Следете не

Кичево

Кичевчанец направи корисен плагин за WordPress, кој ќе ги оптимизира фотографиите

Објавено пред

на

Во период кога секоја милисекунда е важна во отворањето на веб-страниците, оптимизацијата е сѐ поважна. MegaOptim е WordPress плагин за оптимизација на слики изработен од Дарко Ѓорѓијоски.

Плагинот ги оптимизира сликите со минимална потрошувачка на серверот, а сите пресметки се прават преки API во облакот, нашиот портал ПОРТА веќе го користи ова исклучително корисно би рекле чудо на Дарко и генерално сме задоволни од својата функција.

За MegaOptim плагинот зборувавме со неговиот креатор, Дарко Ѓорѓијоски.

Колкава е потребата од ваква алатка?

Има доста голема побарувачка од тоа што го анализирав поготово за сајтови кои користат WordPress, но и друг вид на сајтови каде што се поставуваат огромен број слики. На пример самиот Facebook користи сличен сервис кој ги компресира/оптимизира самите слики кога корисникот ги става со цел побрзо вчитување и слично. MegaOptim нуди готов плагин за WordPress, но и неколку алатки за повеќе јазици како што се Python, Node.JS, PHP и др кои ќе му помогнат на програмерот да го интегрира во своите проекти со цел автоматски да се оптимизираат поставените слики. Покрај алатките, секако постои и документација која може да се користи за интеграција.

Дали си анализирал колку оптимизацијата на слики го подобрува вчитувањето на веб-страните?

Од мои анализи, оптимизацијата го подобрува вчитувањето и тоа многу и во зависност од тоа колку крајните слики се намалени. Најмногу ме инспирираше тоа што со години гледав дека сликите неправилно се поставуваат на веб сајтовите, особено тие сајтови што добиваат голем трафик. Има случаи каде што корисниците не се доволно информирани дека сликите треба да се компресираат, се ставаат слики и по неколку мегабајти и тоа се треба да се сервира на крајни корисници и на крај резултатот е најчесто многу бавен сајт, низок pagespeed резултат и други негативни импликации.

Колку влијае на SЕО?

На SЕО влијае во одредена мера. Ако не се сликите оптимизирани го уништува pagespeed резултатот што Google го користи како метрика која има удел во крајното ранкирање. Самата алатка pagespeed на Google веќе алармира доколку постојат слики што треба да се оптимизираат/компресираат и може да се провери на https://gtmetrix.com и https://developers.google.com/speed/pagespeed/insights/

Кои технологии ги користеше за развој?

За развој користев во главно Lumen (микро фрејмворк од истите креатори на Laravel и 90% е сличен на Laravel само што намената му е за веб сервиси наместо веб апликации) за REST API сервисите. Потоа Laravel за веб апликацијата каде што може да се купуваат токени и слично.

API сервисите користат queues/wokers за да може да се процесираат повеќе слики истовремено. WordPress плагинот е напишан во PHP.

Кој модел ќе го користиш за монетизација?

Самиот сервис се заснова на SaaS( software as a service ). За да може да се користи сервисот потребни се токени ( 1 токен е 1 слика ). Корисниците имаат два начина да дојдат до токени покрај иницијалните 200/месечно што се бесплатни за секој корисник, а тоа се со one-time плаќање ( се купуваат токени едновремено по потреба ) и subscription ( секој месец се кредитира акаунтот во зависност од претплатата со одреден број на токени )

Секоја чест!

Текст и Интервју: IT.mk

Кичево

Управните служби во Кичево и останатите добиваат ново работно време

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.

Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.

Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.

Во останатите пак подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.

Прочитај повеќе...

Кичево

ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

Објавено пред

на

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.

Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен

Објавено пред

на

Во рамки на денешниот ден нашата екипа од „ФК Кичево“ генерација 2011 и 2014 година одиграа два контролни меча со соодветна екипа на „ФК Гостивар“. Преку нашиот медиум, управата и тренерите упатуваат голема благодарност до домаќинот екипата на „ФК Гостивар“ и нивниот координатор г-дин Менсур Јакупи за одличниот прием и можноста да нашите момчиња стекнат нови пријателства и искуства.

Галерија од денешните натпревари, „ФК Кичево“ ген. 2011:

Престижната генерација 2014:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп5 часа

Хороскоп за недела (23 февруари)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Временска прогноза11 часа

Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија...

Свет11 часа

(ВИДЕО) Страшна несреќа во САД, автомобил падна од мост

Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на...

Мобилни уреди11 часа

Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години

Многу корисници изразуваат жалење поради отстранувањето на копчето Home и Touch ID, посочувајќи колку овие функции им биле корисни на...

Македонија13 часа

Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на...

Магазин22 часа

YouTube конечно ги намалува цените. Наскоро доаѓа нова опција Premium Lite без реклами

YouTube официјално ќе започне со поевтина претплата Premium Lite, која ќе им овозможи на корисниците да гледаат видеа без реклами...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (22 февруари)

Овен Препораката е да водите сметка со кого соработувате во иднина за да немате поголеми проблеми. Потребно е да имате...

Македонија1 ден

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г....

Lifestyle2 дена

Како да го искористите празното шише за детергент за чистење?

Пред да фрлите нешто, размислете дали може повторно да се употреби. Овој совет важи за сè – од стари тегли...

Магазин2 дена

Старомодни колачиња со јаткасти плодови кои одлично се комбинираат со кафе или чај

Овие неодоливи колачиња со ореви ќе ги воодушеват и најпребирливите љубители на слатки. Совршени за оние моменти кога сакате да...

НАЈЧИТАНИ