Следете не

Живот и стил

Лошиот однос со родителите виновник за агресивното однесување на децата

Avatar

Објавено пред

на

За агресивното и непослушно однесување на децата виновен е непријателскиот однос меѓу мајката и детето – открива истражувањето на Универзитетот Минесота, спроведено врз 267 парови на мајки и деца.

На децата на возраст од три до шест години највеќе влијаат лошите постапки на нивните родители. Ако детето има лош однос со родителите тоа најверојатно ќе придонесе кон неговите проблеми на училиште – истакнува водителот на истражувањето, Мајкл Лорбер.

Ако Вашето дете е малку „поживо“ на училиште, немојте многу да се грижите. Односот на мајката и детето не е единствениот кој влијае на агресивноста на детето. Најверојатно и генетиката има улога. Секој родител треба да му помогне на своето дете при неговиот социјален и емоционален развој – додава Лорбер.

Вообичаено бебињата се изразено мирољубиви, а првите знаци на агресија се појавуваат околу втората година, но со растењето би требало да се намалуваат. Детската агресивност се поврзува со проблемите во училиште, депресијата, како и со алкохолот и брачните проблеми на родителите.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Живот и стил

Неколку начини како да вежбате во жешко време

Avatar

Објавено пред

на

Има неколку начини како да се справите со неподносливата жештина, а да не мора да го жртвувате тренингот. Ако не вежбате во климатизирана теретана, надворешните температури може дополнително да ве исцрпат и да си направите штета, наместо да добиете бенефит од вежбањето.

Првиот совет е логичен: избегнете го најжешкиот дел од денот за вежбање, дури и ако вежбате во теретана. Намалете го интензитетот на вежбањето и во најжешките денови тренирајте колку да ја одржите кондицијата и навиката.

Некои тренери на професионални спортисти советуваат постепено ладење на телото пред тренингот со пиење ладни течности и ставање ладни облоги на телото, познато како „предладење“.

Другата опција, колку и да звучи чудно, е лежење во топла купка во која температурата на водата е најмалку 40 степени Целзиусови, 30 минути по 30-минутно трчање, што постепено ќе го „климатизира“ вашето тело и ќе го „навикне“ на жешки услови.

Лекарите и тренерите предупредуваат да не го исцрпувате телото со интензивно вежбање во време на топлотен бран и потсетуваат да пиете доволно вода и да имате при рака солени грицки во случај да почувствувате паѓање на притисокот или омалаксаност.

За оние кои не сакаат да го прекинат секојдневното џогирање, се препорачува да го нагодат тренингот на отворено за рано наутро или доцна навечер и да го скратат времето на трчање во најжешките денови.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Мајките кои седат дома се понесреќни од оние кои одат на работа

Avatar

Објавено пред

на

Можеби си мислите дека мајките кои не работат живеат совршен живот и имаат еден куп време да се грижат за своите деца и со нив квалитетно да го поминуваат времето. Но, едно ново истражување покалажо дека тие се посклони кон депресија и почесто се разболуваат отколку мајките кои работат.

Истражувачите од универзитетот на Северна Каролина анализирале податоци собирани повеќе од 10 години во кои биле вклучени 1364 мајки.

„Во сите случаи со значителни разлики во добробитта на мајките, како што е конфликтот меѓу работата и чувањето на децата, споредбата покажа дека сите го пртпочитаат работењето со скратено работно време повеќе отколку работењето со цлосно работно време или седењето дома“ – вели Шерил Буелер од универзитетот на Северна Каролина.

Така, мајките кои биле вработени со скратено работно време пријавиле дека имаат подобро здравје и помалку симптоми на депресија отколку оние кои биле домаќинки, додека пак немало значителни разлики во споредба со оние жени кои работат 8 часа или подолго. Исражувањето покажало дека мајките кои работат со скратено работно време се подеднакво вклучени во посветувањето време на своето дете и им оозможиле повеќе шанси за учење на децата од прет-школска возраст и се подеднакво вклучени во школските активности на децата колку и мајките кои се постојано дома. Нормално, мајките кои работат со целосно работно време, овде заостануваат.

Врз основа на истраувањето, истражувачите сметаат дека најкорисно за децата (и за мајките кои сакаат да им се посветат) е нивните мајки да работата со скратено работно време, бидејќи тоа придонесува кон зајакнување на врсите во семејството. Тие им препорачуваат на работодавците да создадат соодветни услови повеќе жени да работат со скратено работно време, преку овозможување на соодветни бенефиции кои би ги поттикнале мајките да бараат такво вработување.

