Спорт
На повидок нов скандал на ФИФА?! Не гласав за Меси, мојот избор е лажен?
Непосредно откако Лионел Меси беше избран за најдобар играч во светот, ФИФА ги објави гласовите на сите капитени ширум светот кои земаат учество во гласањето, но сепак резултатот од истите сега ни донесе еден голем скандал, бидејќи двајца се пожалија за фалсификување на нивниот избор.
Меси за првпат во својата кариера ја доби „The Best“ наградата која неодамна ја смисли светската куќа на фудбалот, но сега овој избор и носи големи проблеми на ФИФА, откако двајца јавно се пожалија дека нивните гласови биле измислени, односно во вториот случај, променети.
Капитенот на Никарагва, Хуан Барера според записникот на ФИФА им дал гласови на Меси, Мане и Роналдо, но самиот тој вели дека воопшто не гласал и дека не учествувал во изборот за најдобар светски фудбалер.
– Не гласав за наградите „The Best“, секоја информација за моите гласови е лажна. Ви благодарам, – порача Барера на Твитер.
Покрај капитенот на Никарагва, спорни се и гласовите на Здравко Лугаришиќ како селектор на Судан, кој пак вели дека гласот со највеќе бодови му бил променет. Тој својот глас го дал за Мохамед Салах, но истиот завршил кај победникот Лионел Меси.
No Vote por los premios #TheBest2019 cualquier información sobre mi voto es falso , gracias.
— Juan Barrera (@juanbarreranica) September 24, 2019
/derbi.mk
Спорт
Ѓоковиќ и натаму е на седмото место на АТП листата
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и натаму е на седмото место на АТП листата со 3.910 бодови, додека Италијанецот Јаник Синер е прв со 11.830 бодови. Германецот Александар Зверев е втор со 7.915 бодови, додека на третото место е Шпанецот Карлос Алкараз со 7.010 бодови.
Потоа следат Американецот Тејлор Фриц, Русинот Данил Медведев и Норвежанецот Каспер Руд. Рускиот тенисер Андреј Рубљев е осми тенисер во светот, а зад него се Австралиецот Алекс де Минор и Бугаринот Григор Димитров.
Како и кај другите српски тенисери, Миомир Кечмановиќ го задржа 54. место со 1.021 бод, додека Душан Лајовиќ е 81. светски играч со 710 поени. Хамад Меѓедовиќ е 114. тенисер во светот со 536 поени, додека Ласло Џере е на 115. позиција со 519 поени, пренесува danas.rs
Спорт
Гвардиола: „Се е полошо и полошо, неможам да најдам решение“ – По водството Манчестер Сити за две минути прими два гола и остана без бодови
Манчестер Сити и Пеп Гвардиола испуштија победа во градското дерби. „Сити“ водеше на „Етихад“ до 88. минута, за само две минути примија два гола и останаа без бодови: Манчестер Сити – Манчестер Јунајтед 1:2.
Шпанскиот тренер по мечот делуваше неутешно, а неговите играчи беа вознемирени, особено Матеус Нунес, виновникот за пеналот.
– „За жал, оваа година пречесто почнаа да ни се случуваат вакви работи. Не бевме добри во начинот на кој игравме. Порано се се одвиваше така глатко, сега се мачиме од разни причини. Ова е голем пораз. Вложивме сè и натпреварот беше речиси затворен. Тешко е да се прифати дека на крајот примивме два гола и загубивме. Ова не е вина на еден играч. Ова е дефинитивно тешка сезона за нас“, изјави Пеп Гвардиола.
Сегашната статистика е катастрофална. Дури осум порази во последните 11 натпревари во сите натпреварувања.
– „Немавме толку порази во претходните две сезони заедно. Мора да се браниме подобро. Загубивме премногу натпревари. Тешко е, но мораме да продолжиме понатаму и да се обидеме да најдеме решение“.
Новинарите прашаа дали овој пораз од градскиот ривал му бил еден од најтешките на клупата на Сити. Добија негативен одговор.
– „Мислам дека во овие девет години не беше најтешкиот пораз. Поразите се многу потешки во Лигата на шампионите. Но, во моментов ни требаат резултати за да ни се подигне духот. Сè е полошо и полошо. Морам да најдам решение. Досега не сум успеал и тоа е вистината“.
Сити остана на петтото место со 27 удари. Во следното коло гостува Астон Вила.
Табела:
Спорт
Македонија во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн за квалификации за СП 2026
Денеска во Цирих, Швајцарија се одржа ждребот за квалификациите за пласман на СП, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико во периодот од 11 јуни до 19 јули 2026 година.
Нашата најдобра репрезентација се наоѓаше во третиот шешир и на денешното извлекување за ривали ги доби селекциите на Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн, во рамките на групата Ј.
Квалификациите за пласман на СП 2026 ги стартуваме во март, информираа од Фудбалската федерација на Македонија
🎙️ Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
💬 “Извлекувањето во Цирих ни носи надеж.
Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман”.
Благоја Милевски: За мене е важно ние да го задржиме истиот пристап како на последните натпревари од Лига на нации, силно мотивирани да влеземе во квалификациите и да одново да се бориме за резултат кој може да ни донесе можност за евентуален пласман на големо натпреварувањe
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (16 декември)
-
Кичево10 часа
(ФОТО) Дечиња од реканскиот крај викендов го посетија кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“, каде одблиску се запознаа со Божиќните активностите и богослужбите
-
Македонија2 дена
Од предмалку воведена забрана за тешки товарни возила за превој Стража
-
Временска прогноза1 час
Засилен ветер и снег е новата метео анализа за викендот кој ни доаѓа
-
Македонија1 ден
ДПИ со соопштение за мониторинг на цени на производи од „Новогодишна кошница“
-
Македонија2 дена
Поголемиот дел од Македонија под дожд, превоите и скијачките терени под снег
-
Магазин1 ден
Можеби ќе ви треба нов кабел: доаѓа HDMI 2.2
-
Македонија2 дена
Нормализиран сообраќајот према Стража, се укинува забраната за ТТВ