Следете не

Култура

Ѓоко Јовиќ ќе ве наежи со мегахитот за 2019 „За Велигден“ (ВИДЕО+ФОТО)

Објавено пред

на

Естрадниот уметник, златното грло Македонско – Ѓоко Јовиќ во вистински момент го објави својот мегахит „За Велигден“ кој дефинитивно ќе ве наежи!

Музиката е на самиот Јовиќ, додека автор на стиховите е Александар Стевановски, а аранжманот го потпишува Дамир Имери.

Песната е снимена и миксана во студиото „Анастасија“ од страна на Љупчо Павловски, кој го правел и мастерингот на истата, одличното видео е дело на Ване Петкоски со IN Продукцијаа сите вокали ги пее самиот изведувач.

Како звучи и изгледа „За Велигден“ во јануари на Ѓоко Јовиќ дознајте во продолжение, песна кој мора да ја слушнете!

Уживајте!

Култура

Православните Христијани ја дочекуваат Стара Нова година – „Василица“, вечерва се палат традиционални огнови, а утре се крши пита со паричка, на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Објавено пред

на

YouTube printscreen/video

Православните Христијани, чии цркви го користат Јулијанскиот календар вечерва ја пречекаа Православната нова година, која почнува практично од денес, додека утре е Василица. Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили. Сепак како и на секој празник не заборавајте да појдете во црква, да запалите свеќа и да му се помолите на Бог за вас и вашите најблиски.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

Краток прилог од колегите од Телевизија „Стар“ и појаснување зошто се крши паричката на овој ден од, Протојереј Добрица Јанев:

Прочитај повеќе...

Култура

Празникот на љубовта и единството „БОЖИЌ“ – Христос се роди! Навистина се роди, за многу години да ѐ!

Објавено пред

на

©porta.mk

Христово рождество е исполнување на сите човечки копнежи, пророштва и очекувања, реализирање на севкупната и неуништлива жед на човекот кон доброто. „Христос се роди!“ – „Навистина се роди!“

Со овие зборови православните верници денес си го честитаат празникот Божиќ, раѓањето на синот божји, Исус Христос.

Ова се денови кога се најпотребни мир и спокојство меѓу луѓето. Единство кај македонскиот народ и меѓу Македонците што живеат надвор од државава. Христос да биде единствената смисла на нашиот живот, да го љубиме секого како самите себе, да го почитуваме човечкото достоинство и правото на живот, на слобода и на име.

Божиќ или Божик е денот на христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат Грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат Јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари. Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости.

Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Република Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.

*Спонзорирано видео:

Прочитај повеќе...

Култура

Дeнот на очекување на радосната вест, денеска е „БАДНИК“, да се помолиме за здравје, среќа, љубов, мир и благосостојба!

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес е Бадник, додека истражувачите на овие обичаи истакнуваат дека во почетокот Коледе бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, со раѓањето на новото сонце што значело и раѓање или обнова на животот. Подоцна Христијанската црква овој ден го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите свети Августин одговарал: „Ние го празнуваме не како неверниците поради сонцето, туку поради оној што го создал сонцето”.

Иако обичаите што се изведуваат на Бадник и Божик во некои детали меѓусебно се разликуваат од регион до регион, па дури и од село до село, сепак, во основа се изделуваат неколку заеднички елементи, како што се богатата софра, што се подготвува на Бадник навечер, потоа коледарскиот оган заедно со дрвото Бадник, како и коледицата проследена со многу коледарски песни.

Богатата трпеза со исклучително посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и сл. според верувањето, има цел врз принципот на имитативната магија да обезбеди богат род на земјоделските култури. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така, заедно со храната да остане целата ноќ, а во некои места така останува во текот на трите дена додека се празнува Божик. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани. Во Кукушко се подготвувала вечера и за дедо Боже, трпезата се поставувала во дворот, а домаќинот го поканувал: „Поели дедо Боже да вечераме.” На Бадник софрата се става врз слама за спомен на јаслите од Витлеемската пештера во која е роден Исус. Подоцна со оваа слама се врзуваат овошките со верување дека таа ќе ги штити од болести и штетници и дека ќе дадат богат род.

На Бадник, во повеќе краишта на Македонија се меси кравајче, пита или погача во која се става сребрена пара. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравајчето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравајчето ја бараат парата и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои. Оној што ќе ја најдел парата ја ставал во грне или чаша со вино од која сите пиеле за здравје и среќа. Парата ја земал тој што ја нашол или му ја давал на домаќинот и за тоа добивал подароци. Во некои краишта овој обичај се изведува на Василица.

Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Во некои краишта дрвото што се гори е пенушка од даб, во други смрека, а некаде се гори круша горничка (дива круша) зашто се сметало дека таа е најродна, раѓа секоја година. Тоа се правело за да биде и годината родна. Таа ноќ, како што запишал К. Шапкарев, „сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: Бадник – будник”. И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето, будноста покрај овој обреден оган. К. Шапкарев уште забележал дека во Скопје кога оваа пенушка „ќе приближи на догорување, ги истеруваат машките деца надвор, а остануваат само женските, за да видат само тие кога ќе догори. Тоа значело да се раќаат се женски од живата стока на домаќинот т.е. јагниња, телиња, коњи и сл.” Во зборникот на браќата Миладиновци среќаваме податок дека во Кукуш од пенушката оставале едно парче „кое вардат до другата година, за да потпалет огнот во истиот вечер”, а во Воден „това парче закопват в лозје за да се сторит лозјето црно”. Во Дебарско, според записите на В. Икономов, исто така, внимавале “да остане едно парче недогорена гламна коешто секоја вечер од Божик до Богојавление се подгорува и се угаснува со вино – за зачувување од повреда на домашниот ситен добиток.

Во Струга децата одејќи по коледа носеле дрвени чеканчиња со кои тропале по влезните врати и пееле:
– Сива, сива голабица,
каде си се осивила?
– Таму горе на бел Дунав.
– Што имаше, што немаше?
– Ми имаше златна чаша,
златрна чаша, иконата,
да служиме млада Бога,
млада Бога Божикова,
Божик ми е на небеса,
слава му е на земјата.

Раѓањето на Исус Христос нашло место и во повеќе други верувања и преданија, а некои истражувачи веруваат дека оттогаш останало коледето, децата да одат по куќите и да го соопштуваат раѓањето на Богомладенецот Исус Христос.
Интересни обичаи поврзани со овој празник сè уште се изведуваат во Западна Македонија, поточно во с. Битуше. Денот пред Бадник се вика Кршенделија и тогаш при ставање на софрата се става и каленик (чинија) со ореви.

Секој зема по неколку и ги крши при што се верува дека ако тие се здрави, односно со бели и големи јатки и годината ќе биде плодна, односно семејството ќе има напредок. На Бадник, рано наутро, децата оделе во гората да соберат бодници (бадници). Тоа се дабови гранки коишто потоа стоеле покрај домашната икона односно покрај иконата на светецот заштитник. Вечерта кога ќе седнеле на вечера сите се фаќале за бадниците, при што едно бадниково гранче фрлале во разгорениот оган. Верувајќи дека оваа ноќ може да биде опасна поради негативните демони, луѓето ги затворале портите верувајќи дека со тоа им го зџатвораат и простапот на нечистите сили. Тоа трело до пеењето на првите петли кога сите станувале и се подготвувале за одење „в црква”.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ул. „Мечкин Камен“ - Иванидол ул. „Мечкин Камен“ - Иванидол
Кичево2 часа

(ГАЛЕРИЈА) Ова се традиционалните кичевски огнови кои ни ги испративте да ги додадеме во големиот „Василичарски“ албум, за многу години!

Благодарност до сите кои ни испратија фотографии од традиционалните Василичарски огнови за заеднички да го направиме празничниот албум, кој ќе...

Хороскоп4 часа

Празничен Хороскоп за вторник (14 јануари)

ОВЕН Колку и да се согласува човек денес со вас и идеите што ги имате, подеднакво ќе изрази незадоволство, ќе...

Култура8 часа

Православните Христијани ја дочекуваат Стара Нова година – „Василица“, вечерва се палат традиционални огнови, а утре се крши пита со паричка, на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Православните Христијани, чии цркви го користат Јулијанскиот календар вечерва ја пречекаа Православната нова година, која почнува практично од денес, додека...

Кичево9 часа

„Порта.мк“ албум од традиционални „Василичарски огнови“ 2025 од Кичево и кичевско, испратете фотографија од вашиот василичарски огон, вечна традиција, за многу години!

Оваа година повторно ја активираме нашата албум сесија од традиционални „Василичарски огнови“. Имено испратете ни фотографии од огнови во вашето...

Македонија13 часа

Од ноќеска поскапува дизелот и бензинот

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување...

Магазин14 часа

Внимавајте: Вака измамниците ве наведуваат да ја исклучите вашата заштита

Сајбер-криминалците користат трикови за да ја оневозможат заштитата од фишинг што Apple ја вградил за безбедност на корисниците. За да...

Магазин14 часа

Како да користите ChatGPT на iPhone

Нема потреба од OpenAI сметка за да започнете. Со објавувањето на iOS верзијата 18.2 на 11 декември, ChatGPT стана дел...

Lifestyle14 часа

Водич за правилно миење на забите: Што треба да избегнувате

Миењето на забите е клучно за одржување на добра орална хигиена, но многумина прават грешки кои може негативно да влијаат...

Lifestyle14 часа

Најдобра храна за природна детоксикација на телото

Детоксикацијата, особено популарна по празниците, често се смета за начин да се ослободи телото од токсините, да се подобри здравјето...

Магазин14 часа

Samsung Galaxy S25 Ultra: Ексклузивни функции и 4 пати појасни фотографии

Samsung се подготвува за претставувањето на серијата Galaxy S25, предводена од моделот Ultra, кој ветува револуционерни функции и значително подобрување...

НАЈЧИТАНИ