Следете не

Спорт

Поповски: Десет илјади долари за секој клуб од Прва женска лига како помош и поддршка од ФФМ

Avatar

Објавено пред

на

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука секој клуб од Првата женска лига да добие финансиска помош во висина од 10.000 илјади долари во денарска противвредност како поддршка од „Куќа на фудбалот“ за административни потреби (закуп и оддржување на терени, тренери, подготовки и слично) на 15. клубови од 1 ЖМФЛ.

Во насока на создавање на стратегијата за развој на женскиот фудбал на овој начин даваме дополнителна поддршка и поттик за женските клубови од Првата лига да продолжат со напредокот преку оваа помош пред сѐ во логистичка смисла. Нашата федерација навистина се труди и издвојува средства за развој на женскиот фудбал, но треба да бидеме реални – клубовите се темел за подобри резлутати и со поголема ангажираност и сериозност во работата ќе придонесат за напредок во иднина. Клучно за сите нас е да напредуваме од година во година, женскиот фудбал е специфичен, посебно кога се работи со млади категории, но важно е да покажеме дека се третира на вистинско ниво и ќе продолжиме во таа насока, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

Начинот на трошење на средствата кои ги добијат клубовите ќе бидат предмет на преглед и проверка од независни ревизорски куќи.

Фудбалската федерација на Македонија за првата половина од натпреварувачката сезона 2020/21 целосно ги подмири и трошоците за патувања на екипите од лигата во женска конкуренција, а исто така ги покрива и целосните трошоци за официјалните лица на натпреварите од ЖМФЛ.

Спорт

Сејдини: На клубовите им се заканувале со ваучери

Avatar

Објавено пред

на

Во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска беше одржана прес-конференција на која зборуваше првиот човек Муамед Сејдини.

Сејдини повика прес-конференција по вчерашното соопштение од Агенцијата за млади и спорт (АМС).

„Во текот на вчерашниот ден, и до мене стигнаа шпекулации дека одредени претставници на клубовите од македонската лига се повикувани во државни институции, присилувани да потпишуваат некаква поддршка за бојкот на Генералното Изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, уценувани со поделбата на ваучерите. Шпекулациите одеа дотаму што на големо се споменуваше и името на Премиерот на нашата држава..

Одбивав да верувам во таквите ‘игри без граници” сѐ додека не го прочитав соопштението од Агенцијата за млади и спорт објавено на нивната официјална страна“, вели Сејдини.

Повеќе ќе прочитате ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВО ЖИВО) Проследете ги утакмиците за eEuro2021 во ProEvolution Soccer 2021

Avatar

Објавено пред

на

Групите за предквалификациите за eEuro2021 во ProEvolution Soccer 2021 се формирани и веќе се играат утакмиците почнувајќи од 20 часот. Како што веќе најавивме најдобрите четворица продолжуваат во 1/4 финалето кое ќе се одигра во сабота во Арена Еспорт Клубот!

Натпреварите во живо проследете ги ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

Футсал репрезентација: Селекторот Скендеровски го објави списокот на повикани играчи за квалификациските мечеви против БиХ и Романија

Avatar

Објавено пред

на

Селекторот на македонската футсал репрезентација, Васко Скендеровски го објави списокот на играчи за квалификациските натпревари против Босна и Херцеговина и Романија од циклусот за пласман на Европско првенство. За пресметката на гостински терен во Зеница (28. јануари) и домашната против Романија (3. февруари), селекторот Скендеровски ќе смета на следните 19 играчи:

ГОЛМАНИ: ПЕТРОВСКИ Антонио (СК Проект Цико), ПЕТРОВСКИ Влатко (Арбен Бајрами), СТОЈАНОВСКИ Иван (Шкупи);

ОДБРАНА: СУЛЕЈМАНИ Реџеп (Шкупи), ИСМАИЛИ Таулант (Арбен Бајрами), ПЕТРОВИЌ Драган (Шкупи), Даниел ДЕ СОУЗА (Славија Прага, Чешка), Џокица Џо АРСОВСКИ (Штутгардер);

НАПАД: КРСТЕВСКИ Иван (СК Проект Цико), ГЛИГОРОВ Александар (Шкупи), ЛЕОВСКИ Игор (Славија Прага, Чешка), МИЦЕВСКИ Адријан (Бетон Бојс, Германија), КОСТАДИНОВ Марјан (СК Проект Цико), РАНГОТОВ Дарко (СК Проект Цико), ТОДОРОВСКИ Мартин (СК Проект Цико), АНДОВ Димче (СК Проект Цико), СЕФЕРИ Еркан (Шкупи), ЈОВАНОВ Јосиф (СК Проект Цико);

– Започнуваме нов квалификациски циклус и ќе се обидеме да оставиме силен впечаток.Се разбира, доколку ни се укаже шанса и да оствариме пласман на континеталниот собир 2022. година.

