Мобилни уреди
И сега? Нарушена безбедноста кај корисниците на iPhone, пробиени најголемите тајни
Компанијата Apple во моментов се соочува со големо нарушување на безбедноста на уредите на нивните корисници. Имено, анонимен корисник на популарната веб-страница за размена на кодови GitHub објави заштитен сигурносен код на iOS кој е наречен iBoot.
Кодот го открива iBoot системот на iPhone кој се активира кога телефонот ќе биде вклучен. Според првите проценки се смета дека сега хакерите ќе бидат во можност да уфрлуваат вируси или уреди за надзор и шпиунажа.
Џонатан Левин, кој има напишано неколку книги за iOS и macOS рече дека откривањето на iBoot кодот ја направи ситуацијата многу сериозна и дека ова е закана за „најголемото протекување на информации во историјата“.
Сепак, експертите наведуваат дека нема потреба веднаш да се паничи, но напоменаа дека хакерите би можеле да го анализираат кодот и подоцна да го користат за манипулација.
Она што е занимливо е дека истиот овој код пред една година беше објавен на Reddit, но таму остана незабележан. Меѓутоа, веројатно е дека неколкумина го забележале кодот додека работеле на ранливоста на iOS пред неколку месеци.
Од друга страна, поради тој претходен пропуст Apple значително ја зголеми безбедноста на iBoot системот кај нивниот iPhone 9, па заради тоа не се сигурни како би можело да дојде до откривање на сигурносниот код.
Мобилни уреди
(ВИДЕО) Добредојде за најновата серија на Samsung Galaxy, модел S25, големата еволуција на „Galaxy AI“
„Galaxy Unpacked 2025“ ни донесе нови телефони од јужнокорејскиот гигант, а можеби и уште изненадувања. Samsung го одржа својот настан Galaxy Unpacked 2025 вчера вечер, 22 јануари, и се пренесуваше во живо на Samsung, како и на YouTube каналот на Samsung.
Се очекуваше да бидат претставени најновите паметни телефони на Samsung, а веројатно и други хардвер и услуги.
Поканата Unpacked 2025 покажа дека Galaxy AI повторно ќе биде централен дел од презентацијата, имајќи предвид дека ќе биде претставена на повеќето производи на Samsung оваа година. Samsung истакна во поканата. „Доаѓа следната еволуција на Galaxy AI“, а промотивниот материјал се фокусираше на поприродни разговори, функции меѓу апликации и интеграција со вештачка интелигенција на повеќе производи.
Кога станува збор за телефоните, оваа година ги видовме стандардните Galaxy S25 модел, S25 Plus и S25 Ultra.
Колегите од „Benchmark“ со официјална рецензија од настанот во Сан Хосе:
Магазин
Samsung го најави Galaxy Unpacked со нов холограмски дисплеј во Лондон
Samsung го привлече вниманието со холограмски дисплеј во Лондон, организиран на 15 јануари, за да го најави претстојниот настан Galaxy Unpacked и премиерата на серијата Galaxy S25. Централна тема на оваа серија е усовршената технологија Galaxy AI, која продолжува да биде во фокусот на Samsung.
Galaxy AI: Клучна технологија во серијата Galaxy S25
Galaxy AI, претставен минатата година со серијата Galaxy S24, веќе има значајна улога во уредите на Samsung. Сега, со серијата Galaxy S25, оваа технологија ќе понуди нови можности, вклучувајќи:
- Подобрена верзија на виртуелниот асистент Bixby.
- Поцврста интеграција со Google Gemini, најновиот модел на вештачка интелигенција на Google.
- Надградена функција за скици со вештачка интелигенција, која овозможува попрецизна и покреативна обработка на фотографии и содржини.
Импресивен холограмски дисплеј
Холограмскиот дисплеј во Лондон беше составен од специјални проектори, кои прикажуваа морски пејзажи, егзотични растенија, спортски сцени и светлечки лампиони. Овие визуелни елементи беа дизајнирани да ја покажат способноста на Galaxy AI да организира и оживува спомени од галеријата на корисниците.
Очекувања за серијата Galaxy S25
Со премиерата закажана за следната недела, Galaxy S25 ќе биде првиот уред кој ќе ги имплементира овие иновации. Samsung го потврди својот фокус на интегрирање вештачката интелигенција во секојдневните задачи, поставувајќи нови стандарди во мобилната технологија.
Извор: GsmArena
Магазин
Apple ја паузира употребата на вештачка интелигенција за известувања поради повторени грешки
Американската технолошка компанија Apple привремено ги суспендираше известувањата за вести и забава, откако се соочи со критики и поплаки поради повторените грешки во сумирањето на содржините.
Компанијата најави измени во функцијата за известувања, насочени кон зголемување на транспарентноста, пренесува TechCrunch.
„Резимето на известувањата за категориите вести и забава ќе бидат привремено недостапни и повторно ќе се активираат во идно ажурирање, откако ќе бидат унапредени,“ изјави портпаролот на Apple.
Оваа промена следи по неодамнешните критики од медиумите, меѓу кои и BBC, кој се пожали дека вештачката интелигенција на Apple погрешно сумирала еден од нивните написи. Во сумираниот наслов лажно се наведувало дека Луиџи Манџоне, уапсен за убиството на извршниот директор на UnitedHealthCare, Брајан Томпсон, извршил самоубиство во затвор.
Дополнително, вештачката интелигенција на Apple погрешно ги сумираше содржините на статии од The New York Times и The Washington Post, според извештаите на новинарите.
„Задоволни сме што Apple ја паузира функцијата за резиме на вести како одговор на нашите забелешки,“ изјави портпаролот на BBC.
Тој изрази надеж за „конструктивна соработка“ со Apple за подобрување на функцијата, нагласувајќи дека точноста на информациите е од суштинско значење за одржување на довербата на публиката.
Извор: B92
-
Скопје1 ден
Утре во Скопје на поширокото централно подрачје ќе има посебен режим на сообраќај поради посета на висок функционер на Република Црна Гора
-
Македонија1 ден
ДПИ ќе спроведува засилени контроли према законите за угостителска дејност и заштита од пушење цигари
-
Македонија9 часа
Битолчанец бил измамен, му посредувале за наследство од починато лице кое немало законски наследници
-
Автомобили2 дена
Ова се користените автомобили што треба да ги избегнувате
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (28 јануари)
-
Хроника9 часа
Извлечено женско тело од водите на Вардар
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за среда (29 јануари)
-
Магазин2 дена
Индонезија планира да воведе старосна граница за користење на социјалните мрежи