Следете не

Без категорија

Коронавирус: #10 причини зошто не треба панично да се дејствува, задолжително прочитајте и пренесете ги пораките

Објавено пред

на

Пандемија значи постојано пренесување на болеста, симултано, во повеќе од три различни географски региони – а не се однесува на смртноста на вирусот. Се однесува на начинот на пренесување и географската распространетост. Она што сигурно го имаме е пандемија на страв.

Медиумите од цела планета се преокупирани со коронавирусот – точно е дека е оправдана грижата и масовното планирање за најлошо сценарио, и се разбира реперкусиите се селат од светско здравје во бизнис и политика, НО!

Истовремено е важно да не се паничи. Не дека коронавирусот е одлична вест (иако во еден бизарен пресврт и од одреден аспект може баш тоа да значи), ама постојат и причини за оптимизам – дека можеме да го контролираме и да го задржиме вирусот, а и да научиме нешто за во иднина.

1. Знаеме што е

Првите случаи на СИДА се откриени во јуни, 1981, а им требало повеќе од две години да го идентификуваат вирусот (ХИВ), што ја предизвикува болеста. Со КОВИД-19, првите сериозни случаи на пневмонија се пријавија во Кина, на 31-ви декември, а до 7-ми јануари, вирусот веќе беше идентификуван. Геномот беше достапен на 10-тиот ден.

Веќе знаеме дека се работи за нов коронавирус од група 2Б, од семејството на САРС, кој го викаме SARSCoV2. Болеста се вика КОВИД-19. Се смета дека е поврзана со коронавирус од лилјаци. Генетските анализи потврдуваат дека е нов и природен и дека (иако вирусите живеат со мутирање), стапката на мутирање може да не му е многу висока.

2. Знаеме како да го откриеме вирусот

Од 13-ти јануари, достапен е тест за детектирање на вирусот.

3. Ситуацијата во Кина се подобрува

Силната контрола и мерките на изолација кои ги наметна Кина почнуваат да се исплаќаат. Веќе неколку недели, бројот на дијагностицирани случаи се намалува. Детална епидемиолошка анализа се изведува во другите земји; ширењето го има само во одредени региони, и тоа дозволува полесно да се контролира.

4. 80% од случаите се со благи симптоми

Болеста нема симптоми, или е во блага форма во 81% од случаите. Се разбира, во 14% од случаите, може да предизвика сериозен случај на пневмонија, а во 5% од случаите може да биде критична, дури и фатална. Сѐ уште не се знае која ќе биде стапката на смртност. Но, може да биде пониска од некои проценки кои наголемо се во оптек.

5. Луѓето се опоравуваат

Податоците се однесуваат на зголемувањето на бројот на потврдени случаи и бројот на смртни случаи, но повеќето заразени се лечат. Има 13 пати повеќе излечени отколку мртви и оваа разлика е сѐ поголема.

6. Симптомите кај деца се благи

Само 3% од случаите се луѓе под 20 години, а смртноста под 40 години е само 0.2% Симптомите се толку благи кај деца, што можат да поминат и незабележано.

7. Вирусот може буквално да се избрише

Вирусот може ефикасно да се отстрани од површини со раствор од етанол (62-71%), хидроген (0.5%) или содиум хипохлорит (0.1% белило) за само една минута. Честото миење раце со сапун и вода е најефикасен начин за избегнување зараза.

8. Науката му има влезено, на глобално ниво

Живееме во време на меѓународна научна соработка. После само еден месец, достапни се 164 статии за КОВИД19 и САРСКов2. Се работи на вакцини, третмани, епидемиологија, генетика и филогенија, дијагноза, клинички аспекти, итн.

Овие статии ги пишуваат некои 700 автори, од секаде низ светов – што е кооперативна наука, споделена и отворена. Во 2003 кога се појави САРС, требаше да помине повеќе од година, а добивме едвај половина од бројот на статиите што ги имаме за коронавирус.

9. Веќе има прототипи за вакцина

Нашата способност за дизајнирање нови вакцини е спектакуларна. Веќе има над осум проекти што бараат вакцина против новиот коронавирус. Има групи што работат на слични проекти за слични вируси.

Од универзитетот во Квинсленд, Австралија дојавија дека веќе работат на прототип на вакцина, со користење на нова технологија. Ова е само еден пример што може да овозможи производство на вакцини за рекордно време. Прототипите може наскоро да се тестираат на луѓе.

10. Во тек се антивирални испитувања

Вакцините се сепак превентива, а во моментов, лечењето на луѓето кои се веќе болни е многу важно. Веќе има над 80 клинички испитувања што анализираат третмани за коронавирус. Има антивирални средства што се користат за други инфекции кои се веќе одобрени и знаеме дека се безбедни.

Во 1918, пандемијата на грип предизвика 25 милиони смртни случаи за помалку од 25 недели. Може ли сега да нѐ чека нешто слично? Веројатно не – никогаш порано не сме биле вака подготвени да се бориме со пандемија.

Powered: Off.net.mk

Без категорија

Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)

Објавено пред

на

Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.

Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.

Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.

Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.

Прочитај повеќе...

Без категорија

Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Објавено пред

на

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.

Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.

Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.

Извор: 9to5mac

Прочитај повеќе...

Без категорија

Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Објавено пред

на

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.

Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.

Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп12 часа

Хороскоп за петок (26 април)

ОВЕН  Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе...

Магазин20 часа

Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери

Qualcomm ги промовира двата чипсети како врвни решенија за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека тие ги имаат најбрзите NPU за лаптопи...

Кичево23 часа

Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди

Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на...

Автомобили1 ден

Електрични возила и губење на вредноста

Размислувате за купување на електрично возило, но не сте сигурни за неговата препродажна вредност? Новото истражување открива дека додека постарите...

Автомобили1 ден

Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?

Првично, трошоците за одржување беа ниски и слични за повеќето брендови. Consumer Reports подетално ги разгледа трошоците за одржување на...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (25 април)

ОВЕН Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога...

Временска прогноза2 дена

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите...

Кичево2 дена

Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда

На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со...

Свет2 дена

Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“

Кина ја докажа поентата на законот за забрана на TikTok преку Конгресот. Претставници на кинеската амбасада неодамна лобираа против нацрт-законот...

Спорт2 дена

Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја посакува 25-тата. Грен слем титула во кариерата и тоа не го крие. Српскиот...

НАЈЧИТАНИ