Следете не

Спорт

Готово е, Игор Ангеловски ќе ја предводи нашата фудбалска репрезентација на ЕП!

Објавено пред

на

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го потврди новиот договор со селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски.

Раководството на ФФМ и селекторот Игор Ангеловски ги усогласија ставовите околу новиот договор и досегашниот предводник ќе биде на селекторското место на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство 2020. кое ќе се одигра во јуни оваа година.

– Како што ветивме пред јавноста за нашиот прв избор за селектор, денеска потврдуваме дека го продолжуваме патот кон успехот. Со Игор лесно се договоривме за сите детали околу продолжување на соработката бидејќи и кај него и кај нас владееше позитивно расположение успехот што го направивме да го продолжиме заедно. Ние сме професионалци и знаеме дека добрите резултати даваат поголема шанса за задржување на некоја позиција. Горди сме на сѐ што направивме како репрезентација и федерацијата ќе продолжи да обезбедува најдобри услови за работа, како што впрочем беше и досега. 

Селекторот со својот стручен штаб во одлична атмосфера сега треба да се подготвуваат за квалификациите за Светското првенство и Европскиот шампионат. Сите ние посакуваме да нѐ поведат кон нови успеси. Верувам дека Македонија ќе го покаже вистинското лице и праќам апел до целата нација и сите навивачи да бидеме сложни и да покажеме единство. 

Пласманот на Европското првенство е сон за секое дете, а фудбалерите сега имаат исклучителен мотив за нови победи. Сега треба да помогнеме сите, на било кој начин, а потоа ќе зборуваме за нашиот пласман на ЕУРО 2020 и колку тоа значи за иднината на македонскиот фудбал, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

– Благодарност до претседателот на федерацијата и Управниот одбор за довербата. Не се сомневам дека репрезентацијата, како и досега, ќе ги има најдобрите услови за работа. 

Ќе го вложам сиот свој потенцијал да возвратиме со добри игри и да ја продолжиме успешната резултатска низа. Како што ветив и пред јавноста, сѐ она што ми беше понудено во форма на договор го прифатив, а националниот го ставив пред личниот интерес. Благодарност до капитенот, фудбалерите од репрезентацијата и јавноста за поддршката. 

Верувам дека сите заедно и сложно повторно ќе се радуваме на големи победи, а овој пат ќе славиме сите заедно низ улиците на нашиот град и нашата држава, изјави селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски.

Спорт

Андов го истакна списокот со фудбалерки за дуелите со Летонија и Косово во рамки на Лигата на нации за пласман на СП 2027

Објавено пред

на

©ФФМ

Женската А репрезентација на Македонија на почетокот на април ќе одигра два натпревари против Летонија и Косово во рамките на продолжението од Лигата на нации за пласман на СП. 2027. На 4. април, со почеток во 15. часот ја пречекуваме селекцијата на Летонија.Четири дена подоцна во Приштина играме против Косово, со почеток во 14.часот.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Александар Андов за дуелите со Летонија и Косово, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Евгенија Велјановска – Скопје 2014

Викторија Панчурува – Тиверија Брера

Кристина Павлоска – Раднички Крагуевац, Србија

ОДБРАНА:

Сара Коларовска – Скопје 2014

Ане Бошеска – Тиверија Брера

Павлинка Николовска – Тиверија Брера

Мила Панева – Скопје 2014

Лимани Ихмете – Германија

Викторија Недева – Тиверија Брера

Елена Панеска – Олимпија, Словенија

Бојана Петкова – Полска

СРЕДЕН РЕД:

Маријана Нацева – Дортмунд, Германија

Теона Голабовска – Тиверија Брера

Хава Мустафа – Љуботен

Александра Марковска – Љуботен

Симона Мајер – Израел

Ленче Андрееска – Турција

Рабија Дервиши – Скопје 2014

Наташа Андонова – Мадрид, Шпанија

НАПАД: 

Јилза Максути – Турција

Гентијана Рочи – Финска

Меланија Грозданова – Истатов

Јована Павловска – Полска

Во воведното коло на групата 6 од сегментот Ц, Македонија беше поразена од Косово на домашен терен со 4:0, известуваат од ФФМ.

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија

Објавено пред

на

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.

Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.

ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.

„За вакви нелуѓе нема место во фудбалот“

Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.

ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.

Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство, велат од ФФМ.

Прочитај повеќе...

Спорт

Воска поуспешна во Гостивар, Струга ТЛ и Силекс ремизираа, комплетирано 25-то коло од првата македонска фудбалска лига

Објавено пред

на

©porta.mk | архива 2023

Комплетирано 25-тото коло на првата македонска фудбалска лига. Резултатите се следни:

Пелистер – Вардар 1:3 стрелци: Керим 10, Закириќ 20 (пенал), Мато 75 и 82 минута – овој меч беше одигран на 29-ти март

Гостивар – Воска 0:2 стрелци: Виноградац 30, Осеи 83 минута.

Шкендија – АП Брера 2:1 стрелци: Ибраими 9 и 61, Ндсегуе 54 (пенал)

Силекс – Тиквеш 1:1 стрелци: Додев 35, Мишов 31 минута

Работнички – Беса 1:0 стрелци: Рушевиќ 55 (пенал)

Струга ТЛ – Шкупи 0:0

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт3 часа

Андов го истакна списокот со фудбалерки за дуелите со Летонија и Косово во рамки на Лигата на нации за пласман на СП 2027

Женската А репрезентација на Македонија на почетокот на април ќе одигра два натпревари против Летонија и Косово во рамките на...

Македонија6 часа

МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија8 часа

Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Македонија8 часа

МВР санкционира 2.508 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава во текот на продолжениот викенд

Во текот на изминатите денови, односно во петокот и деновите од празничниот викенд (28/29/30/31.03) во рамки на редовните сообраќајни контроли...

Македонија9 часа

(ФОТО+ВИДЕО) Во Манастирот Рајчица одекна новиот „Благовесник“

Во прославениот и прекрасен духовен дом на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица одекна моќниот благоѕунлив звук на новата камбана–благовесник,...

Магазин10 часа

BlackBerry повторно на пазарот: Дали легендарниот бренд се враќа со 5G смартфон?

Легендарниот телефонски бренд BlackBerry, познат по своите физички QWERTY тастатури, би можел да се врати на пазарот со нов модел....

Автомобили10 часа

BYD ја надмина Tesla: Полнач што е четири пати побрз од Supercharger?

Новата технологија на кинескиот производител BYD овозможува електричните автомобили да добијат автономија од 400 километри за само пет минути полнење!...

Магазин10 часа

Instagram додава можност за забрзување на Reels како TikTok

Instagram, во сопственост на Meta, повторно копира функција од TikTok. Овој пат, платформата воведува опција што им овозможува на корисниците...

Здравје и убавина11 часа

Apple подготвува AI асистент за здравје – пристигнува следната пролет

Apple активно ја проширува својата улога во вештачката интелигенција и дигиталното здравје, а најновиот чекор во оваа насока е Project...

Магазин11 часа

4 графички картички како алтернатива на RTX 5070

Новата Nvidia RTX 5070 не е единствената опција во својот ценовен ранг. Иако не е лоша графичка картичка, на пазарот...

НАЈЧИТАНИ