Македонскиот репрезентативен футсал е на една голема пресвртница и мораме да започнеме со етапна фаза на подмладување на репрезентацијата. Тоа што веројатно требаше да се направи пред две или три години, сега се чини е неизбежност. Имавме две опции, или да се направи инстант решение со натурализирање на неколку Бразилци, како што селекцијата на Романија го реши начинот на смена на генерацијата, или да одиме по потешкиот, но според мене посладок пат, а тоа е да почнеме со вклучување на наши помлади играчи во овој циклус. Го одбравме вториот начин, ќе биде сигурно многу потешко затоа што вклучуваме играчи кои ќе бидат дебитанти и тоа токму на натпревари кои се исклучително важни за пласманот на ЕП.

– За овие први два натпревари повикав двајца дебитанти Костадинов и Јованов, но веќе на следните два натпревари во март против Србија ќе бидат повикани дополнителни двајца дебитанти на местото на некои повозрасни играчи кои долго време се во репрезентацијата. Планоте овие квалификации да ги завршиме со неколкумина дебитанти (6-7) кои ќе бидат силна поддршка на оваа репрезентација во следниот циклус за пласман за СП.

Што однесува до подготовките, ги започнуваме на 23-ти, а веќе првиот натпревар го играме против БиХ на 28- ми овој месец во Зеница. Искрено, нашиот најголем хендикеп е фактот дека ова е нашиот прв собир по пауза од една година. Ситуацијата со корона кризата и неиграњето на баражот со Англија, направи да немаме ниту еден пријателски или официјален натпреавр веќе една година.

Ќе биде навистина многу тешко, посебно на првите два натпревари со оглед на фактот дека кај нас веќе е во полн ек паузата на домашното првенство и многумина од играчите се надвор од натпреварувачка форма.

Играме против две силни репрезентации БиХ и Романија. БиХ е репрезентација која што е исклучително незгоден противник на домашен терен, репрезентација против која се мачеле многу посилини репрезентации од нас. Романија е репрезентација, која како што реков смената на генерациите ја реши со натурализирање на дури четворица Бразилци, па мислам дека љубителите на футсалот имаат престава за каква репрезентација се работи. Но, ќе одиме чекор по чекор, сега интензивно ќе се  подготвуваме за првиот натпревар со БиХ, а па враќањето од Зеница ќе размислуваме за нашиот следен противник Романија, натпревар кој го играме на домашен терен на 3. февруари.

Се надевам дека со сите расположливи сили ќе влеземе во овие два натпревари, освен неиграњето на стандардниот Зибери кој поради проблемите со корона кризата нѐ доби дозвола од неговиот клуб во Италија, изјави селекторот на репрезентацијата, Васко Скендеровски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 6 часа

На денешен ден – 23 јануари

1516.- Умре Фернандо Втори, кралот на Арагон од 1479. Тој ги обедини двете главни пиринејски држави, кои подоцна станаа Шпанија,...

ХороскопПред 8 часа

Дневен Хороскоп (23.01) сабота

ОВЕН Расположени сте за работа, исполнети сте со енергија и ентузијазам. Сепак, од друга страна, вашиот имунитет се намалува. Можеби...

МакедонијаПред 12 часа

Регистрирани 307 нови случаи на Ковид-19 од 1854 тестирања, починале 14 лица, билансот по градови е следен..

Во последните 24 часа се направени 1854 тестирања, а регистрирани се 307 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 137 -Куманово...

СпортПред 16 часа

Сејдини: На клубовите им се заканувале со ваучери

Во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска беше одржана прес-конференција на која зборуваше првиот човек Муамед Сејдини. Сејдини повика прес-конференција...

КичевоПред 19 часа

СВР Охрид: Вчера во Кичево извршени се 40 контроли на угостителски објекти

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 43 прекршоци за неносење...

МакедонијаПред 20 часа

Од ноќеска горивата поевтинуваат, ова е новата цена

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денес соопшти дека бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за...

МакедонијаПред 21 час

Денес од 12:00 до 16:00 часот закажано минирање на локалитетот од автопат Кичево – Охрид, делница Пресека

Од фирмата МАКТЕК Дооел, известуваат дека денес 22.01.2021 година од 12:00 дo 16:00 часот, стручниот тим на Мактек Дооел ќе...

Временска прогнозаПред 21 час

Денес облачно со умерен ветер, викендот пред нас идеален за снег на скијачките терени

До крајот на денов времето во државава ќе биде променливо облачно а ќе дува и умерен ветер од јужен правен...

СветПред 1 ден

Кина тестира инекција за „продолжување на животот“

Кинески истражувачи тестираат нови средства за деактивирање на генот KAT7, што е клучен фактор во процесот на стареење на клетките....

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп (22.01) петок

ОВЕН Неискреноста во вашата околина станува неподнослива. Не обвинувајте други луѓе затоа што ве лажат само онолку колку што сакате...

НАЈЧИТАНИ