Кичево
Се трага по 11 годишно девојче од Кичево
Кичево
(ФОТО) Пациенти се жалат дека кругот на кичевската Болница е под снег и мраз, тешко се стигнува до медицинските врати, надлежните последно исчистиле пред два дена!
Сите овие денови до нашиот медиум не престануваат да стигнуваат реакции и разочарувања од состојбата на патиштата во градското подрачје, но свесни за состојбата, за нас неоправдано бидејќи најавено беше од сите медиуми дека снегот непрекинато ќе паѓа, чекавме нешто да се промени бидејќи од јавното претпријатие според фотографии и видеа се гледа дека активно се на терен, но се додека не пристигнаа фотографии од пациенти од ЈЗУ „Општа Болница“ – Кичево.
Имено, реакциите се дека тешко се проаѓа до медицинските врати, смрзнатиот терен, висината на снежната покривка се резултат од не-навремено чистење на според нас еден од најглавните оддели во градот Кичево.
– По реакцијата на граѓаните, веднаш стапивме во контакт со Директорката на установата Д-р Маја Цветановска-Трајкоска која ја призна состојбата, така што истакна доколку надлежните не дојдат, ќе бидат приморани сами да го чистат овој дел од Болницата, а пациенти има нон-стоп!
– Веќе втор ден откако нема услови за разминување, доаѓање и проаѓање до Болницата, има високи нерамнини од мраз, остатоци од снег кои дополнително создаваат немир и стрес кај пациентите, но и кај вработените. Ја користам оваа прилика јавно да ги повикам, иако два дена не одговараат на нашиот повик, надлежните служби кои се задолжени да дојдат и да обезбедат услови за непречено доаѓање во кругот на Болницата и на овој проблем да му се стави крај, тука доаѓаат пациенти непрекинато, Докторите и Сестрите неможат никаква асистенција да им пружат на пациентите на ваков терен, на кратко истакна Д-р Цветановска-Трајкоска.
И од нашиот медиум апелираме што поскоро да се очистат остатоците од снег во установата, бидејќи е од најбитен карактер за градот, потоа на сите други места со цел непречено и безбедно возење со автомобил, пешачење итн.
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Ова се традиционалните кичевски огнови кои ни ги испративте да ги додадеме во големиот „Василичарски“ албум, за многу години!
Благодарност до сите кои ни испратија фотографии од традиционалните Василичарски огнови за заеднички да го направиме празничниот албум, кој ќе биде запишан во времето и ќе биде сочуван за секогаш. Одиме по ред:
Кичево
„Порта.мк“ албум од традиционални „Василичарски огнови“ 2025 од Кичево и кичевско, испратете фотографија од вашиот василичарски огон, вечна традиција, за многу години!
Оваа година повторно ја активираме нашата албум сесија од традиционални „Василичарски огнови“. Имено испратете ни фотографии од огнови во вашето маало/населба или село, а ние ќе ги објавиме сите, во еден преубав „Василичарски“ албум 2025.
Вашите фотогрографии можете да ни ги испраќате полесно од било кога, во порака на фејсбук страницата – „ПОРТА.мк“ или официјалната од нашиот град – Кичево.
Единствен услов:
- Не повеќе од 3 фотографии, за нив јасно да се знае од која улица/населба/село доаѓаат.
Нека е за многу години, вечна нека е традицијата!
-
Хороскоп20 часа
Празничен Хороскоп за вторник (14 јануари)
-
Кичево19 часа
(ГАЛЕРИЈА) Ова се традиционалните кичевски огнови кои ни ги испративте да ги додадеме во големиот „Василичарски“ албум, за многу години!
-
Кичево8 часа
(ФОТО) Пациенти се жалат дека кругот на кичевската Болница е под снег и мраз, тешко се стигнува до медицинските врати, надлежните последно исчистиле пред два дена!
-
Кичево1 ден
„Порта.мк“ албум од традиционални „Василичарски огнови“ 2025 од Кичево и кичевско, испратете фотографија од вашиот василичарски огон, вечна традиција, за многу години!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (13 јануари)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска поскапува дизелот и бензинот
-
Култура24 часа
Православните Христијани ја дочекуваат Стара Нова година – „Василица“, вечерва се палат традиционални огнови, а утре се крши пита со паричка, на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.
-
На денешен ден2 дена
13 јануари (На денешен ден)