Следете не

Македонија

Честит 11-ти Октомври – Денот на народното востание

Објавено пред

на

Денеска Република Македонија го одбележува 11-ти Октомври.

На 11 Октомври 1941 борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го означи почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во добро организирана 110- илјадна армија со воени формации од највисок ранг како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети. Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Македонија

17 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – утрото на кобниот 16.10.2007

Објавено пред

на

printscreen/video

Цели 17 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – кобниот 16.10.2007. Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 – 16 октомври 2007) беше познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што беше доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победува изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси.

Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998).

Има блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година.

Во меѓувреме Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

Загина на денешен ден 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.

Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на Национална Жалост.

Вечна слава ГОЛЕМ ЧОВЕКУ!

Прочитај повеќе...

Македонија

Гостин од Австрија во хотел во Охрид било пријавено дека паднал од балкон

Објавено пред

на

На 13.10.2024 во 17.39 часот во СВР Охрид, е пријавено дека во хотел во Охрид од балкон паднал гостин во хотелот. Се работи за лицето M.K.(49) од Австрија, кој бил во друштво со С.Ф.В.(40) од Бразил. Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му била констатирана тешка телесна повреда.

За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, вчера извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Македонија

Денес се чествува 83 години, 11 октомври – Ден на народното востание на Македонскиот народ

Објавено пред

на

Денес се чествува 83 години – Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 октомври — државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

Историја

По фашистичката агресија и окупацијата на Југославија во 1941 година, Македонија повторно е поделена, овојпат помеѓу италијанскиот и бугарскиот окупатор.

И пред 11 октомври 1941 година доаѓа до вооружен отпор против окупаторот. Така, на 8 септември Лазо Колевски убива бугарски стражар кај Богомилскиот тунел, истиот ден во Скопје Боро Петрушевски убива бугарски војник, на 7 октомври во Скопје е извршен обид за убиство на агентотМане Мачков, во кој загинува Благоја Деспотовски – Шовељ, а на 8 октомври Трајко Бошкоски – Тарцан, пробивајќи се низ непријателскиот обрач во Прилеп, убива еден непријателски полицаец.

Сепак, за почеток на востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во нападот учествуваат 16 партизани,распределени во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората – затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.

Во првата група учествуваат: Аспарух Јосифоски (командир), Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.

Во втората група биле: Никола Попоски (командир), Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душко Ристески.

Во третата група биле: Мице Димески (командир), Крсте Црвенковски, Коле Чашуле, Киро Ќососки и Киро Базеркоски.

Помеѓу партизаните немало загинати, а бил убиен еден стражар од участокот во Прилеп од Душко Наумоски. Татко му на Наумоски бил пријател на стражарот Петар Колев, кој бил местен човек од Смилево, мобилизиран. Душко го искористил ова па се приближил и го убил.

Дејствија има и во Кумановско. На 12 октомври 1941 година, во областа Студена вода е формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба Карадачкиот партизански одред. При првите судири со бугарската војска овие партизански одреди биле разбиени. Карадачкиот одред е разбиен на 14 октомври, а Козјачкиот одред – на 17 октомври.

Скопскиот партизански одред, формиран веќе во август, не зема учество во овие настани, бидејќи борците не биле известени. Иако активноста на овие први партизански одреди е скромна, таа претставува иницијална каписла за продолжување на борбата.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија55 минути

17 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – утрото на кобниот 16.10.2007

Цели 17 години без нашата поп икона Тоше Проески, кој загина на денешен ден – кобниот 16.10.2007. Тодор „Тоше“ Проески...

Хороскоп2 часа

Хороскоп за среда (16 октомври)

ОВЕН Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да...

Македонија4 часа

Гостин од Австрија во хотел во Охрид било пријавено дека паднал од балкон

На 13.10.2024 во 17.39 часот во СВР Охрид, е пријавено дека во хотел во Охрид од балкон паднал гостин во...

Спорт4 часа

Сејдини во Швајцарија на итен состанок со првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини денес престојуваше во Европската куќа на фудбалот во Нион (Швајцарија) на покана...

Кичево6 часа

Денес е меѓународен ден на руралната жена, кичевчани горди на домаќинките од нашиот крај кои ја негуваат традицијата

15 октомври – Меѓународен ден на руралната жена. Кичево е гордо што има рурални жени што ја негуваат традицијата и...

Спорт15 часа

Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за „УЕФА Б“ курс.

Едукативниот центар при ФФМ вчера официјално објави за отворен конкурс за заинтересирани кандидати за упис на УЕФА Б курс. За...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (15 октомври)

ОВЕН Ве очекува значително подобрување на финансиската состојба во текот на овие денови. Вашите грижи ќе бидат ослободени. Некоја личност...

Автомобили1 ден

Вечната дилема: Дали треба да се загрее моторот пред возење?

Моторот со внатрешно согорување се состои од повеќе од 1.000 делови кои се направени од различни материјали. Ова значи дека...

Технологија1 ден

Најдобрите паметни часовници за 2024 година

Листата на најдобри паметни часовници во 2024 година ги вклучува Apple Watch Series 10, Galaxy Watch 7 и Garmin Venu...

Магазин2 дена

Apple iPhone 16 Pro: Совршенство на 16-тата генерација

Веќе навикнавме iPhone да се произведува во куп варијанти и не мислиме само на бојата на куќиштето. Во генерацијата 16, варијантите...

НАЈЧИТАНИ