Македонија
Состојба на патиштата и инфо за оштетување на коловоз према г.п. Ќафасан

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места во западниот дел од државата има остатоци од кашест снег, по интервенција на екипите на ЈП Македонија Пат. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка, и на планинските премини Буково и Ѓавато.
На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетување на коловозот брзината е ограничена на 40 km/h.
АМСМ
Македонија
Во акциска вчера, пратени на технички возила кои вршат јавен превоз на ученици

Во текот на вчерашниот ден (25.01.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.
При контролата констатирани се 67 сообраќајни прекршоци, при што едно возило е исклучено од сообраќај поради истечена регистрација.
Упатени на вонреден технички преглед се 17 возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, известуваат од МВР.
Македонија
(ФОТО) Хуман гест, млад полицаец од Кичево, вработен во Охрид помага на постаро лице да помине преку улица

Неодамна во Охрид кај местото Поштана (како што охриѓани го викаат тој потег) колегите од електронскиот медиум Публицитет забележале гест на Полицаец кој е за пофалба и поздравување.
Имено додека старица се обидувала да ја помине улицата и бавно чекорела, од полициското возило излегол полицаец ѝ ја фатил под рака и најгрижливо ѝ помогнал да ја премине сообраќајницата.
Иако непознат за јавноста и порталот Полицискиот службеник направил хуман гест кој ни ја враќа надежта во луѓето.
За овој чин, пофалби јавно упати и портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Денес дојдовме до ексклузивни информации дека полицискиот службеник кој покажа хуман гест, чин за сите пофалби е од Кичево, во СВР Охрид е повеќе од 2 години, неговиот идентитет е Мики Милосовски (23).
Се работи за млад перспективен кадар со спортски дух, расположен и сталожен карактер кој секогаш оддавал ведрина и почит према постарите. Ваквите личности секогаш влеваат надеж во иднината на сите вредни професионални полиња од животот.
За неговите амбиции и посебен придонес, признанијата доаѓале и претходно. Тој во ноември изминатата година се здобил и со Благодарница за успешно извршување на Полициските работи во меѓусекторската активност на “Безбедно лето” потпишана од првиот човек на Полицијата.
Во оваа прилика упатуваме честитки и од нас Мики, Кичево се гордее со тебе!
Македонија
Вее снег на превоите Стража и Пресека

Предмалку до нашиот медиум стигна информација од терен дека вее снег на превоите Стража и Пресека и истиот се задржува на коловоз.
Апелираме за внимателно возење, поседување на зимска опрема, како и почитување на поставената патна сигнализација за ограничување на брзина според условите на патот.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (28 јануари)
-
Скопје19 часа
Кичевчанка во Скопје пријавила дека таксист недолично се однесувал и ја допирал по телото
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (29 јануари)
-
Временска прогноза19 часа
Попоски: Рана најава за снежни врнежи, дали февруари ќе биде снежен месец?
-
Временска прогноза2 дена
Засилен северен ветер, наутро ниски температури под нулата, ова е најновата метео анализа
-
Магазин2 дена
Netflix го завршува споделувањето на сметките до март 2023 година
-
Здравје и убавина23 часа
Истражување покажало дека трчањето го продолжува животот
-
Магазин2 дена
Големи отпуштања во Amazon: Одделот за испорака на беспилотни летала на Prime Air е на пат