Македонија
Ковид-19 денес: Нови 609 случаи, починати 22 пациенти, од 6,542 тестови
Во последните 24 часа се направени 6.542 тестирања, а регистрирани се 609 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 276
• Куманово – 50
• Струмица – 36
• Штип – 21
• Велес – 20
• Охрид и Кавадарци – по 18
• Гостивар и Битола – 17
• Кичево, Струга и Радовиш – по 15
• Прилеп – 14
• Кочани – 11
• Тетово и Берово – по 9
• Ресен – 6
• Гевгелија, Свети Николе, Дебар, Валандово и Кратово – по 5
• Виница – 4
• Крива Паланка, Делчево и Пехчево – по 3
• Неготино – 2
• Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1
Пријавени се 22 починати лица: 6 починати лица од Скопје (65г, 66г, 73г, 77г, 78г и 81г), 5 починати лица од Струмица (45г, 52г, 64г, 71г и 82г), по 2 починати лица од Прилеп (51г и 82г) и Струга (70г и 80г) и по едно починато лице од Тетово (54г), Гостивар (64г), Берово (72г), Кавадарци (54г), Куманово (46г), Крива Паланка (72г) и Дебар (65г). Сите пријавени се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 347 оздравени пациенти од:
• Скопје – 173
• Тетово – 25
• Куманово – 24
• Струмица – 22
• Гостивар – 15
• Штип – 14
• Кичево – 13
• Велес – 8
• Берово и Делчево – по 6
• Кавадарци, Прилеп и Македонска Каменица – по 5
• Радовиш, Свети Николе и Пробиштип – по 4
• Неготино – 3
• Битола, Ресен и Гевгелија – по 2
• Крива Паланка, Кочани, Валандово, Кратово и Виница – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.218.501 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.059, бројката на оздравени пациенти е 163.417, на починати е 6.236, а бројот на активни случаи изнесува 13.406
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Хороскоп20 часаХороскоп за недела (7 декември)
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (6 декември)
-
Временска прогноза1 денСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Здравје и убавина23 часаКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина50 минутиДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
