Следете не

Без категорија

Тешка несреќа во Германија, најмалку 17 повредени (ФОТО)

Avatar

Објавено пред

на

Најмалку 17 лица се повредени кога неидентификуван маж удри во неколку возила во центарот на Лимбург, Германија со украден камион, соопшти локалната полиција.

Инцидентот се случи вчера попладне. Повреден е и возачот на украдениот камион, кој е приведен.

Истрагата е во тек, а полицијата соопшти дека не е исклучено да се работи за терористички напад.Во декември 2016 година камион влета на божиќен пазар во Берлин во исламистички напад пришто загионаа 12 луѓе и над 70 беа поредени, јави ДПА.

Без категорија

Бигорскиот манастир ќе прослави 1.000 години постоење

Avatar

Објавено пред

на

Игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј, во придружба на неколку монаси од Бигорски и монахињи од манастрот„ Свети Георгиј Победоносец“ од селото Рајчица, имаше работна средба со Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, информираа од Бигорскиот манастир.

-На средбата беа присутни, и повеќе познати личности од културно-општествената сфера во Македонија, а беше разговарано за претстојниот голем јубилеј на Бигорскиот Манастир – 1000 години од неговото основање. Сите присутни изразија особена желба и подготвеност да излезат во пресрет за подготовките за јубилејот, додаваат од Бигорскиот манастир.

Посочуваат дека на ова прва средба околу одбележувањето на јубилејот, било одлучено во скора иднина да се формира координативно тело, кое што ќе раководи со активностите за достојна прослава на реткиот и огромен по значење милениумски јубилеј.

Манастирот е основан во далечната 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин.

Посветен е на Крстителот Господов, Свети Јован, за кого самиот Господ Исус Христос рекол дека меѓу родените од жена нема поголем од него.

/Markukule.mk

Прочитај повеќе...

Без категорија

МВР: Поради безбедно изведување на боево гаѓање на стрелиште во с.Осој – кичевско времена забрана за движење

Avatar

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи известува дека на ден 06.10.2019 година (Недела) и 08.10.2019 година (Вторник), на стрелиштето во с.Осој во рамките на нивните активности ќе се одржи боево гаѓање со пешадиско вооружување.

Со цел безбедно изведување на боевото гаѓање се известува месното население од с.Кнежино, с.Осој, с.Раштани и од непосредната околина, како и другите граѓани, во горенаведените датуми во временскиот период од 05:00 – 17:00 часот, не се упатуваат на стрелиштето или во неговата околина поради било какви причини, било тоа да е напасување на стока или други активности.

27.09.2019 година
Министерство за внатрешни работи
Сектор за внатрешни работи – Охрид

Полициска станица од општа надлежност – Кичево

Прочитај повеќе...

Без категорија

Зошто планинарењето е одлична активност?

Avatar

Објавено пред

на

Една од работите кои задолжително треба да почнете да ги практикувате во новата година (доколку досега не сте го сториле тоа) е поголемата физичка активност. Притоа имате многу опции што можете да ги одберете – практикување некој спорт, посетување теретана, како и планинарење (излетничкото, рекреативно планинарање). Последнава опција нуди многу придобивки, а дел од нив можете да ги прочитате во продолжение.

Рекреативното планинарење е одлична вежба чиј ефект меѓу другото се согледува и во следново:

1. Преку оваа физичка активност се намалува ризикот од појава на срцеви болести.

2. Го подобрува крвниот притисок и го регулира нивото на шеќерот во крвта.

3. Го подобрува балансот на телото.

4. Помага да воспоставите контрола врз тежината. Врз ова има влијание не само искачувањето, туку и фактот што носите одредена тежина на себе која помага во дополнителното согорување на калории.

5. Го подобрува вашето расположение (како што пренесува webmd, овој вид на активност помага да се справите со стресот и нервозата). Со тоа може да им послужи како терапија на луѓето кои се склони кон депресија.