Кај нас вакво нешто сигурно би им било корисно на сите, особено на оние жени кои поради семејството решаваат да останат дома и да се грижат за децата. Вие што мислите? Се соглсувате ли со ова?

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Во што сè жените се подобри од мажите?

Avatar

Објавено пред

на

Инспирирани од многуте истражувања, а поттикнати од новата книга „Man Down“ на Ден Абрамс, решивме да собереме на едно место што повеќе информации за работите кои жените ги прават подобро од мажите. Верувале или не, се прават илјадници истражувања на тема мажи vs. жени. Еве ги резултатите од најпопуларните од нив, а кои ги покажуваат жените како претставнички на супериорниот пол:

Жените подобро се справуваат со раскинувањето и лошите моменти во врската

Се смета дека по раскинувањето жените седат дома и јадат сладолед плачејќи, а мажите веднаш трчаат да излезат и да се забавуваат. Но, вистината е дека жените подобро сесправуваат со раскинувањето и лошите моменти во врската. Зошто? Затоа што жените имаат повеќе луѓе со кои можат да разговараат и од кои добиваат поддршка. Мажите од своја страна само ги „голтаат“ фрустрациите и ги чуваат чувствата во себе, а тоа влијае негативно на нивната самодоверба и емотивна состојба.

Жените поднесуваат повеќе болка

Сигурно веднаш помислувате на депилација, породување… Истражувачите сметаат дека жените почесто се соочуваат со болка и чувствуваат поголеми болки во текот на нивниот живот, па токму поради тоа можат подобро да ја поднесуваат болката. Истражување во кое учествувале воени лица покажало дека женските војници поретко пријавувале дека чувствуваат болка во споредба со војниците од посилниот пол. Еден од доказите доаѓа од емисијата MythBusters. Во една од епизодите, учесниците требало да ги држат рацете потопени во преладна вода. Жените издржале за 19% подолго од мажите.

Жените се подобри полицајци и шпиони

Истражувањата покажале дека жените полицајци се подоверливи, помалку корумпирани и поретко употребуваат физичка сила во споредба со полицајците од машки пол. Токму поради тоа, жените подобро се справуваат со насилни ситуации. Во рамките на друго истражување, маж кој се претставувал како привлечна жена контактирал онлајн со машки и женски шпиони со цел да извлече од нив што повеќе информации. Резултатите покажале дека мажите шпиони издаваат доверливи информации полесно од жените.

Жените се подобри коцкари

Да, жените поретко се коцкаат од мажите, но се многу подобри во тоа и почесто остваруваат заработка. Истражување со повеќе од 40 000 коцкари направено со соработка на универзитетите Харвард и Кембриџ покажало дека жените се поефективни во спортското обложување од мажите. Зошто? Затоа што жените се поагресивни, побрзо одлучуваат за својот облог и почесто имаат профит од обложувањето.

Жените се подобри политичари и светски лидери

Маргарет Тачер има изјавено: „Во политиката, ако сакаш нешто да биде само кажано – побарај маж; ако сакаш нешто да биде направено – побарај жена“. И очигледно била во право. Истражувањата покажале дека жените се поефективни политичари, помалку корумпирани и поддржуваат многу повеќе проекти и програми. Во рамките на едно истражување учесниците ги оцениле жените како еднакво добри или подобри политичари од мажите, но кога биле прашани за кого би гласале, за маж или за жена, повеќето учесници одговориле дека би гласале за маж. Тоа е и одговорот на прашањето зошто во светски рамки повеќето политичари се мажи.

Жените се подобри возачи од мажите

Тука не станува збор за паркирање или возење во рикверц, тоа е во областа на мажите. Жените се подобри возачи од мажите затоа што се повнимателни, велат експертите. Едно истражување покажало дека ризикот за возачите од машки пол да загинат во сообраќајна несреќа е за 77% повисок отколку за возачите од женски пол. Друго истражување покажало дека во текот на 5-годишен период, 80% од сите сериозни сообраќајни несреќи во градот Њујорк вклучувале мажи. Освен тоа, мажите почесто добиваат казни за брзо возење.

Жените подобро управуваат со парите отколку мажите

Минатата година Њујорк Тајмс објави статија во која се тврдеше дека жените заработуваат повеќе од мажите на пазарот со акции. Истражувањата покажуваат дека жените се за 3-4% подобри инвеститори и многупати подобри во менаџирањето на семејниот буџет.

Жените имаат подобра меморија од мажите

Жените многу подобро помнат лица, имиња, секојдневни настани, детали од разговорите што ги воделе и сл. Многу истражувања, меѓу кои и минатогодишното истражување на Универзитетот Кембриџ, потврдуваат дека женскиот мозок е поспособен да памти информации од машкиот. Таа способност им помага на жените да се снаоѓаат подобро во многу сфери од животот.

