Здравје и убавина
Јапонците советуваат: Бидете здрави со помош на вода
Јапонските научници тврдат дека наутро треба да се пие 600 мл вода на празен стомак, затоа што тоа ќе го исчисти желудникот, но и ќе го намали ризикот од развој на голем број на болести. Според Јапонците, водата ги чисти цревата и ја зголемува способноста на желудникот да апсорбира хранливи материи од храната.
Научниците препорачуваат дека, веднаш штом ќе се разбудиме и пред да ги измиеме забите и да се измиеме, треба да пиеме 600 мл вода. После тоа, треба да ги миете забите, но не треба да јадете или пиете ништо 45 минути, потоа појадувате и пиете или јадете нешто за следните два часа.
Во тој случај, водата ќе помогне во ослободување на токсините од нашето тело, што е прво видливо на лицето и на телото, т.е. на кожата, што ќе стане посвежо и почисто.
Ако не добиете доволно вода во организмот, ризикот од разни болести се зголемува, како што се рак на дојка и матка, леукемија, дијабетес, камења во бубрезите, астма, запек, главоболки и многу други.
Јапонските експерти советуваат дека ако 600 мл вода е премногу наутро, треба да започнете со помала количина, која треба постепено да се зголемува.
Здравје и убавина
На колку време треба да се менува четката за заби?
„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!
Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.
И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.
Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Како да направите диетален домашен сок од ананас
Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.
Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.
Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…
Состојки:
– 1 ананас
– 1 лажица ленено масло
– 2 дл. Ладна вода
– малку сок од лимот или лимета
Подготовка:
Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.
Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.
Извор: денар
Здравје и убавина
Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата
Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.
Состојки:
– 2 литри обична природна вода
– 1-2 големи портокали
– 3 киви
– 5 јагоди
– сок од половина лимон или лимета
Начин на подготовка:
Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.
Извор: денар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (15 декември)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за понеделник (16 декември)
-
Македонија1 ден
Од предмалку воведена забрана за тешки товарни возила за превој Стража
-
Свет2 дена
Во Италија стапи на сила новиот ригорозен закон за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол
-
Македонија1 ден
ДПИ со соопштение за мониторинг на цени на производи од „Новогодишна кошница“
-
Македонија1 ден
Поголемиот дел од Македонија под дожд, превоите и скијачките терени под снег
-
Магазин1 ден
Можеби ќе ви треба нов кабел: доаѓа HDMI 2.2
-
Македонија1 ден
Нормализиран сообраќајот према Стража, се укинува забраната за ТТВ