Македонија Случувања

Гостиварското подрачје со рекорден број на сообраќајни прекршоци и неправилности за месец Ноември

Во текот на минатиот месец (ноември 2018) на гостиварското подрачје контролирани се 2.246 возила, при што биле откриени и законски санкционирани 1.053 сообраќајни прекршоци.

Поради констатирани прекршоци во овој период од сообраќај се исклучени 105 возила (45 технички неисправни, 50 со истечена регистрација, 6 со претовар, а преостанатите поради различни видови други прекршоци).

Исклучени, исто така, се и 135 возачи (95 без положен возачки испит, 29 почетници, 13 кои управувале под дејство на алкохол и така натаму).

Откриените прекршоци во ноември заокружени се со 262 прекршочни, 448 мандатни платни налози, 30 писмени опомени и со 185 впишувања на негативни бодови.

Извор: МВР