Следете не

Забава

Дневен Хороскоп | 23.02 Сабота

Avatar

Објавено пред

на

Овен

Моментално сте посветени на некои семејни проблеми па немате доволно концентрација за работата.

На полето на љубовта, најважно е да бидете искрени кон саканата личност.

Можен е замор.

Бик

Имате многу позитивна енергија која планирате да ја насочите кон својата работа. Подготвени сте да ги прифатите сите обврски.

Ви се допаѓа личност која не е свесна за вашите чувства. Можно е да сте подготвени за романтични промени и признанија.

Имате вишок енергија во себе.

Близнаци

Можете да се потпрете на колегите со кои соработувате и да очекувате позитивни промени на работа.

Ве очекува стабилна ситуација со сакната личност. Ако сте слободни ве очекува флерт во неочекувани околности.

Проблеми со нервниот систем.

Рак

Во врска со работата, ве очекуваат убави вести кои долго сте ги чекале. Можете да се надевате на позитивни промени.

Ако сте планирале почеток на заедница со некоја личност која ви значи, пред вас е поволен период.

Ќе успеете да решите некои здравствени проблеми.

Лав

Ве очекува понуда за соработка со странство. Ве очекува успех.

Доаѓа познанство со личност која отворено ќе ги покаже своите чувства.

Внимавајте на хронични проблеми.

Девица

Ќе успеете да остварите значајно подобрување врзано за вашите финансии. Можете да се надевате на позитивен ден.

Уживате во љубовта. Размислувате за заеднички живот.

Без проблеми на полето на здравјето.

Вага

Можете да очекувате понуда за соработка со компанија која ви пружа добри услови.

Ве очекува ново познанство преку заеднички пријател или познаник.

Внимавајте на алергиите.

Шкорпија

Можете да очекувате напорен ден во кој ќе морате максимално да се посветите на своите обврски.

Засега не можете да најдете компромис. Имате постојани несогласувања и конфликти.

Можен е пад на имунитетот.

Стрелец

Влегувате во нов проект на работа кој е многу значаен за вашиот напредок во кариерата.

Задоволни сте со ситуацијата која ја имате со саканата личност и се надевате на позитивна атмосфера.

Пад на имунитетот.

Јарец

Можете да очекувате нов простор кој ќе има позитивно влијание на вашиот развој.

Не ви е лесно да ги покажете своите чувства. Ни сами не знаете што сакате.

Пад на имунитетот.

Водолија

Можни се мали конфликти во работното окружување и стрес.

Ви се допаѓа личност која не е сигурна во своите чувства. Имате впечаток дека долго ќе морате да чекате на нејзината одлука.

Зголемете го внесот на магнезиум.

Риби

Имате некои кочници и не ви е лесно да ги остварите своите планови.

Можно е да постојат големи разлики меѓу вас и вашиот партнер.

Болки во грбот.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Занимливости

(ФОТО) Ексклузивни фотографии од „Розевата месечина“ која моментално блескаво грее

Avatar

Објавено пред

на

Априлската полна Месечина, попозната како „розова Месечина”, веќе изгреа.

Имено, Месечината денеска ќе изгледа поголема од вообичаено, бидејќи е три дена оддалечена од перигејот – точката во месечевата орбита кога таа е најблиску до Земјата.

„Розовата Месечина” го добила називот не по својата боја, туку по розовиот див цвет флокс кој цвета во рана пролет, а името ѝ го дале домородните Американци.

Месечевиот диск, сепак, може да добие црвеникави и портокалови нијанси.

За нашите верни читатели и љубители предмалку направивме ексклузивни фотографии преку нашиот објектив.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Поучна приказна: „Сè се враќа, сè се плаќа“

Avatar

Објавено пред

на

Човекот го подигна погледот бавно. Изгледаше на жена која е многу богата, со нови алишта и никакви проблеми. Тој си помисли дека сака да го исмејува, како и сите други досега.

„Остави ме на мира” – промрмори тој.

На негово зачудување, жената продолжи да стои. Таа се насмевна „Гладен ли си?” го праша. „Не, не сум, одговори тој саркастично, тукушто вечерав со претседателот, сега оди си.” Но одеднаш тој почувствува нежен допир на неговото рамо.

„Што правиш,жено?” одговори гневно. „Ти реков да си одиш.”

Тогаш се појави еден полицаец „Има ли некој проблем госпоѓо?”- праша тој.

Нема никаков проблем, господине, само се обидувам да го застанам човеков на нозе, ќе ми помогнете ли?

Полицаецот ја испружи раката. Тоа е стариот Џек, се врти тука неколку години, зошто ви е?

Го гледате ресторанот онаму? Ќе го однесам таму нешто да јаде и ќе го изнесам од ладново на кратко.

„Ти жено луда ли си?- викаше бездомникот. Но тогаш почувствува дека некој го крена – остави ме полицаецу, немам направено ништо лошо.

Ова ти е добра понуда Џек, не ја пропуштај.

Конечно, со тешки маки го однесоа Џек во ресторанот. Беше тоа време кога појадокот заврши, а ручекот се уште не почнал, гостите беа заминати и немаше многу гужва. Менаџерот дојде на нивната маса.

„Што се случува полицаецу? Дали овој човек е во неволја?

„Оваа жена го доведе овој човек овде да се нахрани” – одговори полицаецот.

„Не овде, викна менаџерот, да имаш тука таков човек е лошо за бизнисот”.

Стариот Џек се насмевна без своите заби, и рече: „Ти реков жено, не ни сакав воопшто да доаѓам овде.”

Жената се сврте кон менаџерот на ресторанот и му рече: „Господине, дали ја познавате фирмата „Еди и партнерите” подоле на улицата?

„Секако, тие одржуваат неделно состаноци во нашите сали.”

„И дали заработувате доволно од храната која се служи на тие состаноци?”

„Јас сум Ана Еди, претседател на таа компанија. Мислев дека тоа ќе направи разлика.”

„Дали би ни се придружиле полицаецу?”

„Не, благодарам госпоѓо, јас сум на должност.”- одговори полицаецот.

„Може еден чај пред да одите? – Може. Одговори полицаецот гледајќи го менаџерот како заминува.” Навистина му покажавте каде му е местото.”

„Немав таква намера. Верувале или не, јас си имам причина за ова.”

Таа седна на масата и го праша нејзиниот зачуден гостин „Џек, дали ме познаваш?”

„Па ми изгледаш познато” – одговори стариот Џек.

„Може сум постара, и може со годините сум поправена за разлика од младите години, кога ти работеше тука, а јас се појавив на таа врата, смрзната и гладна.”

„Госпоѓо…?” не можеше да верува дека оваа убава дама некогаш била гладна.

„Тукушто излегов од факултет, дојдов во овој град да барам работа, но не можев да најдам ништо. Кога снемав пари ме избркаа од станот, одев по улици со денови, беше февруари, ми беше ладно и многу гладував. Го видов ова место и влегов мислејќи дека имам можност нешто да јадам.”

Џек се насмевна. „Сега се сеќавам.” – рече тој. Јас бев позади шанкот и ти се појави и ме праша дали може да работиш нешто за да јадеш, и јас реков дека е против политиката на компанијата.

„Знам, продолжи жената. Тогаш ти ми го направи најголемиот сендвич кој некогаш сум го видела, ми рече да седнам на масата и знаев дека се ќе биде во ред.”

„Па, ти започна ли свој бизнис?”

„Најдов работа истото попладне. Но, потоа почнав свој бизнис кој со Божја помош стана успешен. Таа извади визит картичка и му рече да дојде кај неа на работа, кај заменик директорот да му даде некоја работа во фирмата, и може и аванс за да купи алишта и место за живеење за да застане на нозе.

„Ако некогаш ти затреба нешто, мојата врата е секогаш отворена за тебе.”