Жените би ги победиле мажите на ултра долги маратони

Мажите се подобри спортисти, но жените би можеле да ги победат мажите на ултра долги маратони од 200, 300 или 400 километри без спиење. Зошто? Поради две причини: прво, естрогенот им помага на жените да бидат поиздржливи и второ, женското тело има повеќе масти, па на многу долги патеки тоа е доста полезно.

Жените се хранат поздраво

Американско истражување во кое учествувале 14 000 мажи и жени покажало дека жените избираат поздрава храна и почесто консумираат овошје и зеленчуци.

Освен тоа..

Жените се и подобри:

  • Студенти – повеќе жени отколку мажи завршуваат факултет и тоа со подобар успех;
  • Спикери – луѓето им даваат поголем кредибилитет на вестите кога тие се презентирани од жена;
  • Доктори – жените поминуваат повеќе време со пациентите, повеќе ги охрабруваат и поддржуваат и сочувствуваат со нив, а и пациентите се чувствуваат покомфорно кога се со докторка;
  • Нуркачи – жените се посмирени, помалку агресивни и повеќе внимаваат на нивната безбедност.

Жените:

  • се поорганизирани на работното место;
  • имаат подобро развиено чувство за мирис;
  • живеат подолго;
  • подобро соработуваат и работат во тим;
  • комуницираат подобро;
  • учат полесно од мажите;
  • помалку зборуваат од мажите, но се изразуваат посмислено и поразнообразно од мажите и она што го кажуваат секогаш е поинтересно;
  • се подарежливи од мажите;
  • прават подобро вино.

Докажано е дека жените можат подобро:

  • да прават повеќе работи истовремено (мултитаскинг);
  • да убедат сообраќаен полицаец да не им пише казна;
  • да закажат термин на доктор;
  • да победат во дискусија;
  • да убедат продавач да им даде попуст;
  • да заковаат шајка.

Ова не е конечен список… има многу други нешта кои жените ги прават многу подобро од мажите.

Сепак, ова не значи дека жените се подобри во сè. Мажите се физички посилни и побрзи, подобро паркираат, подобро возат во рикверц, подобро читаат од мапи, подобро гледаат објекти кои се оддалечени од нив (далековидни се), поуспешно држат диети, подобро се однесуваат кон своите пријатели итн.

И за крај, верувале или не, жените многу поретко ги удира гром. Во периодот од 1995 до 2008г., дури 82% од луѓето кои биле удрени од гром во САД биле мажи.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 2 часа

Ковид-19: 8 нови случаи од Кичево, додека останатите 80 од други градови

Во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 30 -Куманово...

ХороскопПред 18 часа

Хороскоп за денес (13.07) понеделник

ОВЕН Може да се потпрете на соработниците. Денешниот ден е поволен за работа, доаѓаат некои нови решенија. Може да очекувате...

МакедонијаПред 23 часа

Денес 136 нови случаи на Ковид-19, кичевчани 4 меѓу нив..

Во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 46 -Куманово...

СкопјеПред 1 ден

Акциска на СВР Скопје за диви тркачи со мотори, има и приведени

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

МакедонијаПред 1 ден

Времена забрана во двата правци према Охрид утре, поради пробивање на автопатот Кичево-Охрид

Од 12 до 15 часот утре ќе има забрана за сообраќај за сите видови возила на автопатот Кичево-Охрид кај делницата...

МакедонијаПред 2 дена

Денес е големиот празник „Петровден“, додека утре е „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!

Утре е Петровден, а во понеделник Павловден, со кој се поврзани многу обичаи. Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи...

ХороскопПред 2 дена

Хороскоп за денес (12.07) недела

ОВЕН Можно е да ве преплавуваат негативни мисли, ќе бидете особено нетрпеливи овие два дена. Вашата ароганција може да ве...

МакедонијаПред 2 дена

Нови 199 случаи и денес, 3 од Кичево, да ги почитуваме мерките!

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 90 -Куманово...

БалканПред 2 дена

„Старт-ап“ натпревар за млади од 13-23-ти јули. Можност за сите креативни кичевчани да се пријават и да земат свое учество заедно со своите врсници од три земји.

National Tourism Cluster “Bulgarian Guide”- (Lead Partner) организира Старт-ап натпревар за млади лица од Балканскиот регион преку виртуелна платформа, истиот...

ХороскопПред 3 дена

Денешен Хороскоп (11.07) сабота

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност можа да...

НАЈЧИТАНИ