Случувања
КОЈ ГЛЕДАШЕ НАТПРЕВАР ПОСЛЕ ОВА: Атрактивна девојка гола втрча на терен и направи шоу! (ВИДЕО)

Во третата холандска лига се случи интересен „инцидент“ кој веднаш го обиколи целиот свет.
Една навивачка потполно гола втрча на терен и непречена од обезбедувањето направи вистинско шоу за време на натпреварот помеѓу Ријнсбургсе Бојс и АФЦ Амстердам (2-6)..
Иако навивачите на мечот видоа дури осум гола, сепак главна атракција беше атрактивната плавуша која трчаше гола по тревникот.
Во еден момент му пријде на гостинскиот фудбалер Џоел Тилем, кој само ги крена рацете и се повлече.
Кичево
Се спрема најрадосната Лазарева Сабота во Кичево, утре е Втората проба за манифестацијата

Со голема радост споделуваме дел од атмосферата на Првата проба по повод свечената празнична Поворка за празникот на Лазаревото Воскресение (Лазарева Сабота, 12.04.2025г.).
Воедно, и ве повикуваме, што побројни, сите кои сакаат да земат учество во свечената Поворка, во Четврток на 10ти Април, во 18:30ч. во просториите на Црквата ,,Свв. апостоли Петар и Павле” да ги испееме најрадосните Каланди кои ни го навестуваат Воксресението Христово и да ги оцелосиме подготовките за Лазаревата Сабота.
🗓10.04.2025г. – ⏰️18.30ч во просториите на Црквата ,,Свв. апостоли Петар и Павле” – Кичево – Втора проба.
Ве очекуваме, истакнаа од Хорот Митрополит Козма Пречистански
Линк до објавата ТУКА
Македонија
Од ноќеска значителен пад на цената на бензинот и дизелот

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.04.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена на нафтениот дериват утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.04.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,00 ден/лит, известува РКЕ.
Свет
Се родија Ромул и Рем: За прв пат оживеа изумрен вид

За прв пат во историјата, научниците успеаја да вратат во живот изумрен вид – страшниот волк (Aenocyon dirus), предатор кој исчезнал пред околу 12.500 години. Постигнувањето е дело на биотехнолошката компанија Colossal Biosciences од Далас, која го соопшти раѓањето на три младенчиња, создадени со античка ДНК, клонирање и технологија за уредување на гени.
Како изгледаат новите „стари“ волци?
-
-
Два од младенчињата добиле имиња Ромул и Рем, и се родени на 1 октомври 2024 година.
-
SOUND ON. You’re hearing the first howl of a dire wolf in over 10,000 years. Meet Romulus and Remus—the world’s first de-extinct animals, born on October 1, 2024.
The dire wolf has been extinct for over 10,000 years. These two wolves were brought back from extinction using… pic.twitter.com/wY4rdOVFRH
— Colossal Biosciences® (@colossal) April 7, 2025
-
Се работи за хибриден вид што изгледа како изумрениот страшен волк, но генетски се базира на сивиот волк, неговиот најблизок современ роднина.
-
Новите волци имаат пошироки глави, густо светло крзно и посилни вилици, слично на описите од фосилите на нивните праисториски претци.
Научен пробив
-
Генетичарите користеле ДНК од заб стар 13.000 години и череп стар 72.000 години, комбинирајќи ја со технологијата CRISPR за да создадат функционален геном.
-
Со CRISPR се отстранети одредени генски варијанти кај сивиот волк, а заменети со оние карактеристични за страшниот волк.
Нов дом под строга контрола
-
Тројцата волци се сместени на површина од 2.000 хектари, чиешто точно место не е откриено.
-
Областа е заштитена со ограда висока три метри, безбедносен персонал, дронови и надзорни камери.
Што значи ова за иднината?
-
„Оваа пресвртница е само првата од многуте кои докажуваат дека нашите технологии за ‘враќање на изумреното’ функционираат,“ изјави Бен Лам, ко-основач и извршен директор на Colossal.
-
Компанијата работи и на враќање на други изумрени видови, како мамути, со надеж дека ваквите проекти ќе помогнат и за обновување на екосистеми.
Извор: B92
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (9 април)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за четврток (10 април)
-
Кичево18 часа
Се спрема најрадосната Лазарева Сабота во Кичево, утре е Втората проба за манифестацијата
-
Свет1 ден
Се родија Ромул и Рем: За прв пат оживеа изумрен вид
-
Магазин2 дена
Можеби мислите дека вашиот телефон е ажуриран – но има едно ажурирање што веројатно го пропуштате
-
Македонија23 часа
Од ноќеска значителен пад на цената на бензинот и дизелот
-
Магазин2 дена
Зошто Switch 2 е толку скап?
-
Автомобили2 дена
Volkswagen води на германскиот пазар на електрични автомобили, Tesla паѓа на осмото место