Кичево
АЛАРМАНТНО: Гори дабова шума над с.Вранештица на лош терен за ТППЕ (ФОТО)
Пред малку стигна иформација дека околу селото Вранештица во атарот на горната дабова шума непрекинато и со силен интензитет избувнат е пожар, кој зафаќа повеќе од 40.000 м2 дрво!
Пожарната екипа навреме стигна, но без успех бидејќи теренот е не пристапен за возила.
Селаните се видно исплашени и револтирани, стравуваат од пламените јазици кои лесно можат да го зафатат поголемиот дел кон куќите, така што апелираат до надлежните да преземат мерки за гаснење на големиот пожар да се спречи поголема катастрофа, бидејќи за жал човечки фактор не го гасне пожарот.
Кичево
Се ѐ спремно, вечерва започнува најрадосниот „Хуманитарен Божиќен Базар 2025“ на градскиот плоштад во Кичево
Почитувани, со голема радост како што ви најавивме тука, Ве известуваме токму сега, се ѐ спремно за старт на овогодинешниот „Хуманитарен Божиќен Базар 2025“ позициониран на градскиот плоштад – Кичево. Од денес (четврток) со почеток од 18:00ч, се до после Божик, покрај најубавата елка и најубавиот Божикен украс „Витлеемската Пештера“ – украси кои одамна ги красат овие најубави денови во нашиот град – ќе имаме одлична програма и многу забава.
Денес започнуваме со најинтересните маскоти за најмладата публика, заедно со звуците на нашиот голем пријател, кичевскиот музички промотор DJ „Vix Alex“, а на програмата ќе имаме богата лотарија, разновидни пијачки и храна, додека дечињата од основните училишта во Кичево ќе ни приредат вистинско уживање за успешен старт на „Хуманитарниот Божиќен Базар 2025“
Ве очекуваме вечерва, бидете дел, 18:00ч гратски плоштад – Кичево, така што деновите потоа следат големи изненадувања!!!
Кичево
Традицијата за „Бадникови гранчиња“ во Кичево продолжува, поаѓање во понеделник од пред кичевскиот храм св.Петар и Павле
Почитувани Бадникари и оваа година организираме настан за бадниковото дрво и берење на бадникови гранчиња.
Собирот е предвиден да биде во (понеделник) 06.01.2025 год пред храмот св. Петар и Павле Кичево во 10:00 часот наутро.
За многу години!
Кичево
(ФОТО) Женско е првото родено бебче во кичевската Болница, четврто за големата радост на родителите
Во Кичево денес на прв ден од Новата 2025 година во ЈЗУ Општата Болница – Кичево се роди женско бебе.
Најсреќната мајка Мерита од с.Преглово кичевско на свет донесе свое четврто дете, родено во 17:35ч, со тежина 2800 грама, долго 47 сантиметри, АС 10/10, за нашиот медиум истакна неуморната Директорка, Гинеколог Акушер Д-р Маја Цветановска-Трајкоска која беше секако дел и својата работа ја одработи професионално.
Во знак на почит према родилката, Д-р Цветановска-Трајкоска врачи мал поклон.
Имено, од нашиот медиум упатуваме срдечни честитки, да е живо и здраво новороденчето. И една голема благодарност од сите нас кои на дело сме го виделе ангажманот на гинеколошко-акушерското одделение и целиот тим кои ја работат најблагородната работа на свет, воедно и голема обврска, а тие се чесни, образовани, максимално внимателни доктори, сестри и заслужуваат секаква почит и внимание како од граѓаните така и од институциите и локалната самоуправа!
-
Кичево21 час
(ФОТО) Женско е првото родено бебче во кичевската Болница, четврто за големата радост на родителите
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за четврток (2 јануари)
-
Скопје2 дена
Машка година, првото бебе родено 1 минута после полноќ е машко, тежи 3190 грама – Живо и здраво да биде!
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Со огномети во разни бои Кичево вечерва ја дочека Новата 2025 година, бидете најсреќни!
-
Хороскоп2 дена
Новогодишен Хороскоп (1 јануари)
-
Временска прогноза2 дена
На самиот старт од новата 2025-та година, доаѓа поларен бран кој ќе донесе минусни температури и врнежи
-
Македонија1 ден
Срби гости во Охрид ноќеска се истепале меѓусебе
-
Кичево7 часа
Традицијата за „Бадникови гранчиња“ во Кичево продолжува, поаѓање во понеделник од пред кичевскиот храм св.Петар и Павле