Кичево
Кичево ќе добие нова пречистителна станица за отпадни води (ФОТО)

Утре со мала свеченест и официјално ќе биде предадена во употреба новата пречистителна станица за отпадни фекални води во Кичево. Новата пречистителна станица започна да се гради есента 2016 година и се гради во две фази.
-Во првата фаза изградена е пречистителната станица и колекторски систем за градот и приградските населби, еквивалент за 36.000 жители. Во втората фаза се гради колекторски систем за зајашкиот регион и за дел од друговсиот регион или еквивалент за 46.000 жители-информираше при неодамнешната посета на новиот објект, ресорниот министер Садула Дураку и според неговите зборови комплетното завршување на овој систем ќе чини околу 15 милиони евра .
Според програмата за утре, во 11 часот ЕЛС Кичево ќе го посети амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, при што ќе оствари средба со градоначалникот Фатмир Дехари. Во 12 часот во месноста Девичово ќе биде свеченото пуштање во употреба на новоизградениот објект, а се очекува присуство на повеќе министри и премиерот Зоран Заев, кој заедно со амбасадорот на ЕУ во земјава Жбогар, треба да го означи почетокот на работа на новоизградениот објект прв од ваков вид во нашата земја.
Извор: Зоран Антоски /НоваМакедонија
Кичево
Неделна акција на производи во АТВА Маркети – Кичево

Нова неделна акција на производи во АТВА маркети – Кичево.
Неделната акција трае до 27.03 (четврток) 2025 година.
Посетете ги АТВА маркети, заштеди со квалитет!
Кичево
Утре следните кичевски села ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 24.03 – понеделник, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следниве слеа од град Кичево:
Вид на прекин | Нас.место | Локација | Почеток | Крај |
---|---|---|---|---|
Планиран прекин | Чeлопеци | с.Орланци, с.Речани, с.Крушица, с.Светорача, с.Дупјани с.Козичино и с.Патеец | 24.03.2025 08:55 | 24.03.2025 15:30 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Кичево
Со едногласна одлука советот на Општина Кичево изгласа финансиска помош за настраданите во Кочани

Денес во Општина Кичево, се одржа комеморативна седница во проширен состав за кобната несреќа во Кочани.
Со едногласна одлука советот изгласа одобрување на финансиски средства од 600,000 денари за финансиска помош за трагичниот настан.
Сочувство до семејствата на настраданите и лесно закрепнување на повредените.
Господ на помош на сите, стои во интегралното соопштение на советник кој истото го истакна на социјалните мрежи.
-
Македонија8 часа
Љупче Спироски од Кичево избран за нов началник на „РЦ Запад“, истакнат професионалец во својата работа
-
Автомобили1 ден
Ова се 10-те најпродавани автомобили во Европа: Еден е победник во дури 42 земји
-
Македонија1 ден
„Рурална Коалиција“ ја изработи првата мапа со туристички локалитети во реонот на „Илинска планина“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (27 март)
-
Временска прогноза24 часа
Врнежи од дожд, проследени со Сахарска прашина, ова се најновите метео вести
-
Спорт1 ден
(ГАЛЕРИЈА) Вчера Велс издржа, во следното коло на 6-ти јуни Македонија на домашен терен ја дочекува Белгија
-
Македонија11 часа
Вчера 76 лица управувале возила без возачка дозвола, МВР со извештај за сообраќајните контроли низ Македонија
-
Магазин1 ден
Дали ChatGPT навистина ви помага или ве прави зависни?