Македонија
Хуманост на дело: Собрани се 100.000 евра, малата Анастасија заминува на лекување

Средствата во висина од 100.000 евра потребни за лекување на малата Анастасија Ризова од Пирава се собрани, потврдија нејзините родители.
„Драги хумани луѓе Сакаме да Ве информираме дека потребните финансиски средства за нашата АНАСТАСИЈА благодарение на сите вас се обезбедени.
Со Огромна почит ви се заблагодаруваме на хуманоста, што ни дозволивте да се бориме за животот на нашето мило дете, да може како и сите останати дечиња да се радува заедно со мама и тато, Катица и Ристе Ризови.
ОД СРЦЕ ВИ БЛАГОДАРИМЕ“, напишаа родителите на малата Анастасија на Фејсбук.
Малата Анастасија од Пирава, Валандово се бори со тешка форма на тумор, родителите бараа донации за операција и лекување во Турција.
Македонците повторно докажаа дека се хуман народ!
На Анастасија и посакуваме успешна операција!
Извор: Курир
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (21 февруари)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Култура2 дена
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски
-
Македонија20 часа
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Македонија3 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети
-
Lifestyle1 ден
Храна која е ултра-обработена, но не е лоша за вашето здравје
-
Автомобили1 ден
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo