Следете не

Култура

Кичево има таленти! Запознајте го Андреј и неговата бас гитара (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Кичево од секогаш раѓало вистински таленти за музика! Денес ќе ве запознаеме „ако веќе не сте знаеле“ за нашиот Андреј Угриноски кој со својата бас гитара се дружи од мали нозе.

За нашиот портал 20-годишниот Андреј исто така додава дека своите почетоци ги има токму во КУД „Рацин“ од Кичево каде што ги бележи првите достигнувања на сцена и пред публика, како најбитен дел од неговиот живот…

Моментално е член на два бенда и тоа „Addicted 2u“ како и „New Band“ кои практично свират два различни стила на музика, успешно совладливи за ова младо момче.

New Band:

Addicted 2u:

Неговиот последен краток видео запис поставен на својот Инстаграм профил собра доста позитивни коментари, така што дел од квалитетите кои ги поседува Андреј може да се забележат токму преку ова видео, кој е доказ дека со труд и љубов кон инструментот, како и активна вежба може да се постигнат сите врвови, сите скали и ноти дури и од врвните мајстори.

https://www.instagram.com/p/BgefTothglU/

Порта.МК ти посакува многу успеси како дома така и на меѓународна сцена да успееш, со работа и труд успехот веќе тропа на сигурна врата! 🙂

Култура

Празникот на љубовта и единството „БОЖИЌ“ – Христос се роди! Навистина се роди, за многу години да ѐ!

Објавено пред

на

©porta.mk

Христово рождество е исполнување на сите човечки копнежи, пророштва и очекувања, реализирање на севкупната и неуништлива жед на човекот кон доброто. „Христос се роди!“ – „Навистина се роди!“

Со овие зборови православните верници денес си го честитаат празникот Божиќ, раѓањето на синот божји, Исус Христос.

Ова се денови кога се најпотребни мир и спокојство меѓу луѓето. Единство кај македонскиот народ и меѓу Македонците што живеат надвор од државава. Христос да биде единствената смисла на нашиот живот, да го љубиме секого како самите себе, да го почитуваме човечкото достоинство и правото на живот, на слобода и на име.

Божиќ или Божик е денот на христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат Грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. Црквите кои го користат Јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари. Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости.

Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Република Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.

*Спонзорирано видео:

Прочитај повеќе...

Култура

Дeнот на очекување на радосната вест, денеска е „БАДНИК“, да се помолиме за здравје, среќа, љубов, мир и благосостојба!

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес е Бадник, додека истражувачите на овие обичаи истакнуваат дека во почетокот Коледе бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, со раѓањето на новото сонце што значело и раѓање или обнова на животот. Подоцна Христијанската црква овој ден го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите свети Августин одговарал: „Ние го празнуваме не како неверниците поради сонцето, туку поради оној што го создал сонцето”.

Иако обичаите што се изведуваат на Бадник и Божик во некои детали меѓусебно се разликуваат од регион до регион, па дури и од село до село, сепак, во основа се изделуваат неколку заеднички елементи, како што се богатата софра, што се подготвува на Бадник навечер, потоа коледарскиот оган заедно со дрвото Бадник, како и коледицата проследена со многу коледарски песни.

Богатата трпеза со исклучително посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и сл. според верувањето, има цел врз принципот на имитативната магија да обезбеди богат род на земјоделските култури. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така, заедно со храната да остане целата ноќ, а во некои места така останува во текот на трите дена додека се празнува Божик. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани. Во Кукушко се подготвувала вечера и за дедо Боже, трпезата се поставувала во дворот, а домаќинот го поканувал: „Поели дедо Боже да вечераме.” На Бадник софрата се става врз слама за спомен на јаслите од Витлеемската пештера во која е роден Исус. Подоцна со оваа слама се врзуваат овошките со верување дека таа ќе ги штити од болести и штетници и дека ќе дадат богат род.

На Бадник, во повеќе краишта на Македонија се меси кравајче, пита или погача во која се става сребрена пара. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравајчето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравајчето ја бараат парата и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои. Оној што ќе ја најдел парата ја ставал во грне или чаша со вино од која сите пиеле за здравје и среќа. Парата ја земал тој што ја нашол или му ја давал на домаќинот и за тоа добивал подароци. Во некои краишта овој обичај се изведува на Василица.

Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Во некои краишта дрвото што се гори е пенушка од даб, во други смрека, а некаде се гори круша горничка (дива круша) зашто се сметало дека таа е најродна, раѓа секоја година. Тоа се правело за да биде и годината родна. Таа ноќ, како што запишал К. Шапкарев, „сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: Бадник – будник”. И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето, будноста покрај овој обреден оган. К. Шапкарев уште забележал дека во Скопје кога оваа пенушка „ќе приближи на догорување, ги истеруваат машките деца надвор, а остануваат само женските, за да видат само тие кога ќе догори. Тоа значело да се раќаат се женски од живата стока на домаќинот т.е. јагниња, телиња, коњи и сл.” Во зборникот на браќата Миладиновци среќаваме податок дека во Кукуш од пенушката оставале едно парче „кое вардат до другата година, за да потпалет огнот во истиот вечер”, а во Воден „това парче закопват в лозје за да се сторит лозјето црно”. Во Дебарско, според записите на В. Икономов, исто така, внимавале “да остане едно парче недогорена гламна коешто секоја вечер од Божик до Богојавление се подгорува и се угаснува со вино – за зачувување од повреда на домашниот ситен добиток.

Во Струга децата одејќи по коледа носеле дрвени чеканчиња со кои тропале по влезните врати и пееле:
– Сива, сива голабица,
каде си се осивила?
– Таму горе на бел Дунав.
– Што имаше, што немаше?
– Ми имаше златна чаша,
златрна чаша, иконата,
да служиме млада Бога,
млада Бога Божикова,
Божик ми е на небеса,
слава му е на земјата.

Раѓањето на Исус Христос нашло место и во повеќе други верувања и преданија, а некои истражувачи веруваат дека оттогаш останало коледето, децата да одат по куќите и да го соопштуваат раѓањето на Богомладенецот Исус Христос.
Интересни обичаи поврзани со овој празник сè уште се изведуваат во Западна Македонија, поточно во с. Битуше. Денот пред Бадник се вика Кршенделија и тогаш при ставање на софрата се става и каленик (чинија) со ореви.

Секој зема по неколку и ги крши при што се верува дека ако тие се здрави, односно со бели и големи јатки и годината ќе биде плодна, односно семејството ќе има напредок. На Бадник, рано наутро, децата оделе во гората да соберат бодници (бадници). Тоа се дабови гранки коишто потоа стоеле покрај домашната икона односно покрај иконата на светецот заштитник. Вечерта кога ќе седнеле на вечера сите се фаќале за бадниците, при што едно бадниково гранче фрлале во разгорениот оган. Верувајќи дека оваа ноќ може да биде опасна поради негативните демони, луѓето ги затворале портите верувајќи дека со тоа им го зџатвораат и простапот на нечистите сили. Тоа трело до пеењето на првите петли кога сите станувале и се подготвувале за одење „в црква”.

Прочитај повеќе...

Култура

Читателите одлучија: „Сам дома“ е најдобриот божиќен филм на сите времиња

Објавено пред

на

Божиќните празници се идеално време за уживање во омилените филмски класици. Дури и ако сме ги гледале десетици пати, тие секогаш будат исти топли чувства.

Во наша анкета, побаравме од читателите да го изберат најдобриот божиќен филм на сите времиња од листа со десет познати наслови:„The Holiday“ „Elf“ „Love Actually“ „How the Grinch Stole Christmas“ „Home Alone“ „Die Hard“ „Planes, Trains and Automobiles“ „A Christmas Carol“ „Miracle on 34th Street“ „It’s a Wonderful Life“

Со огромна предност, „Сам дома“ победи со 56% од гласовите. Овој иконски прв дел од франшизата, кој ја следи приказната за осумгодишниот Кевин Мекалистер, останува омилен избор за многумина. Во момент на лутина, Кевин посакува неговото семејство да го нема, а неговата желба неочекувано се остварува кога родителите го забораваат дома и заминуваат на патување. Но, ситуацијата се заплеткува кога Кевин мора да ја брани својата куќа од двајца криминалци, Хари и Марв.

Неверојатен успех на филмот

„Сам дома“ премиерно беше прикажан на 16 ноември 1990 година и веднаш стана хит. Филмот помина 12 недели како најгледан во САД, а остана во топ 10 до април 1991 година, дури и по Велигден. Со заработка од 476 милиони долари, филмот постигна неверојатен успех во однос на својот буџет од само 18 милиони долари.

Главниот актер, Меколи Калкин, беше клучен за успехот на филмот. „Меколи имаше нешто посебно. Беше природен, шармантен и смешен. Имаше несовршености што го правеа уште попривлечен“, изјави режисерот Крис Колумбус.

Со годините, „Сам дома“ останува симбол на празничната атмосфера, буди смеа и носталгија, и продолжува да биде неизоставен дел од божиќните традиции.

Извор: Dnevnik

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп5 часа

Хороскоп за среда (8 јануари)

ОВЕН Не брзајте премногу со завршувањето на важни работни задачи, најдобро е сѐ да се одвива полека. Иако мислевте дека...

Кичево7 часа

Утре на „Хуманитарниот Божиќен Базар“ во Кичево, Епископот Партениј со неговата посета ќе го озари светлиот дух на Божик, ќе има многу подароци и изненадувања за најмилите

Почитувани хумани луѓе, наши сограѓани. Од утре 08-јануари со почеток од 18:00ч „Хуманитарниот Божиќен Базар“ продолжува и ќе трае до...

Автомобили10 часа

Жените ги избраа финалистите за Светскиот автомобил во 2025 година

Жирито на WWCOTY денеска официјално ги прогласи победниците во вкупно осум категории за овогодинешните награди. Што се однесува до автомобилите,...

Магазин10 часа

(ВИДЕО) Саксофонистот Даниел Божиноски од Кичево празнично го истакна најновиот музички проект „Маестро чочек“

Саксофонистот Даниел Божиноски од Кичево го истакна својето најново музичко исполнение „Маестро Чочек“. Ова за него е вкупно 5-то. За...

Автомобили16 часа

Автомобилскиот бренд „Мазда“ подготвува електричен модел со нова платформа и батерии од „Panasonic“

Mazda ги засилува напорите на полето на електрификацијата. Јапонската компанија ги објави плановите за изградба на нов производствен погон во...

Lifestyle16 часа

10-те најпосетувани градови од туристи во 2024 година

Компанијата за истражување на пазарот Euromonitor, со седиште во Велика Британија, ја објави листата на Топ 100 градски дестинации за...

Извор: Samsung Извор: Samsung
Магазин16 часа

Galaxy S25: Прелиминарни резултати потврдуваат – Snapdragon за целиот свет

Samsung ја напушта Exynos платформата за серијата Galaxy S25 Серијата Samsung Galaxy S25 го означува преминот на Qualcomm Snapdragon процесорите...

Магазин16 часа

Лажни или оригинални? 5 начини да откриете дали вашите Apple AirPods се лажни

Сакате да купите Apple AirPods, но не сте сигурни дали се лажни? Еве неколку начини да проверите дали производот што...

Магазин16 часа

Како да користите ChatGPT на уреди со iPhone

  Од објавувањето на iOS 18.2 на 11 декември, интеграцијата на ChatGPT стана клучен дел од платформата Apple Intelligence. Ако...

Магазин16 часа

Google предлага алтернативно решение за монополот на пазарот на пребарувачи

Google поднесе предлог за решавање на антимонополските прекршувања за кои беше обвинет од американското Министерство за правда (DOJ). Министерството побара...

НАЈЧИТАНИ