Мобилни уреди
Заразени апликации во „Google Play Store“, избришете веднаш доколку имате некоја од овие
Гугл предупредува дека 145 апликации од „Google Play” се заразени со вирус, кои би можеле да го заразат вашиот компјутер кога ќе го вклучите мобилниот на него.
Вирусот не може да му наштети на Андроидот, но може да му наштети на вашиот компјутер. Тој ги следи ударите на тастатурата и така ги открива тајните податоци како што се броеви на кредитни картички и лозинки.
Се работи за следните апликации:
Baby Room, MotorTraiL, Tattoo Name, Car garage, Japanese Garden, House Terrace, Skirt Design, Yoga Meditation, Shoe rack, Unique T-shirt, Mens Shoes, TV RuanG TaMu, Idea Glasses, Fashion Muslim, Bracelet, Clothing Drawing, Minimalist Kitchen, Nail Art, Ice cream stick, Roof, Children Clothes, Home Ceiling, PoLa BaJu, Living room, Bookshelf, Knitted Baby, Hair Paint, Wall Decoration, Painting Mahendi, Bodybuilder, Couple shirts, Unique Graffiti, Paper flower, Night gown, Wardrobe Ideas, Dining table, Gymnastics, Use Child, Window Design, Hijab StyLe, Wing Chun, Fencing Technique.
Магазин
Huawei го симна Apple од тронот на пазарот за носечки уреди
Иако Apple долго време доминираше на пазарот за носечки уреди благодарение на успехот на Apple Watch, новите податоци покажуваат дека ситуацијата се промени.
Во првите три квартали од годината, Huawei испорача 23,6 милиони носечки уреди, заземајќи го водечкото место со пазарен удел од 16,9%, што претставува раст од 44% во споредба со истиот период минатата година. Apple, кој забележа пад од 10% во испораките, сега има пазарен удел од 16,2%, со испорачани 22,5 милиони уреди. Xiaomi го зазеде третото место со 20,5 милиони испораки и раст од 25%, додека Samsung е на четвртото место со 11,5 милиони испораки.
Вкупно, во првите три квартали годинава се испорачани 139 милиони уреди за носење, што е мало намалување од минатогодишните 140,5 милиони. Кина продолжува да биде најголем пазар, со над 45 милиони испорачани уреди и раст од 20%. Од овој број, 33 милиони се паметни часовници, што претставува раст од 23,3%.
Успехот на Huawei се припишува на новите модели како Watch GT 5, GT 5 Pro и Watch D2, како и на проширувањето во различни региони, особено во Азија и Блискиот Исток. Дополнително, силната позиција на кинескиот пазар значително придонесе за нивниот раст.
Сепак, важно е да се истакне дека Apple сè уште го задржува првото место кога станува збор исклучиво за паметни часовници, без да се земат предвид другите уреди за носење, како фитнес лентите.
Извор: Telegraf
Магазин
Сакате да го спречите iPhone-от да ја менува осветленоста автоматски? Еве како
Магазин
Еве колку ќе чинат Redmi Note 14 телефоните во Европа
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (21 декември)
-
Временска прогноза12 часа
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за недела (22 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Од денес и календарски е зима, од понеделник по студено со снег и силен ветер
-
Автомобили14 часа
Автомобилскиот бренд Dacia продаде повеќе од пола милион примероци во Европа за 11 месеци од оваа година
-
Спорт11 часа
Масар Омерагиќ со 62 гласа и нути еден против избран за нов претседател на ФФМ
-
Магазин11 часа
Живот на Месечината? Јапонија работи на лунарно живеалиште со вештачка гравитација
-
Социјални мрежи1 ден
„ТикТок“ станува недостапен во Албанија, владата ја затвори социјалната мрежа на најмалку една година