Следете не

Македонија

Густа магла од тетовско преку „Стража“ до кичевско, посебно внимание во сообраќајот!

Avatar

Објавено пред

на

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има Тетово- с.Лисец, превој „Стража“, Кичево, Отовица- Катланово, М.Брод и на планинските превои Ѓавато и Буково.

Наши читатели кои моментално патуваат од Тетовско према Кичево алармираат дека движењето е отежнато, каде наместа е спуштена многу густа магла.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Македонија

Новата Рисица ќе го носи името Атиџе и ќе се следи во НП „Маврово“

Avatar

Објавено пред

на

Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со НП „Маврово“ на почетокот на март обележа нова единка од балканскиот рис, близу селото Ничпур. Како што соопшти денеска МЕД, се работи за здрава женка тешка 14,5 kg, а стара околу десет години.

– Рисицата се вика Атиџе. Како и сите рисови досега, и таа носи околувратник и ни испраќа локации за своето движење. Утврдивме плен и сега сме сигурни дека Атиџе е во добра состојба, рече Александар Павлов од Програмата за зачувување на балканскиот рис што ја спроведува МЕД.

Од МЕД информираат дека Атиџе првпат е сликана со фотозамка во 2013 година и тогаш во базата на податоци се водеше како Б11.

Повеќе прочитајте на официјалната статија на Макпресс ТУКА

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Македонија

Вкупно 384 лица во Македонија имаат коронавирус, денес 30 новозаболени

Avatar

Објавено пред

на

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата.

По градови: Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува  384 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

-Скопје – 195
-Куманово – 62
-Дебар – 47
-Штип – 15
-Прилеп – 21
-Тетово -13
-Струга – 9
-Велес – 6
-Битола – 4
-Охрид – 3
-Кавадарци – 2
-Гостивар – 1
-Гевгелија – 2
-Струмица- 1
-Крива Паланка – 2
-Кочани – 1

Во изминатото деноноќие направени се 342 теста, од кои: преку ИЈЗ – 177, преку Ветеринарен факултет – 20, преку Авицена – 21, преку Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 100.

Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Македонија

Денес ќе биде сончево и ветровито, додека викендов ниски утрински температури, преку денот дожд

Avatar

Објавено пред

на

Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Претпладнето се уште ќе има повремени врнежи од снег во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус 7 до 2, а дневната од  2 до 10 степени.

Во главниот град ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до минус 1, а дневната ќе достигне до 7 степени.

До сабота утринските температури во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под нула, но се очекува на места да се задржи снежната покривка. За време на викендот ќе има локален дожд.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ВидеоПред 6 часа

(ВИДЕО) Морничаво! Си ја запали косата додека подучува други како се прави фризура

Типкава си ја запали косата покажувајќи им на гледачите нешто….. Погледнете: © Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии)...

ХороскопПред 8 часа

Дневен Хороскоп (03.04) петок

ОВЕН Ве очекуваат помали недоразбирања со соработниците. Генерално овој ден не ви е особено поволен. Нема нови промени кај вас...

ВидеоПред 11 час

(ВИДЕО) Куче херој: Скокна во вода да си го спаси другарчето

Кучињата се неверојатни животни кои секогаш нè воодушевуваат. Интернетот е воодушевен од видеото кое доаѓа од Кина. Во провинцијата Гуангдонг,...

МакедонијаПред 13 часа

Новата Рисица ќе го носи името Атиџе и ќе се следи во НП „Маврово“

Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со НП „Маврово“ на почетокот на март обележа нова единка од балканскиот рис, близу...

КичевоПред 16 часа

Четири лица од Кичево не почитувале забрана за движење, додека другите се во самоизолација

Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие,  во периодот од 07...

МакедонијаПред 18 часа

Вкупно 384 лица во Македонија имаат коронавирус, денес 30 новозаболени

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Здравје и убавинаПред 19 часа

Природен рецепт против болки во грбот

Сакате вашиот р’бет никогаш повеќе да не ве боли? Обидете се со овој природен рецепт, и нема да го препознаете...

Живот и стилПред 1 ден

Поучна приказна за убав ден: „Не кажувај ја твојата приказна секому“

Не кажувај му ја секому твојата приказна. Зошто на крајот ќе се почувствуваш дека уште повеќе си отфрлена. Луѓето не...

МакедонијаПред 1 ден

Денес ќе биде сончево и ветровито, додека викендов ниски утрински температури, преку денот дожд

Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладнето се уште ќе има...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп (02.04) четврток

ОВЕН Можни се успеси на деловно поле, особено ако планирате некој нов проект. Наскоро ќе повлечете важен потег и ќе...

НАЈЧИТАНИ