Следете не

Здравје и убавина

Испитувањата покажале дека загадениот воздух предизвикува главоболка?

Објавено пред

на

Со поредица од истражувања се стигнало до изводот дека загадениот воздух во пренаселените места директно е поврзан со честата главоболка кај населението. Во спроведеното истражување била пресметана концентрацијата на озон, азотен диоксид, јагленороден диоксид, и микро остатоците од согорување на бензинот, природниот газ и нафтата во воздухот.

Потврдено е дека се зголемува бројот на хоспитализирани пациенти со најразлични главоболки предизвикани токму од преголемата загаденост на воздухот.

Судејќи според денешната состојба на воздухот што го дишиме и неговата загаденост, тој станува фактор кој создава ризик од појава на сите видови главоболки, независно од возраста и полот како и од сезоната.

Здравје и убавина

На колку време треба да се менува четката за заби?

Објавено пред

на

„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!

Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.

И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.

Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.

Извор: denar.mk

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Како да направите диетален домашен сок од ананас

Објавено пред

на

Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.

Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.

Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…

Состојки:

– 1 ананас

– 1 лажица ленено масло

– 2 дл. Ладна вода

– малку сок од лимот или лимета

Подготовка:

Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.

Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата

Објавено пред

на

Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.

Состојки:

– 2 литри обична природна вода

– 1-2 големи портокали

– 3 киви

– 5 јагоди

– сок од половина лимон или лимета

Начин на подготовка:

Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт17 минути

Младата футсал репрезентација на Македонија ќе учествува на претквалификациски турнир во Естонија

Младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години, во периодот од 21 до 24 јануари во Силамае, Естонија ќе учествува...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за вторник (21 јануари)

ОВЕН Слободно ризикувајте и дозволете му на личноста на која постојано размислувате како се чувствувате и кои се вашите намери....

Гејминг19 часа

„Activision“ истакна загриженост поради големиот број „измамници“ односно корисници кои користат помагала

Свесни дека ги губат најголемите светски играчи, стримери на социјачни мрежи „Activision“ конечно проговори за нивната платформа и ситуацијата со...

Кичево19 часа

Дистрибутерот на „Жито Лукс“ распишува оглас за работници за реон на Кичево, отворени работни позиции во следните категории

Дистрибутерот на „Жито Лукс АД“ – Скопје, водечката компанија во прехранбената индустрија, има потреба од вработување на дополнителен персонал за...

Магазин21 час

Метју Бол: Можеби новата „GTA 6“ ќе има зголемена цена за разлика од досегашните игри на издавачот

Според аналитичарот на индустријата за видео игри, Метју Бол, постои „надеж“ во индустријата дека GTA 6 ќе чини повеќе од...

Временска прогноза22 часа

Утре брз влажен бран ќе донесе локални врнежи од дожд и снег на планините

Утре (вторник (21.1.2025) од југозапад над Македонија ќе помине еден брз влажен и поладен воздушен бран, поладниот воздушен бран секако...

Македонија1 ден

(ФОТО) Вчера чесниот Крст во Ростуше на река Радика го фати младиот Климент Танески

Денес Црквата Божја торжествува! Денес светот целиот е обновен! Денес водите на Радика станаа како Јордан, а гласот Божји повторно...

Македонија1 ден

Од ноќеска ново поскапување на дизел и бензин горивата, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Македонија1 ден

Лице од Радовиш пробал да пренесе 6 мигранти од Непал и Индија, бегал од Полицијата и удрил во работна машина

На 19.01.2025 околу 20.00 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за понеделник (20 јануари)

Овен Дојде време да ја покажете својата подготвеност за компромис. Вашиот цврст карактер може да ви донесе проблеми. Денешниот ден...

НАЈЧИТАНИ