Му потекоа солзи во очите на стариот Џек, „Како некогаш да ти заблагодарам? Праша тој.

„Не ми заблагодарувај на мене, туку на Бог. Тој ме доведе до тебе. Фала ти Господе.”

На излегување, пред да се разделат со полицаецот „Ти благодарам за помошта, полицаецу” рече таа.

„Напротив, госпоѓо Еди, ти благодарам тебе, видов денес чудо кое никогаш нема да го заборавам и благодарам на чајот.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Занимливости

(ВИДЕО) Светско а наше! Дејан Киревски од Битола направи машина за дезинфекција, како и маска за заштита од Корона вирусот

Avatar

Објавено пред

на

Битолчанецот Дејан Киревски измисли автоматска машина за дезинфекција без допир.

Видео записот на Дејан Киревски веќе е достапно на ЈуТјуб платформата и котира одлично меѓу популацијата.

Во време кога владее можноста од зараза од Коронавирус овој начин на заштита од вирусот за многумина ќе биде добредојден, а може да го пробате бидејќи согласно мерките поради настанатата ситуација работите налагаат да седиме дома и да се занимаваме со некоја работа. 🙂

Погледнете го овој импресивен начин на изработка на машината, како и изработката на усната маска за заштита, уживајте и не заборавајте! #СедетеДома #ЗаштитиСе

Сите видеа достапни на неговиот официјален ЈуТјуб канал ТУКА

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 11 минута

ЕВН: Прекин на електрична енергија на дел од с.Другово – кичевско, детали..

РЦУК Кичево во соработка со нашиот медиум Ве известува дека во текот на утрешниот ден 08.04.2020 среда од 09:00ч до...

ЗанимливостиПред 2 часа

(ФОТО) Ексклузивни фотографии од „Розевата месечина“ која моментално блескаво грее

Априлската полна Месечина, попозната како „розова Месечина”, веќе изгреа. Имено, Месечината денеска ќе изгледа поголема од вообичаено, бидејќи е три...

КичевоПред 5 часа

„АТВА“ Маркети – Кичево ќе работи со скратено работно време поради новите мерки за спречување на Коронавирусот

„АТВА“ Маркети – Кичево ги известува своите клиенти за вонредното скратено работно време: © Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови...

МакедонијаПред 5 часа

29 ново заразени од Коронавирус во Македонија и нивните живеалишта по општини

Четири пациенти починале од корона вирусот на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Едено лице починало, а било на домашно...

МакедонијаПред 7 часа

Во близина на Охрид, сопрен автомобил со дебарчани поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

На 06.04.2020 година во 13.00 часот, на контролниот полициски пункт кај охридското село Подмолје, сопрен е патнички автомобил „голф“, со...

КултураПред 15 часа

Денес е „Благовец“ празник на мајките, честит именден на Благој, Благица, Блаже..

Името на празникот Благовештението е истоименито со Евангелието. Тие носат исто име. Евангелие е Благовестие, Благовештение. Празникот така и се...

Временска прогнозаПред 18 часа

Продолжува периодот на сончево време со дневни температури над 20°С

Од УХМР информираат дека времето денес ќе биде наутро студено, а преку денот претежно сончево со мала локална облачност и...

ХранаПред 19 часа

За денес згответе здрав и лесен појадок

Појадокот е многу повкусен, ако не треба да мислите на него сонливи наутро. Затоа, еве брз, лесен и здрав појадок...

ХороскопПред 22 часа

Хороскоп за денес (07.04) вторник

ОВЕН Може да очекувате многу добар ден кога станува збор за работата, сѐ укажува на тоа дека ќе ги остварите...

МакедонијаПред 1 ден

Со чартер лет околу 130 македонци се вратија од Лондон

По деветте чартер летови за враќање на македонски државјани од Малта, Хрватска, Словенија, Германија, Австрија и Швајцарија, денеска во соработка...

НАЈЧИТАНИ