недела 2 март) особено во северозападните, северните и во североисточните предели од нашата Република Македонија, снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така повремен снег ќе има и во повисоките населени места во овие делови од нашата Македонија.
Што се однесува до температурите на воздухот, тие денес (сабота 1 март) ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени, додека утре (недела 2 март) тие ќе бидат значително пониски и максималните дневни температури на воздухот кај нас ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 11 степени.
Да напоменам, дека со овој продор на ладен воздух од север, во Скопје ќе има врнежи од дожд, додека на околните планини врнежите ќе преминат во повремени послаби врнежи од снег. И во Скопје утре (недела 2 март) повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, а максимумот на температурата ќе се искачи до околу 9 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Од недела нашата територија ќе биде изложена на нов ладен и влажен бран, ова се информациите

Во недела на 2 март нашата територија повторно ќе биде зафатена од нов ладен и поголем влажен бран кој ќе услови пообилни врнежи кои во градовите ќе бидат претежно од дожд, додека на повисоките места и на планините (до околу 1000 метри надморска височина) врнежите ќе бидат од снег.
Снежната граница, особено во северните и во северозападните предели се очекува да се спушти и под 1000 метри, па така, појава на повремен снег во овие предели ќе има и во дел од повисоките населени места. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.
И во Скопскиот регион со овој ладен и влажен бран од север ќе има врнежи од дожд, а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Не се исклучува можноста послаби врнежи од снег во недела на 2 март да има и во дел од повисоките предели од котлината. Повремено и во Скопје ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие во недела на 2 март позначителнои ќе опаднат и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, информира Славчо Попоски
-
Кичево2 дена
Следните кичевски улици и села утре и во вторник ќе имаат прекин во електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (3 март)
-
Временска прогноза2 дена
Од среда на повидок пролетни дневни температури, вакво време не очекува оваа седмица
-
Македонија2 дена
Лишен од слобода возач кој под дејство на алкохол удри пешак синоќа во Скопје, одземено му е возилото
-
Култура2 дена
Денеска е „Прочка“ ова се верувањата и обичаите за овој голем ден
-
Македонија15 часа
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена
-
Кичево10 часа
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за вторник (4 март)