Музика
Дуото „ДНК“ со нов маестрален видеоспот и песна „Горе или доле“

„Горе или доле“ е насловот на новата песна на Панчо и Андреј или двоецот ДНК.
Станува збор за моќна композиција, односно клупска и радиотема со моќен текст која се промовира во исто време со видеозапис, што инаку ја следи приказната од песната.
„Мислиме дека имаме одлична песна и сме горди на сработеното, но ќе оставиме публиката да го каже своето.
Напорно работевме на снимањето на сцените, кои се буквално филмски. Сè изгледа толку реално, особено шминката за која ангажиравме филмски шминкер, односно Игор Петрески кој направи сè да изгледа перфектно.
Што се однесува до делот во болницата, буквално целиот персонал, освен д-р Андреј, се вистински медицински лица. Веруваме во овој спот, кој метафорично го прикажува животниот пат и токму како што вели и самиот наслов сè е горе или долу“, вели Панчо.
Видеото е снимено под режисерската палка на Даниел Јовески, а кадрите се направени на неколку локации низ земјава.
Песната, пак, е со потписите на Лазар Цветкоски и Панчо, кои со заеднички сили ја склопија музиката, додека текстот е на Панчо, а аранжманот на Лазе.
„Колку и да ве разочара животот останете силни бидејќи секоја затворена врата отвора нова. И, што е најважно, не пијте додека возите“, велат Панчо и Андреј.
Погледнете го маестралниот спот, како и одличната песна на ДНК:
Музика
(ВИДЕО) Лозано денес премиерно го пушти во етер неговиот најнов сингл „Жолто црвено“. Нумера и видео запис кој допираат до секој Македонец

Денес премиерно нашиот кичевчанец Влатко Лозаноски го објави својот најнов сингл насловен како „Жолто црвено“. Одлична мелодија, уште подобра интерпретација, вистинска симболика на љубов, убавина и радост. Сочинета со единствени стихови кои ќе допрат до секој Македонец.
„Оваа туѓина на мир не ме остава,
во душа само празнина ми отвара,
а таму кај што чука срцево
се вее знаме жолто црвено“
дел од моќните стихови на песната.
Текстот го напиша единствената Магдалена Цветковска – Ена, додека целиот аранжман е на незаменливиот Лазар Цветковски-LCV, додека маестралниот видео запис е дело на „Сустеин Продукција“ под палката на еден од најдобрите македонски режисери Даниел Јовески.
Ова прекрасно дело погледнете го и слушнете го во продолжение:
Музика
Во сабота во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево прв концерт на Христијан Трајаноски под мотото „Чување на традицијата и негување на културното наследство“

Во сабота на 8-ми јуни со почеток од 12:00 часот во големата сала на НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, ќе се реализира официјален концерт под мотото „Чување на традицијата и негување на културното наследство“ во покровителство на Христијан Трајаноски.
Гости и соработници на концертот кои ќе бидат дел се:
- КУД Бисер
- ВИС Амајлија
- Лука Лазарески (пиано)
- Филип Михајлоски (канон)
- Мирослав Мирчески
- Методија Столески
- Дарко Стојаноски
- Михајло Данилоски
- Драган Вељаноски
- Кичевскиот оркестар за народна музика
Порта.мк како медиумски покровител ве кани да дојдете, да присуствувате и заеднички да уживаме во убавата македонска музика, проследена со најубавото македонско оро и песна!
Музика
За сите љубители на класична музика, утре бидете дел од концертот на млади пијанисти во Кичево, по повод Меѓународниот ден на детето

Почитувани, ја имаме таа чест да ве информираме, воедно и во името на организаторите на овој прекрасен настан, да Ве поканиме сите вас кои сте љубители на класичната музика на концерт на млади пијанисти. Нека вашето драгоцено време биде одредено овој пат за звуците на пијаното, прославувајќи го Меѓународниот ден на детето.
Утре, сабота – 1-јуни со почеток од 17:00 часот во НЦУК „Кочо Рацин“ заедно со проф. м-р Кристина Костадиноска
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза11 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија13 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди11 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили2 дена
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин2 дена
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети