Спорт
Куртоа во Реал, Чех назад во Челзи?

Двете имиња се поврзани со онаа на Каспер Шмајхел од Лестер Сити и поранешниот чувар на Челзи, Петр Чех, кој сега игра кај ривалите Арсенал. Извештаите доаѓаат од Kaveh Solhekol, Sky Sports News, кој објави на Твитер:
Челзи размислува повторно да го потпише Петр Чех ако кога го продаде Тибо Куртоа во Реал Мадрид, а Челзи е заинтересиран и за голманот на Лестер Сити, Каспер Шмајхел
Спорт
(ВИДЕО) Лука Модриќ вечерва покажа дека годините се само бројка, постигна гол од над 25 метри, вистинска „бомба“ пред очите на Газанига

Кралскиот клуб оствари убедлива победа против Џирона на домашен терен со 2:0, додека со таа победа се израмни на врвот со Барселона. Македонскиот „ас“ Бојан Миовски влезе за Мигел Гутиерез во финишот на мечот, каде одигра 15 минути.
Најмногу акцент фудбалскиот свет фрли на мега спектакуларниот гол од над 25 метри на хрватскиот интернационалец Лука Модриќ пред завршеток на првото полувреме, и со тоа упати според нас една јасна порака дека „Годините се само бројка“, така што – Браво мајсторе!
Голот погледнете го продолжение:
🚨🇪🇸 GOAL | Real Madrid 2-0 Girona | Vinicius Jr
VINICIUS JR DOUBLES THE LEAD FOR REAL MADRID !!!!!!!!!!!pic.twitter.com/nuI20x624C
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) February 23, 2025
Спорт
(ФОТО) „ФК Кичево“ денес ги продолжи подготовките за пролетната сезона со пријателски натпревари во Битола и Кичево на домашен терен

Спортски викенд, спортска недела. Во рамки на денешниот ден нашиот тим „ФК Кичево“ генерација 2014/2015 и генерација 2011 одиграа два пријателски меча. Помладата генерација гостуваше во Битола каде одигра супер натпревар против одличните момчиња од „ФК Талент 2010“, кои ни приредија соодветен пречек благодарение на г-дин Златко Цветаноски од битолската екипа, додека генерација 2011 речиси во истата временска рамка одиграа пријателски меч на домашен терен против екипата на „Јанг Тим“ од Струга.
Од она што може да се забележи, не чека возбудлива пролет со нашите момци!
Во прилог ви презентираме фотографии преку нашиот објектив од Битола:
Спорт
ФФМ со реакција: Закажаното Собрание на ОФС Охрид не е според Статутот на сојузот

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација дека закажаното Собрание за 19.02.2025 година на ОФС Охрид не е закажано во согласност со Статутот на ОФС Охрид во кој е утврден рок од 30 дена од денот на закажување до денот на одржување на Собранието.
Имено, Управниот одбор на ОФС Охрид на седница одржана на 27.01.2025 година го закажува своето Собрание за 19.02.2025 година.
Како што велат во интегралното соопштение на Фудбалската федерација, одлуката на Управниот одбор на ФФМ донесена на 27.12.2024 година не е променета, а тоа значи дека Фудбалската федерација на Македонија нема да има претставник на Собрание кое е закажано спротивно на одредбите од Статутот на Општинскиот фудбалски сојуз – Охрид.
Извор: ФФМ
-
Македонија2 дена
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Временска прогноза1 ден
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Спорт6 часа
(ФОТО) „ФК Кичево“ денес ги продолжи подготовките за пролетната сезона со пријателски натпревари во Битола и Кичево на домашен терен
-
Македонија1 ден
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Здравје и убавина9 часа
Ова се 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје
-
Мобилни уреди1 ден
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години