Скопје
Денес во ОУ„Јохан Хајнрих Песталоци“ – Скопје се реализира кампања за заштита и безбедност на најмладите учесници во сообраќајот.

Денес, 18.10.2018 год, компанијата Пнеуматик во соработка со Општина Центар, Одделението за превенција при СВР-Скопје и основното училиште “Јохан Хајнрих Песталоци”, го реализираше првиот дел од проектот “Поддржуваме безбедна иднина” – кампања за заштита и безбедност на најмладите учесници во
сообраќајот.
Основниот мотив при реализирање на овој проект кој ги засега најмладите, е подигнување на свеста пред се кај возачите, но и кај децата кои се директни учесници во сообраќајот.
Младите се нашата иднина и нивната едукација за заштита и безбедност се приоритет на општествено одговорни компании како што е Пнеуматик која донираше заштитни фосфорни елеци кои според потребите, би ги користеле учениците кои одат на еднодневни едукативни посети и работилници надвор од училиштето, со цел да бидат повпечатливи, а со тоа и побезбедни учесници во сообраќајот.
Настанот започна со реализирање на едукативна работилница од областа на сообраќајот за учениците од II-ро одделение – сообраќајно-воспитната акција “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ од страна на униформираните полициски
службеници кои го задржаа вниманието на најмладите и создадоа голема проактивност во училишниот хол на во ООУ ,,Јохан Хајнрих Песталоци”.
На настанот се обрати Градоначалникот на Општина Центар – Саша Богдановиќ, како и претставникот на Пнеуматик – Александар Трајковски, кој воедно ги изнесе и идните планови за реализација на нови проекти во соработка со Одделението за
превенција – СВР Скопје.
Активностите ќе продолжат да се одвиваат во текот на целата учебна година и ќе бидат опфатени и други општини на територијата на Град Скопје,бидејќи примарна мисла е сите заедно да ја поддржиме безбедната иднина на најмадите
учесници во сообраќајот. Едукацијата и донацијата ќе биде реализирана и прилагодена на возраста на децата.
Да ги заштитиме децата во сообраќајот и заедно да ја поддржиме безбедната иднина за најмладите.
Скопје
МВР експресно ги лиши од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје

На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот.
Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР за јавноста.
Скопје
ЗНМ и ССНМ бараат објаснување од МВР и АЦВ за информативниот разговор на новинарите во врска со летањето дронови

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат загриженост поради повикувањето на информативен разговор на новинари, меѓу кои и претставници на меѓународни медиуми, по синоќешниот собир во Скопје.
Според достапните информации, забраната за користење на дронови беше официјално објавена пред 20 часот, речиси два часа откако протестот веќе започна. Дополнително, во соопштенијата на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за цивилно воздухопловство, за градот Скопје воопшто не беше спомената ваква забрана. Ова отвора сериозни прашања за правната основа на постапката кон новинарите, целосното соопштение прочитајте го на официјалниот проглас на ЗНМ, ТУКА
Скопје
Вчера 17-годишник бил прегазен од автомобил на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје

На 18.02.2025 околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од с.Страчинци, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, истакна МВР.
-
Хроника17 часа
Филип успеал да излезе, но се вратил во огништето по другарка, потоа никогаш не излегол надвор
-
Кичево13 часа
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета
-
Кичево2 дена
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани
-
Македонија1 ден
Министерството за здравство предмалку истакна најново соопштение
-
Македонија2 дена
Агенцијата за цивилно воздухопловство и МВР со важно известување за корисниците на воздухоплови без екипаж „дронови“ за територија Кочани и Штип
-
Македонија14 часа
Предмалку земјотрес почуствуван во источна Македонија
-
Македонија2 дена
Сообраќајци се обиделе да сопрат возило со мигранти, изгубило контрола и удрило во нив!
-
Хроника16 часа
(ФОТО) Тренингот не е ист без Андреј Лазаров, ФК Шкупи тагува по својот фудбалер