6. Воедно, планинарењето е одлично за проширување на кругот на пријатели. Постојат друштва кои организираат колективно планинарење, со што доаѓате во контакт со нови личности.

7. Доколку почнете сериозно да ја практикувате ваквата активност, преку неа можете да посетите доста прекрасни места, во и надвор од нашата земја.

8. Еден од помалку познатите бенфити е дека планинарањето ја поттикнува креативноста. Едно истражување покажа дека минувањето време во природа ја зголемува способноста за решавање проблеми за 50%.

Неколку совети за почетници:

– Почнете полека. Ако имате намера да почнете посериозно да се посветите на оваа активност, прво почнете со посета на локални местенца што ги знаете (како на пример ритчиња кои нема да ви претставуваат поголем проблем со оглед на вашата сегашна кондиција). Постепено ќе стигнете до позиција да можете да искачувате уште поголема далечина.

– Добро би било кога би планинареле по нерамни патеки, затоа што на тој начин ја зголемувате работата на мускулите.

– Не одете сами, најдете друштво, некој пријател кој ќе ве придружува. Не само поради фактот што така е позабавно, туку и во случај да се случи нешто непријатно и непредвидено имате човек плус кој може да реагира.

– Бидете подготвени – носете вода и храна со себе, како и соодветни обувки за патеката што имате намера да ја искачите.

– Каде и да одлучите да се упатите добро запознајте ја патеката на која ќе се движите и воедно информирајте се за временските услови.

Кога ќе ги минете првите чекори, потоа можете да му се придружите на некое планинарско друштво и на тој начин да почнете посериозно да се посветите на оваа активност.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 5 часа

Викенд акција на производи во АТВА Маркети – Кичево

Денес и утре продолжуваат акциите на производи по пониски цени! Посетете ги АТВА Маркетите уште веднаш!

МагазинПред 14 часа

Редовен Хороскоп (19.10) Сабота

ОВЕН Иако сакате да ја промените работата, имате впечаток дека сѐ уште не сте сосема подготвени на тој чекор. Не...

КичевоПред 15 часа

(ГАЛЕРИЈА) Вечерва во Кичево беше успешно реализиран хуманитарен концерт наменет за доизградба на црквата „Св.Атанасиј“ од с.Миокази

Денес, петок 18.10.2019 успешно се реализираше хуманитарен концерт чии финансиски средства од продадените карти директно се наменети за доизградба на...

КичевоПред 20 часа

Кичевчани спремно е се за одржување на Хуманитарен концерт, повелете

Спремно е се за реализација на Хуманитарниот концерт за доизградба на светиот храм во с.Миокази – Св.Атанасиј. Настанот ќе го...

ВидеоПред 2 дена

(ВИДЕО) На ракија проба да јава коњ, но некако не му одеше…

Кутриот „малку“ се напил и не може сега ниту да се качи на коњот. Очигледно сега се му е недостижно:

ХороскопПред 2 дена

Денешен Хороскоп (18.10) Петок

ОВЕН Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве...

Живот и стилПред 2 дена

Обратна психологија на жените: Вака се врти маж на мал прст

Не за џабе се вели: „Мажот е главата на семејството, но жената е вратот”. Таа е таа која има способност...

КичевоПред 2 дена

(ФОТО) Конечно се започна со „асфалтирање“ магистралниот пат на излез од Кичево

После речиси месец и половина возење како „по шини“ врз огромен број концентрирани честички „прашина“ денес механизацијата започна да го...

СпортПред 2 дена

Ла Лига повторно со иницијатива да се играат првенствени натпревари надвор од Шпанија

Раководството на шпанската Ла Лига не се откажува од идејата да се игра првенствен натпревар во друга земја. Според објавеното...

БалканПред 2 дена

Малолетничка си го убила бебето – и помогнала мајка и

Уапсена е малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а во тоа и помогнала и нејзината мајка. Според неофицијални...

НАЈЧИТАНИ