Следете не

Случувања

(ФОТО) Фудбалер на Осасуна доживеа сообраќајка и патосира бандера со неговото Порше

Објавено пред

на

Играчот за врска на Осасуна, Рубен Гарсија доживеал тешка сообраќајна несреќа предизвикана од пребрзо возење на неговото Порше.

Шпанскиот фудбалер загубил контрола над возилото и се удрил во ѕид, но за среќа минал без повреда, па дури утринава се појавил и на тренинг.

Полицијата крена постапка против него.

-Улиците на нашиот град не се патеки за проверка на брзината на возилата. Ако возите пребрзо тогаш ќе завршите како овој вчера на улицата Садар. Овој пат возачот мина без повреди, но вакво однесување мора да се избегне. Автомобилите се сретство за превоз, не за забава, предупреди полицијата, посочувајќи ја за пример тешката сообраќајна несреќа на фудбалерот.

26-годишниот Гарсија останал без возачка довола, а со сигурност го чека и дополнителна казна.

Македонија

Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција

Објавено пред

на

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Викендов на повидок екстремен сибирски ладен бран

Објавено пред

на

Уште од недела (6 април) рано наутро, па во текот на целиот ден ќе има пообилни врнежи кои најпрвин ќе бидат од дожд на ниските места (градовите) и од снег на повисоките населени места  и на планините, секако и на Скијачките центри. Поради брз продор на многу ладен бран директно од Сибир, во текот на денот во недела (6 април) а особено попладнето и вечерта врнежи од снег ќе има  и во повеќето пониски места (градовите).

Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час). Температурите ќе опаднат дури за 10 до 15 степени во однос на оние кои ги имаме сега, и тие ќе бидат далеку под просекот за април (дури и за повеќе од 10 степени пониски од просечните за овој период од годината).

Покрај појавана на силен мраз, на планинските и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка од 15 до 20 cм снег, понекаде во овие предели снежната покривка ќе биде со висина дури и до 30 cм. Што се однесува до градовите, особено во западната половина од Република Македонија ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 cм, локално и повеќе од 10 cм. На другите места снежната покривка ќе биде многу помала, а во Повардарието и во југоисточните предели речиси снежна покривка и нема да има.

Обилните врнежи кои ќе ги имаме се поради формирањето на секундарниот циклонски систем (поле со низок воздушен притисок) над нашиот дел од Балканот, а формирањето на овој циклон ќе го предизвика токму овој продор на многу ладен воздух директно од Сибир кон Македонија и регионот, предмалку истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Скопје

МВР: Дисциплинска постапка за двајца полициски службеници кои лажно тврделе дека возилото „порше“ е службено

Објавено пред

на

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР извршени се проверки по објавена видео снимка на социјалната мрежа фејсбук на 04.04.2025. На видеото се гледа како група граѓани бараат од полициски службеник, кој постапува со специјално возило „пајак“, да го подигне возилото „порше каен“ со скопски регистарски ознаки, поради тоа што било паркирано на велосипедска патека, односно на коловоз.

Полициски службеници од ОВККИПС извршија проверки во ОБПС Скопје и утврдија дека од нивна страна е постапувано по прекршок за погрешно паркирање сторен од возач на патничко возило „порше каен“.

По извршен увид во службената документација, констатирано е дека полицискиот службеник С.Н. од ОБПС Скопје, на 22.03.2025 постапувал по Наредба за вршење дејност бр. 3626 од 21.03.2025 година за непрописно паркирани возила. Од страна на граѓанинот С.Н., на телефонскиот број 192 било пријавено дека на ул. “Орце Николов”, во близина на ресторан, непрописно било паркирано возилото „порше каен“.

Полицискиот службеник С.Н., со специјално возило „пајак“ и двајца вработени од ЈП за јавни паркиралишта на Општина Центар, се упатиле на наведеното место, каде што било затекнато возилото и револтирана група граѓани кои барале возилото да биде подигнато. На местото на настанот, од угостителски објект излегле две лица кои се легитимирале како полициски службеници и изјавиле дека возилото е службено. Полицискиот службеник С.Н. им наредил веднаш да го отстранат возилото и да го паркираат на соодветно место, по што влегол во кабината на „пајак“ возилото со цел да провери дали возилото навистина е службено.

Откако утврдил дека возилото не е службено и дека сè уште не е отстрането, на вработените од ЈП Јавни паркиралишта им дал наредба да го подигнат возилото, по што истото било пренесено во депото. Таму, од страна на полицискиот службеник Х.Ѓ. е составен записник за сторен сообраќаен прекршок по чл. 63 став 6 од ЗБСП, како и прекршочен платен налог, во кој е наведено дека сторител на прекршокот е С.К. (76) од Скопје. Сопственик на возилото е М.Т. (48) од Скопје.

Двете лица кои се претставиле како полициски службеници и тврделе дека возилото е службено, со патничко возило „форд мондео“ се упатиле кон депото. Полициските службеници од ОВККИПС извршиле проверки за возилото „форд мондео“ и констатирале дека истото го управувале полициските службеници Т.Д. и И.С., распоредени во Одделението за лично обезбедување на Претседателот на РМ.

Со овие полициски службеници е извршен службен разговор, при што е констатирано дека сториле потешко прекршување на работниот ред и дисциплина. Од страна на ОВККИПС до Одделот за дисциплински и судски постапки ќе биде поднесен предлог за утврдување на дисциплинска одговорност, велат од МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle10 минути

Планирате патување во Бали? Еве што треба да знаете

Бали е една од најпопуларните туристички дестинации во светот. Познат е по егзотичните плажи, тропската природа и богатата култура. За...

Lifestyle14 минути

4 природни начини за бојадисување велигденски јајца

Се ближи Велигден, а многу домаќинки веќе размислуваат како да ги бојадисаат јајцата на поубав и покреативен начин. Иако индустриските...

Гејминг19 минути

Indiana Jones and The Great Circle пристигнува на PS5 на 17 април

По првичниот дебют на Xbox и PC на почетокот на годината, акционата авантура Indiana Jones and the Great Circle конечно...

Македонија1 час

Граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за сабота (5 април)

ОВЕН Кога станува збор за заработката ве очекуваат некои проблеми, можеби ќе имате некои задоцнувања на исплати. Чувствувате многу силна...

Временска прогноза12 часа

Викендов на повидок екстремен сибирски ладен бран

Уште од недела (6 април) рано наутро, па во текот на целиот ден ќе има пообилни врнежи кои најпрвин ќе...

Скопје13 часа

МВР: Дисциплинска постапка за двајца полициски службеници кои лажно тврделе дека возилото „порше“ е службено

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР извршени се проверки по објавена видео...

Автомобили13 часа

(ВИДЕО) Toyota најавува надградена верзија на GR „Corolla“, премиерата закажана на есен

Toyota најавува надградена верзија на GR Corolla чија премиера е закажана за наесен. Дотогаш Јапонците прикажуваат камуфлиран развоен прототип. Сепак,...

Магазин18 часа

(ВИДЕО) „Форца Бенд“ го објави својот најнов „свадбарски сплет“, во најава нови авторски песни, сплетови и кавери

„Форца Бенд“ предводени од кичевчанецот проф. Христијан Тришоски кој важи за еден од најдобрите вокали во нашите простори и добро...

Скопје23 часа

МВР со соопштение за видеото во Дебар Маало, настанот е од минатиот месец, сопственикот е казнет

Во врска со видеото на социјалните мрежи на кое се гледа непрописно паркирано возило со скопски регистарски ознаки на територија...

НАЈЧИТАНИ